Вечерва над Македонија небото кристално чисто

Оваа вечер на некој од медиумите се шпекуира дека на планинските места во Македонија паѓа снег.

Во текот на овие вечерни часови над целата територија на Македонија небото е кристално чисто, тоа можете да го погледнете на следниот метеоролошки радар:

0609

Што значи врнежи не се забележуваат никаде низ Македонија.

Инаку некој битни врнежи од снег засега нема во Македонија, ова се работи и за пониските  и за повисоките предели од нашата земја.

Исклучок ќе биде ноќта четврток кон петок кога постои можност за сосема слабо провејување на снег но само на оние планини кои се наоѓаат на надморска височина од над 2000 метри.

Во пониските предели ќе има локални врнежи од дожд во текот на истата ноќ.  Сето ова ќе биде поради еден влажен воздушен бран кој од северозапад ќе помине над Македонија.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

38 Прегледи

МНОГУ СТУДЕНО ОВАА ВЕЧЕР ВО МАКЕДОНИЈА: Погледнете ги температурите по градови

Во овие вечерни часови низ целата територија на Македонија е МНОГУ СТУДЕНО.

Студот многу повеќе го чувствуваме поради ветрот кој го имаме од северен правец и температурите изгледаат како многу пониски од реално измерените.

Во продолжение погледнете ги температурите по градови низ Македонија:

macedonia_map

Берово -1°C, Крива Паланка 0°C, Прилеп 2°C, Кичево 2°C, Гостивар 2°C, Тетово 2°C, Битола 3°C, Кочани 3°C, Струга 3°C, Охрид 4°C, Куманово 4°C, Велес 5°C Струмица 6°C и најтопло оваа вечер е во Гевгелија каде е измерена температура од 8°C.

Во текот на оваа ноќ минималните температури ќе бидат уште пониски од сегашните и ќе се движат во интевал од -5 до 3 степени што значи дека оваа вечер на повеќе места температурите ќе бидат негативни.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

23 Прегледи

БЕЗ ПАНИКА: Нема повеќе силни земјотреси – Италјанскиот земјотрес нема да се пренесе во Македонија!

Оваа серија земјотреси што ~ се случува на Италија, во науката се вика земјотресни роеви, и сметам дека овој земјотрес ќе биде и последен во овој рок. Нема да има повеќе земјотреси и секако тие нема да се префрлат на македонска територија, тоа е невозможно, вели Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство.

0cf5c1dbe017fd4d9032b5eed8926246

Тој додава дека за Италијанците е вистинска среќа што земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтер и на речиси 6 километри во длабочина на земјата, удрил во планинските села каде што нема многу население и дека би имало илјадници жртви ако погодел некој поголем град.

– Земјотрес со јачина од 6,6 степени секако дека предизвикува голема материјална штета. За силата на земјотресот првично јавија дека е 7,1 степени, но подоцна беше поправено на 6,6, што е најсилен од земјотресот на 24 август во кој загинаа речиси 300 лица и кој срамни со земја неколку мали града. Иако с` уште нема информации за жртви, штетата од земјотресот секако е голема. Тоа се мали места со стари градби кои претежно служат за туризам, а населението во поголемиот дел е иселено и е во околните градови. Во близина на селцето Норци, каде што бил епицентарот на земјотресот, бев пред дваесетина дена, на покана на Италијанците, а ова селце го одбраа оти било посигурно место по земјотресот во август. Пред дваесетина дена дури се фалеа како се добро зајакнати и старите градби, немале никакви оштетувања. Но, овој земјотрес урна повеќе згради и куќи. Не слушнав дека имало жртви. Дури во околината на ова селце и земјата е распукана од силината на земјотресите што се јавувале во последните педесетина години. Kако и да е, сметам дека е доста од земјотреси, многу енергија се испразни и веќе нема да ги има барем во следните 4-5 години. Секако во следните шест месеци ќе има афтершокови и потоа сeќе се смири, вели за Дневникдиректорот на ИЗИС Михаил Гаревски, кој најавува дека повторно ќе оди во Италија на увид.

 

38 Прегледи

ДИРЕКТОРОТ НА СЕИЗМОЛОШКИОТ ИНСТИТУТ ПРЕДУПРЕДУВА: По Италија можен ли е силен земјотрес и во Македонија?!

Оваа серија земјотреси што ~ се случува на Италија, во науката се вика земјотресни роеви, и сметам дека овој земјотрес ќе биде и последен во овој рок. Нема да има повеќе земјотреси и секако тие нема да се префрлат на македонска територија, тоа е невозможно, вели Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство.

garevski-naslovna-640x466

Тој додава дека за Италијанците е вистинска среќа што земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтер и на речиси 6 километри во длабочина на земјата, удрил во планинските села каде што нема многу население и дека би имало илјадници жртви ако погодел некој поголем град.

– Земјотрес со јачина од 6,6 степени секако дека предизвикува голема материјална штета. За силата на земјотресот првично јавија дека е 7,1 степени, но подоцна беше поправено на 6,6, што е најсилен од земјотресот на 24 август во кој загинаа речиси 300 лица и кој срамни со земја неколку мали града. Иако с` уште нема информации за жртви, штетата од земјотресот секако е голема. Тоа се мали места со стари градби кои претежно служат за туризам, а населението во поголемиот дел е иселено и е во околните градови. Во близина на селцето Норци, каде што бил епицентарот на земјотресот, бев пред дваесетина дена, на покана на Италијанците, а ова селце го одбраа оти било посигурно место по земјотресот во август. Пред дваесетина дена дури се фалеа како се добро зајакнати и старите градби, немале никакви оштетувања. Но, овој земјотрес урна повеќе згради и куќи. Не слушнав дека имало жртви. Дури во околината на ова селце и земјата е распукана од силината на земјотресите што се јавувале во последните педесетина години. Kако и да е, сметам дека е доста од земјотреси, многу енергија се испразни и веќе нема да ги има барем во следните 4-5 години. Секако во следните шест месеци ќе има афтершокови и потоа сeќе се смири, вели за Дневник директорот на ИЗИС Михаил Гаревски, кој најавува дека повторно ќе оди во Италија на увид.

 

34 Прегледи

Се тресе цел Балкан: Погледнете каде точно има земјотреси

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала во понеделникот ја потресе Босна и Херцеговина. Земјотресот бил почувствуван и во Хрватска.
zemjotres-520x308

Според првичните информации епицентарот на земјотресот бил на околу 60 километри од Сараево, поточно на подрачјето источно од Мостар, на длабочина од 12 километри.

Земјотресот бил почувствува и во јужниот дел на Хрватска.

 

22 Прегледи

ЗИМСКИТЕ ЈАКНИ СО ВАС: Претстојната ноќ многу студена (ЗИМСКА)

Во текот на претстојната ноќ поради ведрото време но и поради присуството на многу студен воздух од североисток времето ќе биде ведро и многу студено со многу ниски температури.

Во текот на претстојната ноќ како и утре наутро минималните температури ќе се движат во интервал од -5 до 3 степени.

21-778gr

Утре (01.11.2016) времето во Македонија ќе биде сончево и релативно студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 15 степени.

Временската прогноза ја подготви  СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

37 Прегледи

ФОТО НА ДЕНОТ: Прекрасно Охридско есенско утро

14670663_10209837211714429_17446953417475625_n-1

ФОТО: Владо Жура!

 

26 Прегледи

АМСМ: Внимателно возење и прилагодена брзина

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

РАБОТИ НА ПАТ:

На магистралниот пат А2, делница Младо Нагоричане – Страцин почнувајќи од 13.10.2016 год. ќе се вршат геодетски мерења од страна на фирмата ПРО- ГЕО. Мерењата ќе се вршат секој работен ден (понеделник-петок) од 08:00 – 16:00 часот во период од 13.10.2016 до 30.12.2016. На местата каде ќе се одвиваат работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од 19.10.2016 год. од 13:00ч. врз основа на одобрение 0302-737/Х од Страбаг АГ Подружница Страбаг, а во врска со одобрен проект за рехабилитација на државен пат А1 Куманово – Миладиновци извршена е измена на режим на сообраќај од 15+500 до 20+500 км, после наплатна станица Романовце сообраќајот се одвива по десна (спора), а лентата за возење и престигнување е затворена за сообраќај каде е поставена сообраќајна сигнализација за времена измена.

Ве известуваме дека од 09.08.2016 година на магистрален пат А1, делница Велес- Катланово за време на санација, поставување на сигнализација и обележување на тунел , извршена е времена измена на режимот на сообраќај каде непосредно пред тунелот за сообраќај е затворена левата (брзата) лента.Сообраќајот се одвива по десната (спората) лента за сообраќај, а во самиот тунел сообраќајот се одвива по левата лента.

Од градежната фирма А.Д. Илинден- Струга известуваат дека на Државниот Пат А3 делница Ресен- Буково, се извршуваат градежни работи, рехабилитиација на патниот правец, кои предвидено е да траат до Ноември 2016 година. Поради тоа на наведената делница се применува изменет режим на сообраќај кој на одредени делови се одвива по една коловозна лента за што се поставени семафори кои предвидуваат застој во сообраќајот од 3 до 5 минути.

Од 20.06.2016 година е воспоставена времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с.Кадрифаково – клучка кај с.Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.

Од градежната фирма КЕДИНГ известуваат дека на патниот правец Гостивар – Кичевона 2 км пред планинскиот премин Стража , поради изведување градежни работи (санација на мост) сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Поставена е соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.

На патниот правец А3 Битола – Макази, после клучката за с. Ротино во правец на Макази, се изведуваат градежни работи на едната коловозна лента. Сообраќајот се одвива по другите две коловозни ленти. Препорачуваме внимателно возење на оваа делница.

Според сообраќајниот проект тех.бр.155/2015 за времена измена на сообраќајот на патен правец Скопје – Миладиновци – Куманово сообраќајот се одвива (десно после наплатна станица Миладиновци) преку автопатот Куманово – Велес се до клучката кај аеродромот Александар Велики до приклучокот на автопат Велес – Куманово.

Oд 15.01.2016 година, на патниот правец Кадрифаково – Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 08:00 – 16:00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО врши геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено, се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од Клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.

Г.Д.Гранит А.Д. Скопје, ОЕ – Нискоградба Исток од 11.12.2015 започна со реконструкција и надградба на автопат, делница Смоквица – Гевгелија, како дел од Коридорот 10. Ве известуваме дека сообраќајот се одвива под времен режим.

Друштвото АСФАЛТ ДОО Скопје известува дека поради продолжување на градежните работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Романовце, на државниот пат А1, делница Куманово – наплатна станица Романовце и обратно, сообраќајот се одвива согласно добиено одобрение за времена измена на режимот на сообраќајот, издадено од Министерството за транспорт и врски на Р. Македонија на25.05.2016. Предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 6 (шест) месеци сметано од денот на издавање на одобрението.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204. Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на собраќај бр.1005 од 28.мај.2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија .

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
– и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

transmklogo_1428057325_58

39 Прегледи

Новата работна недела ќе ја започнеме со многу сонце но и со ветер и постудено време

Денес (31.10.2016) територијата на Македонија ќе биде под влијание на стабилна, сува  и студена воздушна маса која се спушта од североисток.

Поради тоа денес времето ќе биде сончево, студено и ветровито со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува умерен, долж повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од северен правец.

gfsopit18_18_5

Температурата ќе се движи во интервал од 6 до 13 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

36 Прегледи

СТУДЕН БРАН: Утрешната ноќ ЗИМСКА во Македонија

Во текот на утрешниот ден (понеделник) поради спуштање на студен бран од североисток ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од северен правец.

И покрај овој студен бран и понатаму ќе продолжи стабилното и суво време без врнежи.

Во текот на утрешната ноќ и во вторник наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО со ЗИМСКИ температури ко иќе се движат во интервал од -4 до 3 степени. Значи на повеќе места температурите ќе паднат под нула степени.

Во петок во текот на денот температурата ќе се движи во интервал од 7 до 15 степени.

Напомена: Доколку излегувате во текот на утрешната ноќ и во вторник наутро задолжително со вас да си ја понесете топлата облека.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Во продолжение погледнете ги минималните температури кои се очекуваат низ Македонија во вторник наутро:

39-778gr

37 Прегледи