Во Италија: Регистрирани повеќе од 1100 земјотреси

Над 1.100 вторични потреси биле регистрирани во централна Италија по силниот земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала, најсилниот потрес во земјата од 1980 година, јави ДПА.

– Ова е вистински пекол, потресите не престануваат, изјави Марко Риналди, градоначалник на градот Усита, кој е срамнет со земја од земјотресот во неделата.

zemjotres-italija-perudja-foto-reuters-avg-01

Големи штети има во регионот на Кастеланџело сул Нера. – Се е разурнато тука, а она што не е разурнато е нестабилно, изјави градоначалникот на ова населено место, Мауро Фалкучи.

Италијанскиот премиер Матео Ренци го посети регионот вчера и вети дека Владата ќе стори се што е во нејзина моќ за да ги обнови населените места.

– Немаме волшебно стапче, но некако ќе го постигнеме тоа, дури и доколку тоа ни одземе многу време, додаде тој.

Ренци вети и брзо отпуштање помош за десетици илјади лица, кои останале без покрив над главата. Во моментот 22 илјади лица живеат во  времени засолништа, но се смета дека бројот на луѓето без покрив над главата е многу поголем.

28 Прегледи

Анимација на глобалната температура – период 1980 – 2015

На следната анимација можете да видете како во периодот од 1980 па се до 2015 година глобалната температура постојано се зголемува:

http://earthobservatory.nasa.gov/blogs/earthmatters/files/2016/10/tempanoms_gis_september2016.gif

 

 

34 Прегледи

Влажен бран: Утре доцна попладне и навечер локални врнежи од дожд

Утре (03.11.2016) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец.

Во доцните попладневни и вечерни часови како и во текот на ноќта кон петок ќе има локални врнежи од дожд особено во западните  и во северните предели.

27-574it

Врнежите нема да бидат со голем интензитет.

Во текот на утрешната ноќ поради продор на малце постуден воздух од север ќе дува умерен ветер од северен правец кој ќе предизвика пад на температурите.

На високите планински места (над 2000 метри) ќе има услови за слаби врнежи од снег.

Максималната температура утре (четврток) ќе биде висока и ќе се движи во интервал од 12 до 20 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

18 Прегледи

Чудо на природата – нашата планета Земја

Постојат места на нашата планета за кои не важат законите на природата, места каде поради зголемените климатските промени, температурата на воздухот е бескрајно висока или ниска.

Љубопитноста како човечка особина прави луѓето да почнуваат да се интересираат за сѐ и сешто, па така почнале и да се запишуваат и мерат екстремно забележаните ниски или високи температури, да се мерат бескрајно длабоките мориња и океани и да се мерат бескрајно високите планини.

Овие се дел од најекстремните места на нашата планета, прочитајте и информирајте се.

Најдлабоко место измерено во океан – Маријанскиот канал со длабочина од 10.971 метро е најдлабокото место кое се наоѓа во Западен Пацифик. Кога Монт Еверест би се ставил во овој канал, над неговиот врв би останале уште 2.076 метри вода.

 

Највисока температура забележана на Земјата – на 13 септември, во 1922 година е измерена досега највисоката температура на нашата Земја. Во Либија измерени се рекордни 57,8 степени Целзиусови под сенка.


Највисока точка на Земјата – иако со своите 8.848 метри Монт Еверест се смета дека е највисокото место на планетата, пресметано во однос на морското ниво, поради неправилниот облик на Земјината топка, постои една друга планина во Еквадор, Монт Кимборако, која со своите 6.096 метри надморска висина е пониска од Монт Еверест,  но на моменти е многу поблиску до космосот и вселената.

palneta-zemlja123


Највлажно место на Земјата – општината Лоро во регионот Коко во Колумбија го држи светскиот рекорд за највлажно место на планетата со годишни 13.300 милиметри врнежи на метар квадратен.
Најсуво место на Земјата – пустината Атакама во Чиле е најсувото место на нашата планета, бидејќи во најголем дел од неа нема апсолутно никаква вегетација, за разлика од некои области на Атакама кои се наоѓаат во други делови, каде се забележани билки и кактуси.


Најниска температура измерена на Земјата – Антарктикот е најекстремниот континент, каде се измерени рекордни -89,4 степени Целзиусови.


Најоддалечените места на Земјата – „Евроазискиот пол на недостапноста” е место кое се наоѓа во Кина и е оддалечено цели 2.500 километри од најблискиот океан. „Поинт Немо” е најоддалеченото место од копно, кое се наоѓа во Јужен Пацифик и е 2.500 километри оддалечено од најблиското копно. Ниту едно од овие две места не е населено со луѓе.

30 Прегледи

Град од кал и слама кој се наоѓа во Сахара

Се смета дека мароканскиот град Аит Бен Хадроу е основан во 757 година , а неговиот основач Бен Хадоу , сеуште лежи закопан во гроб зад својот псектакуларен град. Историски гледано, градот се сместил во многу важно место, пресекот на историската Сахарска трговска рута преку која древните трговци превезувале зачини, робови и злато до градот Тимбукту во Западна Сахара.

ait-ben

Многу изворни жители на овој град се преселиле преку реката во посовремени домови, но сепак останале уште неколку семејства кои пркосат на забот на времето и сеуште живеат во преку 1 000 години стари земјени куќи. Градот е сместен на падините на мало брдо во чие подножје тече река, која во поголемиот дел од годината може да се прегази поради нискиот водостој.

Сите куќи и градби во утврдениот град се изградени од цигли од кал, додека “фасадата” е направена од мшавина од кал и слама. Самиот град е ограден со дебели одбрамбени ѕидини кои ја штитат внатрешноста. На аглите на одбрамбениот ѕид се наоѓаат кули кои се идигнуваат високо над ѕидовите, давајќи драматичност на пејсажот.

Од 1987 година Аит Бен Хадоу е ставен на листата на УНЕСКО за светска културна оставина. Меѓутоа , освен историјата, постои уште еден интересен факт за овој древен град, а тоа е неговата цврста врска со Холивуд. Дејвид Лин го препознал овој град и го избрал како совршено место за снимање на својот филм “Лоренс од Арабија” од 1962 година.

22 Прегледи

АМСМ: Сообраќајот се одвива нормално без никакви забрани

НАИЗМЕНИЧЕН СООБРАЌАЈ: Според информација од ЈП Македонијапат, на магистралниот пат Р-1202 Маврово – Дебар на Мелнички мост, поради изведување работи на пат сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента (наизменично) почнувајќи од 02.11.2016 (среда) до 07.11.2016 (понеделник). На местото каде ќе се изведуваат работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На регионалниот патен правец Р2137 Војшанци – Бистренци – Корешница, делницата помеѓу Бистренци – Корешница, ќе биде затворена за сообраќај за сите видови на возила поради изведување на градежно – асфалтерски работи од 02.11.2016 (среда) до 05.11.2016 (сабота).

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

РАБОТИ НА ПАТ:

На магистралниот пат А2, делница Младо Нагоричане – Страцин почнувајќи од 13.10.2016 год. ќе се вршат геодетски мерења од страна на фирмата ПРО- ГЕО. Мерењата ќе се вршат секој работен ден (понеделник-петок) од 08:00 – 16:00 часот во период од 13.10.2016 до 30.12.2016. На местата каде ќе се одвиваат работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од 19.10.2016 год. од 13:00ч. врз основа на одобрение 0302-737/Х од Страбаг АГ Подружница Страбаг, а во врска со одобрен проект за рехабилитација на државен пат А1 Куманово – Миладиновци извршена е измена на режим на сообраќај од 15+500 до 20+500 км, после наплатна станица Романовце сообраќајот се одвива по десна (спора), а лентата за возење и престигнување е затворена за сообраќај каде е поставена сообраќајна сигнализација за времена измена.

Ве известуваме дека од 09.08.2016 година на магистрален пат А1, делница Велес- Катланово за време на санација, поставување на сигнализација и обележување на тунел , извршена е времена измена на режимот на сообраќај каде непосредно пред тунелот за сообраќај е затворена левата (брзата) лента.Сообраќајот се одвива по десната (спората) лента за сообраќај, а во самиот тунел сообраќајот се одвива по левата лента.

Од градежната фирма А.Д. Илинден- Струга известуваат дека на Државниот Пат А3 делница Ресен- Буково, се извршуваат градежни работи, рехабилитиација на патниот правец, кои предвидено е да траат до Ноември 2016 година. Поради тоа на наведената делница се применува изменет режим на сообраќај кој на одредени делови се одвива по една коловозна лента за што се поставени семафори кои предвидуваат застој во сообраќајот од 3 до 5 минути.

Од 20.06.2016 година е воспоставена времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с.Кадрифаково – клучка кај с.Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.

Од градежната фирма КЕДИНГ известуваат дека на патниот правец Гостивар – Кичево на 2 км пред планинскиот премин Стража , поради изведување градежни работи (санација на мост) сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Поставена е соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.

На патниот правец А3 Битола – Макази, после клучката за с. Ротино во правец на Макази, се изведуваат градежни работи на едната коловозна лента. Сообраќајот се одвива по другите две коловозни ленти. Препорачуваме внимателно возење на оваа делница.

Според сообраќајниот проект тех.бр.155/2015 за времена измена на сообраќајот на патен правец Скопје – Миладиновци – Куманово сообраќајот се одвива (десно после наплатна станица Миладиновци) преку автопатот Куманово – Велес се до клучката кај аеродромот Александар Велики до приклучокот на автопат Велес – Куманово.

Oд 15.01.2016 година, на патниот правец Кадрифаково – Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 08:00 – 16:00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО врши геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено, се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од Клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.

Г.Д.Гранит А.Д. Скопје, ОЕ – Нискоградба Исток од 11.12.2015 започна со реконструкција и надградба на автопат, делница Смоквица – Гевгелија, како дел од Коридорот 10. Ве известуваме дека сообраќајот се одвива под времен режим.

Друштвото АСФАЛТ ДОО Скопје известува дека поради продолжување на градежните работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Романовце, на државниот пат А1, делница Куманово – наплатна станица Романовце и обратно, сообраќајот се одвива согласно добиено одобрение за времена измена на режимот на сообраќајот, издадено од Министерството за транспорт и врски на Р. Македонија на 25.05.2016. Предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 6 (шест) месеци сметано од денот на издавање на одобрението.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204. Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на собраќај бр.1005 од 28.мај.2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија .

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
– и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

amsm

25 Прегледи

Денес (среда) почеток на јужно воздушно струење

Денес (02.11.2016) поради продор на малку потопла воздушна маса од југ и јужно воздушно струење времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со умерена локална облачност особено во попладневните часови.

gfsopeu00_12_1

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

17 Прегледи

Денешното уто повторно на повеќе места со негативни температури

Денешното утро повторно на повеќе места донесе негативни температури.

studd

Евеј ги денешните минимални вредности:

Берово -7°C, Крива Паланка -4°C, Лазарополе -4°C, Скопје Петровец -3°C, Тетово -2°C, Прилеп -2°C, Струмица -2°C, Демир Капија -2°C, Струга -1°C, Охрид -1°C, Штип -1°C, Виница 0°C, Скопје Зајчеврид 0°C, Гевгелија 0°C, Пожаране 0°C, Претор 0°C, Ѓуриште 1°C и најтопло беше во Тополчани каде се измерени 2°C.

19 Прегледи