СНЕЖНА ИДИЛА: Рига – Латвија (04.11.2016)

14572427_1897311227158636_3779375131560161119_n

14938256_1897311253825300_3204907848717412110_n

14947722_1897311223825303_7439263919957538043_n

14956430_1897311230491969_442674397895743120_n

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

32 Прегледи

Снег на Попова Шапка (04.11.2016)

Во текот на изминатата ноќ како што и најавивме територијата на Македонија беше зафатена од влажен и постуден воздушен бран од северозапад. Поради тоа на повеќе места се забележаа врнежи од дожд.

Поради падот на температурите во  текот на изминатата ноќ и утринава на високите планински места имаше врнежи од снег.

Уживајте во галеријата која доаѓа од Попова Шапка:

14884699_1314975318547716_8332287593312286737_o

14902921_1314975238547724_7773781141875069884_o

14940114_1314974928547755_9044755798348441929_o

14976706_1314975121881069_338084102996406751_o

14976867_1314975005214414_1370675463061229304_o

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

40 Прегледи

ОД ПОНЕДЕЛНИК: Силно јужно воздушно струење, топол воздух, многу дожд и грмежи

Почнувајќи од понеделник па се до средината на следната недела територијата на Македонија ќе биде под влијание на силно јужно воздушно струење кои ќе предисвика прилив на многу топол и влажен воздух од југ.

Поради тоа во понеделник времето ќе биде променливо облачно и топло со повремени локални врнежи од дожд особено во западните предели каде ќе има услови и за ретки грмежи.

Во вторник и во среда врнежи од дожд ќе има над целата територија на Македонија. На некои места врнежите ќе бидат ОБИЛНИ и се очекува да наврне голема количина на воден талог (над 60 л/м2).

prec01_090

Локално ќе се развива конвективна облачност која ќе биде проследена со поројни врнежи од дожд и грмежи.

Поради нееднаквоста на воздушниот притисок во Македонија ќе биде многу ветровито, односно ќе дува умерен до засилен на некои места повремено СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец кој ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Температурите поради силното воздушно струење ќе бидат многу високи, невообичени за овој период од годината и ќе се движат во интервал од 15 до 23 степени. ЗАЛАДУВАЊЕ на времето ќе има од среда во вечерните часови и во текот на ноќта кон четврток. Што точно ќе донесе ова заладување останува да го следиме понатамошниот развој на времето. Детали околу заладувањето НАСКОРО!

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

16 Прегледи

ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Претежно сув и топол викенд

За време на претстојниот викенд територијата на Македонија ќе биде под влијание на висок воздушен притисок и на претежно стабилна  и сува воздушна маса.

gfsopit06_33_1

Поради тоа времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди како и претежно суво. Во утринските часови по некои котлини ќе има магла  и ниска облачност.

Утре (сабота) ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец кој во недела постепено ќе се засилува и на некои места ќе биде засилен по интензитет.

Максималните температури ќе бидат во порат поради јужното воздушно струење и утре (сабота) ќе се движат во интервал од 10 до 19 степени додека во недела ќе биде уште потопло со максимални температури кои ќе се движат во интервал од 12 до 20 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

18 Прегледи

Утрово: Почувствуван земјотрес во Македонија

Балканот не престанува да се тресе. Земјотрес со магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Албанија, а беше почувствуван во северозападна Македонија, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот се случил во 06 часот и 08 минути. Во Македонија е почувствуван во северозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

zemjotres-520x308

18 Прегледи

АМСМ: Коловозите влажни – внимателно управување со возилата

НАИЗМЕНИЧЕН СООБРАЌАЈ: Според информација од ЈП Македонијапат, на магистралниот пат Р-1202 Маврово – Дебар на Мелнички мост, поради изведување работи на пат сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента (наизменично) почнувајќи од 02.11.2016 (среда) до 07.11.2016 (понеделник). На местото каде ќе се изведуваат работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На регионалниот патен правец Р2137 Војшанци – Бистренци – Корешница, делницата помеѓу Бистренци – Корешница, ќе биде затворена за сообраќај за сите видови на возила поради изведување на градежно – асфалтерски работи од 02.11.2016 (среда) до 05.11.2016 (сабота).

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

РАБОТИ НА ПАТ:

На магистралниот пат А2, делница Младо Нагоричане – Страцин почнувајќи од 13.10.2016 год. ќе се вршат геодетски мерења од страна на фирмата ПРО- ГЕО. Мерењата ќе се вршат секој работен ден (понеделник-петок) од 08:00 – 16:00 часот во период од 13.10.2016 до 30.12.2016. На местата каде ќе се одвиваат работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од 19.10.2016 год. од 13:00ч. врз основа на одобрение 0302-737/Х од Страбаг АГ Подружница Страбаг, а во врска со одобрен проект за рехабилитација на државен пат А1 Куманово – Миладиновци извршена е измена на режим на сообраќај од 15+500 до 20+500 км, после наплатна станица Романовце сообраќајот се одвива по десна (спора), а лентата за возење и престигнување е затворена за сообраќај каде е поставена сообраќајна сигнализација за времена измена.

Ве известуваме дека од 09.08.2016 година на магистрален пат А1, делница Велес- Катланово за време на санација, поставување на сигнализација и обележување на тунел , извршена е времена измена на режимот на сообраќај каде непосредно пред тунелот за сообраќај е затворена левата (брзата) лента.Сообраќајот се одвива по десната (спората) лента за сообраќај, а во самиот тунел сообраќајот се одвива по левата лента.

Од градежната фирма А.Д. Илинден- Струга известуваат дека на Државниот Пат А3 делница Ресен- Буково, се извршуваат градежни работи, рехабилитиација на патниот правец, кои предвидено е да траат до Ноември 2016 година. Поради тоа на наведената делница се применува изменет режим на сообраќај кој на одредени делови се одвива по една коловозна лента за што се поставени семафори кои предвидуваат застој во сообраќајот од 3 до 5 минути.

Од 20.06.2016 година е воспоставена времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с.Кадрифаково – клучка кај с.Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.

Од градежната фирма КЕДИНГ известуваат дека на патниот правец Гостивар – Кичевона 2 км пред планинскиот премин Стража , поради изведување градежни работи (санација на мост) сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Поставена е соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.

На патниот правец А3 Битола – Макази, после клучката за с. Ротино во правец на Макази, се изведуваат градежни работи на едната коловозна лента. Сообраќајот се одвива по другите две коловозни ленти. Препорачуваме внимателно возење на оваа делница.

Според сообраќајниот проект тех.бр.155/2015 за времена измена на сообраќајот на патен правец Скопје – Миладиновци – Куманово сообраќајот се одвива (десно после наплатна станица Миладиновци) преку автопатот Куманово – Велес се до клучката кај аеродромот Александар Велики до приклучокот на автопат Велес – Куманово.

Oд 15.01.2016 година, на патниот правец Кадрифаково – Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 08:00 – 16:00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО врши геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено, се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од Клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.

Г.Д.Гранит А.Д. Скопје, ОЕ – Нискоградба Исток од 11.12.2015 започна со реконструкција и надградба на автопат, делница Смоквица – Гевгелија, како дел од Коридорот 10. Ве известуваме дека сообраќајот се одвива под времен режим.

Друштвото АСФАЛТ ДОО Скопје известува дека поради продолжување на градежните работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Романовце, на државниот пат А1, делница Куманово – наплатна станица Романовце и обратно, сообраќајот се одвива согласно добиено одобрение за времена измена на режимот на сообраќајот, издадено од Министерството за транспорт и врски на Р. Македонија на25.05.2016. Предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 6 (шест) месеци сметано од денот на издавање на одобрението.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204. Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на собраќај бр.1005 од 28.мај.2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија .

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
– и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

vlazni

12 Прегледи

Денес (петок) сеуште услови за локални послаби врнежи

Денес (05.11.2016) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и малку посвежо од вчера со сончеви периоди. Се очекуваат и повремени локални врнежи од дожд, врнежите ќе бидат со послаб интензитет и повеќе застапени во западните предели.

Во текот на вечерните часови врнежите насекаде ќе престанат.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

t2m_013

Температурата ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

13 Прегледи