ЕКСКЛУЗИВНА ФОТОГРАФИЈА – Москва моментално, ОБИЛНИ врнежи од снег

Во моментов во Москва владее прекрасна снежна идила, ПОГЛЕДНЕТЕ:

14963257_1218178161585686_7345960322561194428_n

 

2 Прегледи

Изразен влажен воздушен бран: Погледнете го очекуваното количество на врнежи во вторник и среда низ Македонија

Во вторник и во среда под влијание на многу влажна но и на нестабилна воздушна маса од Медитеранот над целата територија на Македонија времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. На повеќе места врнежите ќе бидат ОБИЛНИ и се очекува да наврнат околу 50 л/м2 воден талог, локално количеството на врнежи се очекува да помине  и 70 л/м2.

Локално ќе се развива конвективна облачност од која ќе има појава на поројни врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите можно е да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ.

Во среда доцна попладне  и навечер поради продор на постуден воздух од север ќе започне да дува северен ветер кој ќе предизвика значителен пад на температурите со што на планините над 1500 метри врнежите од дожд ќе преминат во снег.

Според моменталните анализи во четврток наутро врнежите накратко ќе се расчистат  и престанат на повеќе места. Веќе во четврток во текот на денот територијата на Македонија ќе биде зафатена од нов влажен бран кој ќе донесе нови врнежи од дожд на пониските места и врнежи од снег на планините.

Во текот на ноќта четврток кон петок и во петок во утринските часови снежната граница можно е да се спуши на помала надморска височина (околу 1000 метри). Нова и обновена прогноза околу новиот влажен бран кој се очекува да стигне во четврток во текот на денот и попладнето НАСКОРО.

На следните метеоролошки карти можете да ја погледнете очекуваната количина на наврнат воден талог за вторник и среда:

gfs_apcpn_eu_15

pcp24hz1_web_3

pcp24hz1_web_4

rr0-72h_eu

Во втоник и во среда ќе дува засилен, на некои места СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец кој на некои места можно е да има удари од над 80 км/час.

Во среда доцна попладне  и навечер поради веќе споменатиот продор на постуден воздух ветерот ќе го промени правецот во северен.

u10mmaxgust_eu

 

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

1 Прегледи

Утре (понеделник) ни носи невообичаено топло но и променливо време

Утре (07.11.2016) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и невообичаено топло за овој период од годината со сончеви периоди. Ќе има и повремени врнежи од дожд особено во западните и северните предели и тоа повеќе во вечерните часови како и во текот на ноќта кон вторник. Ќе има услови и за појава на грмежи.

Ќе дува умерен до засилен, на некои места повремено силен ветер претежно од југозападен правец кој ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

ecmopeu00_24_1

Температурата ќе се движи во интервал од 18 до 24 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

0 Прегледи

АМСМ препорачува внимателно возење и управување со возилата

НАИЗМЕНИЧЕН СООБРАЌАЈ: Според информација од ЈП Македонијапат, на магистралниот пат Р-1202 Маврово – Дебар на Мелнички мост, поради изведување работи на пат сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента (наизменично) почнувајќи од 02.11.2016 (среда) до 07.11.2016 (понеделник). На местото каде ќе се изведуваат работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

11984-23

РАБОТИ НА ПАТ:

На магистралниот пат А2, делница Младо Нагоричане – Страцин почнувајќи од 13.10.2016 год. ќе се вршат геодетски мерења од страна на фирмата ПРО- ГЕО. Мерењата ќе се вршат секој работен ден (понеделник-петок) од 08:00 – 16:00 часот во период од 13.10.2016 до 30.12.2016. На местата каде ќе се одвиваат работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од 19.10.2016 год. од 13:00ч. врз основа на одобрение 0302-737/Х од Страбаг АГ Подружница Страбаг, а во врска со одобрен проект за рехабилитација на државен пат А1 Куманово – Миладиновци извршена е измена на режим на сообраќај од 15+500 до 20+500 км, после наплатна станица Романовце сообраќајот се одвива по десна (спора), а лентата за возење и престигнување е затворена за сообраќај каде е поставена сообраќајна сигнализација за времена измена.

Ве известуваме дека од 09.08.2016 година на магистрален пат А1, делница Велес- Катланово за време на санација, поставување на сигнализација и обележување на тунел , извршена е времена измена на режимот на сообраќај каде непосредно пред тунелот за сообраќај е затворена левата (брзата) лента.Сообраќајот се одвива по десната (спората) лента за сообраќај, а во самиот тунел сообраќајот се одвива по левата лента.

Од градежната фирма А.Д. Илинден- Струга известуваат дека на Државниот Пат А3 делница Ресен- Буково, се извршуваат градежни работи, рехабилитиација на патниот правец, кои предвидено е да траат до Ноември 2016 година. Поради тоа на наведената делница се применува изменет режим на сообраќај кој на одредени делови се одвива по една коловозна лента за што се поставени семафори кои предвидуваат застој во сообраќајот од 3 до 5 минути.

Од 20.06.2016 година е воспоставена времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с.Кадрифаково – клучка кај с.Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.

Од градежната фирма КЕДИНГ известуваат дека на патниот правец Гостивар – Кичевона 2 км пред планинскиот премин Стража , поради изведување градежни работи (санација на мост) сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Поставена е соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.

На патниот правец А3 Битола – Макази, после клучката за с. Ротино во правец на Макази, се изведуваат градежни работи на едната коловозна лента. Сообраќајот се одвива по другите две коловозни ленти. Препорачуваме внимателно возење на оваа делница.

Според сообраќајниот проект тех.бр.155/2015 за времена измена на сообраќајот на патен правец Скопје – Миладиновци – Куманово сообраќајот се одвива (десно после наплатна станица Миладиновци) преку автопатот Куманово – Велес се до клучката кај аеродромот Александар Велики до приклучокот на автопат Велес – Куманово.

Oд 15.01.2016 година, на патниот правец Кадрифаково – Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 08:00 – 16:00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО врши геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено, се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од Клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.

Г.Д.Гранит А.Д. Скопје, ОЕ – Нискоградба Исток од 11.12.2015 започна со реконструкција и надградба на автопат, делница Смоквица – Гевгелија, како дел од Коридорот 10. Ве известуваме дека сообраќајот се одвива под времен режим.

Друштвото АСФАЛТ ДОО Скопје известува дека поради продолжување на градежните работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Романовце, на државниот пат А1, делница Куманово – наплатна станица Романовце и обратно, сообраќајот се одвива согласно добиено одобрение за времена измена на режимот на сообраќајот, издадено од Министерството за транспорт и врски на Р. Македонија на25.05.2016. Предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 6 (шест) месеци сметано од денот на издавање на одобрението.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204. Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на собраќај бр.1005 од 28.мај.2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија .

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
– и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

 

0 Прегледи

Денес – топол неделен ден

Денес (06.11.2016) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе има услови и за слаб локален дожд.

Во текот на денот ќе започне да дува умерен, на некои места засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

gfsopit00_12_1

Температурата ќе се движи во интервал од 13 до 21 степен.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

1 Прегледи

Во северна Италија: Вистинска зима и ОБИЛНИ снежни врнежи

Делови од северна Италија се зафатени од вистинска зима и од ОБИЛНИ врнежи од снег.

Снежната граница во овие предели се спушти на 1000 метри.

Во продолжени погледнете ја галеријата:

14639826_1897624823793943_8971586154895240677_n-1

14925278_1897624860460606_6342013640549984166_n

14938397_1897624893793936_4150569043827335732_n

14962808_1897624863793939_8624825957803073925_n

14963324_1897624830460609_1487144883769352984_n

14980718_1897624897127269_7019671574293714320_n

14980728_1897624857127273_4222117830693329132_n

 

 

 

0 Прегледи

ФОТО: Приближување на СИЛНА БУРА над Сен Рафаел – Франција (05.11.2016)

Приближување на силна бура над Сен Рафаел (05.11.2016)

14947733_1897842530438839_6086936206302614556_n

14906952_1897842533772172_2125246588156742129_n

14947733_1897842530438839_6086936206302614556_n

0 Прегледи