Во моментов идила и врнежи од снег во Маврово

Студениот бран кој полека се спушта од север вечерва врнежи од снег донесе  и во Маврово, во моментов и понатаму врне снег.

Погледнете ја моменталната состојба:

192-168-213-125_01_20161112212134771_timing

 

39 Прегледи

Во овој момент ИНТЕНЗИВНИ врнежи од снег на Попова Шапка каде владее вистинска снежна идила

На Попова Шапка владее вистинска снежна идила, во овој момент има интензивни снежни врнежи:

15032728_752079371597012_71576209750989957_n

27 Прегледи

Утрешниот ден (недела) ни носи ПОСТУДЕНО време

Во текот на претстојната ноќ како и утре изутрина сеуште ќе има локални послаби врнежи од дожд на пониските места, додека на планините ќе има слаби врнежи од снег.

Ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од југозападен правец.

Утре (13.11.2016) во текот на денот облачноста ќе се намалува и врнежите насекаде ќе престанат.

Ќе дува умерен ветер од северозападен правец особено долж повардарието и во источните предели. Повремено ветерот ќе се засилува по интензитет.

gfsopit06_30_5

Максималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 12 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

 

29 Прегледи

Хрватска под снег (12.11.2016) – ГАЛЕРИЈА

Хрватска денес осамна под снежна идила, сето ова е поради влијанието на студениот воздух кој се спушти од север во оваа земја.

Погледнете ја галеријата:

14938243_1022041271251934_4337799084668374043_n

14947396_1136576753097244_3356199833880423791_n

14991265_1022040681251993_8317438054424452773_o

15037136_1022000791255982_8301638916510944108_n

15042188_1022035234585871_8351180707798878662_o

zav

36 Прегледи

Денес – врнежливо и постудено, на планините снег

Денес (сабота) територијата на Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност и на влажна воздушна маса од Медитеранот.

Поради тоа денес времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои најпрвин ќе ги зафатат западните а потоа во текот на денот ќе се прошират и во останатите предели од Македонија. На планините ќе има врнежи од снег каде се очекува формирање на снежна покривка.

На некои места особено во западните и во источните предели врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог.

gfsopit00_30_49

Можна е и локална појава на грмежи.

Ќе дува умерен до засилен, на некои места повремено СИЛЕН ветер од јужен правец кој ќе достигнува брзина до околу 70 км/час. Во текот на денот ветерот постепено ќе го менува правецот во западен и југозападен.

Температурата ќе се движи во интервал од 9 до 17 степени, постудено со пониски температури ќе се задржи во западните предели.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

40 Прегледи

СНЕЖНА ИДИЛА оваа вечер во Горски Котар – Хрватска (Фото)

Студениот бран кој ја зафати Хрватска оваа вечер донесе снежни врнежи и идила во Горски Котар

14922234_1901262456763513_5568857643866640851_n

14955795_1901262463430179_4825767120434306802_n

15078910_1901262460096846_2315495440925037630_n

26 Прегледи