ГОЛЕМ СНЕГ: Погледнете како изгледаат Романските планини (ГАЛЕРИЈА)

15027455_1902292889993803_8130476384526924393_n

15032226_1902292896660469_8670925743957657295_n

15036529_1902292893327136_7913046517168042165_n-1

 

7 Прегледи

(ГАЛЕРИЈА) Последици од разорниот земјотрес со јачина од 7.8 степени според рихтер кој го погоди Нов Зеланд

Фотографиите кој ќе ги погледнете се навистина страшни и жалосни:

14980783_1902298726659886_7286298044147891806_n

14991853_1902298729993219_3749127311426923311_n

15073363_1902298753326550_2950294659109856851_n

15073491_1902298723326553_6412692608101366751_n

19 Прегледи

Мистеријата на еден од најопасните вулкани: Научниците изненадени – (ВИДЕО)

Активниот вулкан Света Eлена во американската држава Вашингтон во 1980 година бил одговорен за најголемата ерупција во историјата на САД.

Ерупцијата била толку силна, што го разнела целиот северен дел од планината, со што бил предизвикан најголемиот одрон на земјата забележан било кога. Столбот од чад и пепел се кренал дури 24 километри во воздухот, а лавата од вулканот го стопила целиот снег и мраз на падините од планината и предизвикала калливи одрони.

Во последиците од ерупцијата загинале дури 57 луѓе, биле уништени 25 куќи, 47 мостови и речиси 300 километри пат, а вкупната штета изнесувала околу милијарда долари.

Света Eлена не е позната само по големата ерупција, туку и по уникатната внатрешност за која научниците овие денови потврдиле дека е збунувачки ладна за активен вулкан, пишува Дејвид Гросман.

Со помош на 23 помали контролирани експлозии, тимот научници предводени од Стив Хансен од Универзитетот во Ново Мексико, успеал да собере доволно податоци за да состави сеизмички приказ со висока резолуција од внатрешноста на планината, а кој покажува длабоки кристални структури. Она што сликите не успеале да го пронајдат е изворот на топлина, туку пронашле мека карпа типична за т.н. „калливи вулкани“, а не магматски.

„Вакво нешто не сме виделе досега под активна вулканска низа“, рекол Хансен за „Science News”.

Хансен своето истражување го објавил во магазинот „Nature Communications”, а неговиот труд всушност поставува повеќе прашања отколку што дава одговори. За почеток, од каде доаѓа топлината од вулканот Света Eлена?

Хансен смета дека изворот би можел да биде соседниот вулкан Маунт Адамас кој последен пат еруптирал во 950 година.

„Магмата во Света Хелена веројатно доаѓа од областа под Маунт Адамс“, рекол Хансен.

 

Повторно останува нејасно како се случува тоа т.е. на кој начин еден вулкан „му ја краде“ магмата на другиот.

19 Прегледи

ОБЛЕКУВАЈТЕ СЕ УБАВО: Утрешното утро невообичано студено – студен и утрешниот ден (вторник)

Утре (15.11.2016) времето во Македонија во претпладневните часови ќе биде умерено до значително облачно, во текот на денот облачноста ќе започне да се намалува.

Ќе дува слабб до умерен ветер од северен правец.

Наутро ќе биде многу студено со минимални температури кои ќе се движат во интервал од -7 до 2 степени.

t2m_eu

Студено ќе остани и во текот на денот кога максималните температури ќе се движат во интервал од 1 до 9 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

10 Прегледи

Нов Зеланд го погоди земјотрес со интензитет од 7.8 степени според рихтер – погледнете како се тресеше (ВИДЕО)

Илјадници луѓе кои живеат на источниот брег на Нов Зеланд ги напуштија своите домови, бегајќи кон повисоките местa.

Нов Зеланд го погоди силен земјотрес од 7,8 степени по Рихтер. Еве како се тресеше се.

10 Прегледи

Денес – повеќе облачност и студен ден во Македонија

Денес (13.11.2016) времето во Македонија ќе биде умерено, на некои места значително облачно и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој долж повардарието повремено ќе се засилува.

12-778gr

Температурата ќе се движи во интервал од 4 до 10 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

8 Прегледи

ЗИМСКО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Погледнете ги минималните температури измерени во Македонија

За разлика од изминатите утра ова понеделничко утро во Македонија е многу постудено со температури кои на повеќе места се спуштија под нула степени.

15025236_1323846857660562_2661451635081694706_o

Погледнете ги измерените температури ова утро:

Маврово -6°C, Берово -5°C, Тополчани -3°C, Ѓуриште -3°C, Крива Паланка -2°C, Пожаране -2°C, Прилеп 0°C, Виница 0°C, Струмица 0°C, Штип 0°C, Скопје Зајчеврид 1°C, Охрид 1°C, Претор 1°C, Битола 1°C, Скопје Петровец 1°C, Тетово 2°C, Демир Капија 3°C, најтопло ова утро е во Гевгелија каде се измерени 5°C.

Фото: Попова Шапка вчераутро (13.11.2016)

Информациите ги подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

7 Прегледи