Спектакуларен поглед на Суперќелија над Колорадо (САД)

Погледнете го овј спректакуларен Суперќелијски облак фотографиран над Колорадо (САД)

15039628_848099265332176_8057334788173799082_o

Иако изгледа интересно сепак овој е најмоќниот облак во Атмосферата кој предизвикува разорни невремиња.

Фото: Stavros Kesedakis

 

25 Прегледи

Денот недела ни носи релативно топло време

Утре (20.11.2016) времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност.

Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за магла и ниска облачност.

Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

model_moddeuhd_2016111912_24_954_1

Температурата ќе се движи во интервал од 10 до 17 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

28 Прегледи

ХОРОСКОП: Погледнете што може да очекуваат овие два хороскопски знаци во декември

Дознајте кои два хороскопски знаци ги очекува во наредниот период дополнителен прилив на средства.

ЈАРЕЦ

Периодот меѓу 7 и 27 декември носи оптимизам и верба во себеси. Овој период носи голема шанса за раст, успех и среќа. Ќе почувствувате потреба да ги раширите своите хоризонти, да пробате нови нешта, подобри и поголеми работи и да се забавувате повеќе. Но, важно е да се насочите на нештата кои ви се навистина важни и кои можете да ги постигнете доколку не барате премногу.

Horoscope circle

СТРЕЛЕЦ

Во декември ве очекува зголемување на вашата самодоверба, со што лесно ќе достигнувате успеси во професионалниот свет, но и ќе добивате поддршка од вашите претпоставени што ќе ви донесе многу моќ во вашата кариера. По 18 декември ве очекува добро здравје и солидна заработувачка. Тоа ќе биде и време на оптимизам и среќа и период кога ќе ги добивате нештата полесно од вообичаено.

Извор: Виножито.мк

 

33 Прегледи

Повеќе земјотреси почувствувани изминатата ноќ

Трусното подрачје во Килкис Грција повторно ги вознемири гевгеличани со новите потреси вечерта петок спрема сабота.
Најсилниот беше во 00:22 часот после полноќ кога удар од 4,7 степени според европската магнитудна скала на 7,2 километри северозападно од грчкото место Килкис со звук и тресок го почувствуваа гевгеличани. Длабочината на епицентарот е регистрирана на само пет километри од земјиното тло. Можеби затоа беше така бучен и предизвика зуење на стаклата и крцкање на вратите и столариите во објектите. Среќа што беше краткотраен од само неколку секунди.

2acc95c7f6cdfc7af285b1c747c52cfd_l

Сеизмолошката опсерваторија при Универзитетот во Атина објави дека на овој потрес една минута претходно му претходел помал потрес од 1,4 степени во терминот од 00:21 часот. Следниот регистриран вечерва е во 00:35 часот со јачина од 1,9 степени, а последниот во терминот од 00:58 часот со јачина од 1,8 степени Тоа се вкупно четири потреси во интервал од 15 минути. Длабочината на потресите се зголемува од 10,5 на 14 километри под земјоното тло.

Граѓаните на Гевгелија и Дојран, поради близината на епицентралното подрачје чувствуваат вознемиреност и неизвесност. Никој не укажува дали се ова слаби тектонски поместувања, и дали ќе следува поголемо разместување на тектонските плочи под земјата.

32 Прегледи

Антициклон и сончев саботен ден

Денес (19.11.2016) времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

gfsopit00_12_5

 

Температурата ќе се движи во интервал од 10 до 17 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

36 Прегледи

Силен земјотрес вечерва ја потресе Грција, земјотресот е почувствуван и во Македонија

Земјотрес со интензитет од 5.1 степен според рихтеровата скала вечерва ја потресе соседна Грција.

Земјотресот се случил во 00:22 часот и истиот е почувствуван и во Македонија.

Епицентарот на земјотресот е 23 километри јужно од Дојран во соседна Грција

zemjotres-kolumbija

Засега нема информации за евентуални штети.

26 Прегледи