Катастрофален земјотрес со јачина од 6.9 степени според рихтер вечерва ја погоди Јапонија

Силен земјотрес со интензитетод 6.9 степени според рихтер вечерва ја погоди Јапонија

Епицентарот на овој земјотрес е покрај источниот брег на Хоншу.

zemjotres_0

Земјотресот се случил на 10 километри длабочина.

Засега нема информации повредени и за жртви.

16 Прегледи

Земјотреси насекаде во Европа и на Балканот – СИЛЕН земјотрес денес ја погоди Аргентина

Тлото не престанува да се тресе, и оваа вечер се регистрирани многу потреси на Балканот и во Европа.

Регистрирани се потреси во Турција, Италија, како и Грција каде земјата се тресеше со јачина од 2,5 степени по Рихтер. Следуваше и уште еден потрес со 2,1 степени по Рихтер.

Се стресе и Кипар, потресот бил со јачина од 3,4 степени по Рихтер.

547014-regional

5Најсилниот земјотрес денеска низ светот е регистриран во Аргентина со јачина од 6,5 степени.

 

10 Прегледи

Погледнете какво време не очекува во денот вторник

Утре (22.11.2016) времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. По котлините ќе има магла и ниска облачност особено во претпладневните и повторно во ноќните часови.

Во текот на денот ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од 9 до 16 степени.

model_moddeuhd_2016112112_24_954_149

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

 

8 Прегледи

Податоци за Скопскиот земјотрес од 1963 г

На 26 јули 1963 година во 05:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по Меркалиевата скала (MCS), односно магнитуда од 6,1 степени и длабочина од 5 до 7 км. Главниот потрес траел 20 секунди, а помали потреси имало до 5 часот и 43 минути. Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 150.000 квадратни километри, најсилно низ долината на реката Вардар (5-6 степени), но и низ цела Македонија (4-5 степени), па и во соседните држави. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останале без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1070 негови граѓани, а биле повредени над 4000 граѓани. Штетата од земјотресот е проценета на 15% од БДП-то на цела Југославија за таа година или во денешна вредност помеѓу 3 и 5 милијарди долари, односно повеќе од целиот годишен буџет на Република Македонија.

Покрај наведените огромни штети, земјотресот сепак бил од локален карактер, а се смета дека неговиот епицентар бил кај населбата Злокуќани. Иако според магнитудата од 6,1 степени спаѓа во групата на земјотреси со средна јачина (Пехчевскиот и Валандовскиот биле значително посилни со 7,2 и 6,9 степени магнитуда), жариштето (хипоцентарот) било плитко, што придонело за катастрофалниот ефект, големите штети и бројните жртви. Интензитетот на земјотресот се движел помеѓу 5 и 6 степени според MCS во најмалку погодените делови од градот, па сe до 10 степени каде што имало тотални уривања (околу плоштадот Слобода и во Kарпош). Друга причина за големите разурнувања е и тоа што тогаш ниту една од зградите не била сеизмички проектирана. Масовно биле урнати, пред се објектите со ѕидови од тула.
По земјотресот градот почнал да се гради според модерните проекти на јапонецот Кензо Танге и на Адолф Циборовски (иако при тоа имаше и одредени пропусти кои денес влијаат на поголемата загаденост на градот). Старата железничка станица денес е Музеј на Град Скопје и претставува симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.
Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики. По неколку дена почнала да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет. Дури 87 држави во светот испратиле некаква помош во Скопје и помогнале тој да се изгради повторно, поради што градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.
Во Скопје, за првпат во времето на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, се сретнале американски и советски воени сили кои заеднички им помагале на скопјаните.

Катастрофалниот земјотрес од 1963 година е последица од големата сеизмичка активност на Скопската Котлина. Имено, оваа котлина како и другите во Повардарието се дел од лабилната Вардарска тектонска зона (плоча) која е на самиот судир помеѓу огромната Африканска и Евроазиска континентална плоча (всушност, целата територија на Македонија, Грција и Турција се во зоната на судирот). Од друга страна, рамката и дното на Скопската Котлина, со раседи се разбиени на голем број блокови кои на подолг временски рок, главно се во стабилна положба. Меѓутоа, со зголемување на тектонските притисоци од соседните области, блоковите постепено стануваат нестабилни, се натрупува вишок на енергија кој се „исфрла“ токму преку појава на земјотрес. Вакви големи отпуштања на внатрешната (тектонска) енергија, во скопската област се случуваат на околу 500 години, а мали амортизации има на по неколку години или неколку десетици години. Иако појавата на посилни земјотреси тешко може да се предвиди, сепак активноста на раседните пукнатини низ котлината (од Катланово преку подножјето на Скопска Црна Гора, потоа во подножјето на Водно, долж басенот на Маркова Река и др.), може да укаже на сеизмички размрдувања. За такви цели, во светот во последно време се користат современи инструменти кои го следат и најмалото поместување на земјиштето, како и процесите кои се случуваат во земјината кора. Алтернативни методи пак вклучуваат следење на промените во однесувањето на животните (птиците, змиите, глувците) кои се извонредно осетливи на енергетските „акумулации“ што доведуваат до појава на силен земјотрес. Најдобра превентива сепак е асеизмичко градење на објектите, што за жал во последно време се помалку се практикува токму во Скопје. Иако во следните 100-тина години тешко дека ќе се повтори сличен силен земјотрес (посилен од 6 степени по Рихтер), сепак не треба да не изненадуваат бројните послаби земјотреси од локално потекло или со потекло од соседните трусни области.

10661

Подготвил: д-р Ивица Милевски

18 Прегледи

Пејсажи од бајките – “Пилоу лава (Pillow lava)”

На само 2 km југозападно од с. Миравци, на крајните источни падини на Кожуф, се наоѓа локалитетот “Пилоу лава (Pillow lava)”, кај месното население познато уште како и “Белиот Рај”. Појавата е на 185 m надморска височина, односно на вливот на Стара Река во Петрушка Река. Низ локалитет поминува локален пат што води од населбата Миравци до селото Петрово.

dscn1283

На вливот на Стара Река во Петрушка Река, двете реки изградиле мали сатески со кањонски карактер со висина од 13 m. По течението на самата река, на растојание од 500 m се оформиле два џиновски лонци, три слапа и два водапади. Првиот слап има должина од 9 m и во своето подножје има изградено џиновски лонец – вдлабнатина во карпестото речно корито под водопадот. Истиот има ширина од 11 m и длабочина од 3 m. Низводно по речниот тек, на растојание од 30 m по првиот слап е вториот слап со должина од 8 m, а веднаш по него има уште еден слап што има должина од 3 m. По трите слапа се јавува водопад со височина од 5,3 m, а неколку метри подолу по течението на реката е формиран и вториот водопад со височина од 7 m. Под овој водопад е уште еден џиновски лонец со широчина од 10 m, должина од 13 m и длабочина до 4 m. Интересна појава на овој локалитет е “pillow lava” настаната со излачување на магмата во водна средина. Како последица на нееднаквата температура на лавата и водата дошло до топчесто лачење, а самите карпи добиле елипсоидна форма. Денес истите се откриени со флувијалната ерозија на Стара и Петрушка Река. Овој локалитет има геолошко и геоморфолошко значење.

dscn1315

Геотуристички потенцијал
Сите овие кањонско-сатески долини, слаповите и водопадите со џиновските лонци, како и појавата на “pillow lava”, иако зафаќаат мала површина го прават овој локалитет да биде атрактивен за сите љубители на природата. Тој делумно е уреден за посетителите. На просторот околу првиот џиновски лонец има направено угостителски објект кој работи само во летниот период. За жал, во неговата изградба се употребени материјали кои го нарушуваат природниот амбиент. На веќе направеното може да се постават дрвени клупи и корпи за отпадоци. Треба да се постави информативна табла на македонски и англиски јазик на која ќе бидат опишани начинот на формирање на “pillow lava”, џиновскиот лонец и кањонот сатеска на Стара Река. На самиот локален пат кој што минува над локалитетот треба да се постави патоказен знак за да се означи каде се наоѓа истиот. На овој дел би требало да се уреди патека од природен материјал која ќе води до вториот џиновски лонец. Околу вториот џиновски лонец треба да се исчисти теренот и потоа да се постават дрвени клупи и маси како и корпи за отпадоци. Освен уживањето во водата што жубори и убавата глетка во кањонската долина овој предел може да биде искористен и за пешачење. Во населбата Миравци треба да се постави патоказен знак за локалитетот “Pillow lava”. На овој локалитетот може да се развие рекреативниот туризам.
Локалитет “Pillow lava” треба соодветно да се заштити за да не се уништи тоа што природата го создала. По автопатот Е-75 од Демир Капија па се до селото Удово може да се забележи појава на “pillow lava” кои достигнуваат големина и до 1 m. Оваа појава и локалитет се предложени да бидат заштитени со закон и да бидат ставени во категоријата споменик на природата. За да се заштити локалитетот забрането е изградба на инфраструктурни објекти, поставување на површински енергетски водови, фрлање на отпадоци во водата и во непосредна близина на локалитетот, сокривање или нарушување на поважните видици на споменикот со нови градби, огради, антени, загадување на водата, менување на водниот режим и др.
За да се почувствува сета убавина што ја нуди овој локалитет, најдобро е да ја посетите.

dscn1324

Користена литература:
1. Колчаковски Д. (2011); Нови евидентирани локалитети во Република Македонија во функција на заштита на геодиверзитетот; Билтен за физичка географија бр. 7-8; Скопје
2. Проект: Развој на транзитниот и алтернативниот туризам во Вардарскиот плански регион; Студија за идентификација на стратешки локации за организирање на информативни пунктови долж коридорот 10 и магистралниот пат М-5 во Вардарскиот плански регион, 2011

Автор: м-р Анита Тодорова

16 Прегледи

АМСМ препорачува внимателно возење

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На патниот правец Маврово – Дебар Р-1202 (Бошков мост – Косоврасти) поради асфалтирање на патот, денеска понеделник 21.11.2016 од 12.30 до 16.30 часот сообраќајот ќе биде во прекин, а во зависност од потребите ќе бидат пропуштани само приоритетните возила (брза помош,противпожарна и полиција).

НАМАЛЕНА ВИДЛИВСОТ: Поради појава на магла намалена видливост има на следните патни правци:

Скопје- Велес (50-100 метри видливсот)

Скопје-Тетово-Гостивар (30-50 метри видливост)

Скопје – Миладиновци (30-50 метри видливост)

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

РАБОТИ НА ПАТ:

На магистралниот пат А2, делница Младо Нагоричане – Страцин почнувајќи од 13.10.2016 год. ќе се вршат геодетски мерења од страна на фирмата ПРО- ГЕО. Мерењата ќе се вршат секој работен ден (понеделник-петок) од 08:00 – 16:00 часот во период од 13.10.2016 до 30.12.2016. На местата каде ќе се одвиваат работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од 19.10.2016 год. од 13:00ч. врз основа на одобрение 0302-737/Х од Страбаг АГ Подружница Страбаг, а во врска со одобрен проект за рехабилитација на државен пат А1 Куманово – Миладиновци извршена е измена на режим на сообраќај од 15+500 до 20+500 км, после наплатна станица Романовце сообраќајот се одвива по десна (спора), а лентата за возење и престигнување е затворена за сообраќај каде е поставена сообраќајна сигнализација за времена измена.

Ве известуваме дека од 09.08.2016 година на магистрален пат А1, делница Велес- Катланово за време на санација, поставување на сигнализација и обележување на тунел , извршена е времена измена на режимот на сообраќај каде непосредно пред тунелот за сообраќај е затворена левата (брзата) лента.Сообраќајот се одвива по десната (спората) лента за сообраќај, а во самиот тунел сообраќајот се одвива по левата лента.

Од градежната фирма А.Д. Илинден- Струга известуваат дека на Државниот Пат А3 делница Ресен- Буково, се извршуваат градежни работи, рехабилитиација на патниот правец, кои предвидено е да траат до Ноември 2016 година. Поради тоа на наведената делница се применува изменет режим на сообраќај кој на одредени делови се одвива по една коловозна лента за што се поставени семафори кои предвидуваат застој во сообраќајот од 3 до 5 минути.

Од 20.06.2016 година е воспоставена времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с.Кадрифаково – клучка кај с.Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.

Од градежната фирма КЕДИНГ известуваат дека на патниот правец Гостивар – Кичевона 2 км пред планинскиот премин Стража , поради изведување градежни работи (санација на мост) сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Поставена е соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.

На патниот правец А3 Битола – Макази, после клучката за с. Ротино во правец на Макази, се изведуваат градежни работи на едната коловозна лента. Сообраќајот се одвива по другите две коловозни ленти. Препорачуваме внимателно возење на оваа делница.

Според сообраќајниот проект тех.бр.155/2015 за времена измена на сообраќајот на патен правец Скопје – Миладиновци – Куманово сообраќајот се одвива (десно после наплатна станица Миладиновци) преку автопатот Куманово – Велес се до клучката кај аеродромот Александар Велики до приклучокот на автопат Велес – Куманово.

Oд 15.01.2016 година, на патниот правец Кадрифаково – Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 08:00 – 16:00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО врши геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено, се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од Клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.

Г.Д.Гранит А.Д. Скопје, ОЕ – Нискоградба Исток од 11.12.2015 започна со реконструкција и надградба на автопат, делница Смоквица – Гевгелија, како дел од Коридорот 10. Ве известуваме дека сообраќајот се одвива под времен режим.

Друштвото АСФАЛТ ДОО Скопје известува дека поради продолжување на градежните работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Романовце, на државниот пат А1, делница Куманово – наплатна станица Романовце и обратно, сообраќајот се одвива согласно добиено одобрение за времена измена на режимот на сообраќајот, издадено од Министерството за транспорт и врски на Р. Македонија на25.05.2016. Предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 6 (шест) месеци сметано од денот на издавање на одобрението.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204. Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на собраќај бр.1005 од 28.мај.2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија .

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
– и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

d0bed0bad0bed0bbd183-100-d0bcd0b8d0bbd0b8d0bed0bdd0b8-d0b5d0b2d180d0b0-d0b7d0b0-d180d0b5d0bad0bed0bdd181d182d180d183d0bad186d0b8d198d0b0

8 Прегледи

Првиот ден од новата недела стабилен – погледнете што точно не очекува

Денес (21.11.2016) времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Во претпладневните и повторно во ноќните часови по одделни котлини ќе има магла и ниска облачност .

Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

gfsopit00_12_1

Температурата ќе се движи во интервал од 10 до 17 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

8 Прегледи