Доаѓа зимата: Од понеделник продор на многу студен воздух од север и снег и на некои пониски места

Од понеделник попладне и навечер поради продор на МНОГУ СТУДЕН воздух од север врнежите од дожд кои ќе ги имаме најпрвин на повисоките места и на планините ќе поминат во врнежи од снег каде ќе се формира снежна покривка.

Во понеделник навечер и во текот на ноќта кон вторник како и во вторник послаби врнежи од СНЕГ ќе има и на некои пониски места во Македонија.

Од вторник ќе биде МНОГУ СТУДЕНО па утринските температури насекаде ќе бидат негативни а и дневните температури на некои места ќе останат под нулата а истите на повеќето места ќе се движат околу нулата.

ecm0-168-1

Поради продорот на овој студен воздух ќе дува ЗАСИЛЕН ветер од северен правец.

Напомена: Температурите кои се очекуваат од вторник ќе бидат невообичаено ниски за овој дел од годината и истите ќе бидат пониски од просечните за повеќе од 10 степени.

ecm100-168

Нова и обновена прогноза очекувајте овие денови.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

26 Прегледи

Денот четврток повторно ни носи сончево и топло време – по котлините со магла и ниска облачност

Утре (23.11.2016) времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло. По котлините ќе има магла и ниска облачност особено во претпладневните часови.

Во текот на утрешниот ден ќе биде претежно тивко.

30-778gr

Температурата ќе се движи во интервал од 10 до 16 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

 

30 Прегледи

АМСМ со многу важни информации до возачите

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

РАБОТИ НА ПАТ:

ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 (вторник) ќе воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот ке се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

Од 19.10.2016 год. од 13:00ч. врз основа на одобрение 0302-737/Х од Страбаг АГ Подружница Страбаг, а во врска со одобрен проект за рехабилитација на државен пат А1 Куманово – Миладиновци извршена е измена на режим на сообраќај од 15+500 до 20+500 км, после наплатна станица Романовце сообраќајот се одвива по десна (спора), а лентата за возење и престигнување е затворена за сообраќај каде е поставена сообраќајна сигнализација за времена измена.

Ве известуваме дека од 09.08.2016 година на магистрален пат А1, делница Велес- Катланово за време на санација, поставување на сигнализација и обележување на тунел , извршена е времена измена на режимот на сообраќај каде непосредно пред тунелот за сообраќај е затворена левата (брзата) лента.Сообраќајот се одвива по десната (спората) лента за сообраќај, а во самиот тунел сообраќајот се одвива по левата лента.

Од градежната фирма А.Д. Илинден- Струга известуваат дека на Државниот Пат А3 делница Ресен- Буково, се извршуваат градежни работи, рехабилитиација на патниот правец, кои предвидено е да траат до Ноември 2016 година. Поради тоа на наведената делница се применува изменет режим на сообраќај кој на одредени делови се одвива по една коловозна лента за што се поставени семафори кои предвидуваат застој во сообраќајот од 3 до 5 минути.

Од 20.06.2016 година е воспоставена времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с.Кадрифаково – клучка кај с.Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.

Од градежната фирма КЕДИНГ известуваат дека на патниот правец Гостивар – Кичевона 2 км пред планинскиот премин Стража , поради изведување градежни работи (санација на мост) сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Поставена е соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.

На патниот правец А3 Битола – Макази, после клучката за с. Ротино во правец на Макази, се изведуваат градежни работи на едната коловозна лента. Сообраќајот се одвива по другите две коловозни ленти. Препорачуваме внимателно возење на оваа делница.

Според сообраќајниот проект тех.бр.155/2015 за времена измена на сообраќајот на патен правец Скопје – Миладиновци – Куманово сообраќајот се одвива (десно после наплатна станица Миладиновци) преку автопатот Куманово – Велес се до клучката кај аеродромот Александар Велики до приклучокот на автопат Велес – Куманово.

Oд 15.01.2016 година, на патниот правец Кадрифаково – Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 08:00 – 16:00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО врши геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено, се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од Клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.

Г.Д.Гранит А.Д. Скопје, ОЕ – Нискоградба Исток од 11.12.2015 започна со реконструкција и надградба на автопат, делница Смоквица – Гевгелија, како дел од Коридорот 10. Ве известуваме дека сообраќајот се одвива под времен режим.

Друштвото АСФАЛТ ДОО Скопје известува дека поради продолжување на градежните работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Романовце, на државниот пат А1, делница Куманово – наплатна станица Романовце и обратно, сообраќајот се одвива согласно добиено одобрение за времена измена на режимот на сообраќајот, издадено од Министерството за транспорт и врски на Р. Македонија на25.05.2016. Предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 6 (шест) месеци сметано од денот на издавање на одобрението.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204. Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на собраќај бр.1005 од 28.мај.2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија .

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
– и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

nova-karta-amsm

33 Прегледи

Денес сончев и топол ден, претпладне и навечер по котлините со магла и ниска облачност

Денес (23.11.2016) времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло.

Во претпладневните часови како и во текот на ноќта кон утрешниот ден по котлините ќе има магла и ниска облачност.

Во текот на денот ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од 9 до 15 степени.

gfs_t2ma_eu_3

– Денешните максимални температури кои ќе ги имаме ќе бидат повисоки од просечните за 5 до 6 степени и истите ќе бидат натпросечни.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

27 Прегледи

Денешното утро релативно студено со магла и ниска облачност по котлините

Денешното утро во Македонија е ведро и релативно студено но по котлините и речните долини има магла и ниска облачност

На следнава карта можете да ја погледнете состојбата на облачноста ова утро над Македонија:

0609

Во продолжени погледнете ги минималните денешни температури измерени во Македонија:

Битола -3°C, Крива Паланка -1°C, Берово -1°C, Тетово -1°C, Прилеп 0°C, Скопје Петровец 0°C, Демир Капија 0°C, Струга 0°C, Струмица 0°C, Штип 1°C, Пожаране 1°C, Лазарополе 1°C, Скопје Зајчеврид 2°C, Ѓуриште 2°C, Претор 2°C, Охрид 3°C, Тополчани 3°C, Виница 3°C и најтопло ова утро е во Гевгелија каде се измерени 5°C.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

44 Прегледи