Вечерва Никарагва и Ел Салвадор погодени од СИЛЕН земјотрес со интензитет од 7 степени според рихтер

Земјотрес со интензитет од 7 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди Никарагва и Ел Салвадор.

Властите во Салвадор предупредија од појава на цунами.

547933-regional

Епицентаор на земјотресот регистриран е на околу 100 километри од брегот на Ел Салвадор на длабочина од 32 километри во Пацифички Океан.

Земјотресот е почувствуван во главниот град на Никарагва, Манагва, како и во главниот град на Костарика, Сан Хозе.

Се уште нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.

20 Прегледи

Докази: Живот на Марс има!

Роботското возило на американската вселенска агенција НАСА пронајде знаци на живот кој постоел во далечното минато на Марс, изјавија научниците од американскиот државен Универзитете во Аризона.

За време на истажувањето на платото наречено „Хоум плејт“, роботското возило „Спирит“ пронашоло материјал со слични карактеристики како оној пронајден во гејзерите Ел Таито во Чиле.

Ел Таито гејзерите се добра основа за споредување поради специфичните услови во кои се наоѓаат, како високото ултравилетово зрачење, ниското ниво на врнежи, големата надморска височина и високото ниво на испарување.

mars_0

– Резултатите покажуваат дека биогениот материјал пронајден во Ел Таито одговара по многу карактеристики на оној пронајден во „Хоум плејт“. Овие сличности укажуваат на можност дека настанале во слични услови, соопштија научниците од Универзитетот во Аризона.

11 Прегледи

Магливо по котлините вечерва и утре, утре навечер како и во сабота локални врнежи од дожд

Утре (25.11.2016) над територијата на Македонија ќе има зголемување на облачноста, односно времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ова се однесува особено за повисоките места и планините.

По котлините и по речните долини ќе има магла и ниска облачност со што температурите ќе се задржат пониски.

Утре навечер како и во текот на ноќта кон сабота во западните предели се очекуваат локални слаби врнежи од дожд кои во сабота во текот на денот ќе се прошират на повеќе места и во западните како и во југозападните предели ќе бидат малку поинтензивни, односно ќе бидат со умерен интензитет.

prec01_033

Од утрешната ноќ поради влажниот бран и облачноста условите за магла по котлините ќе се намалуваат.

На високите планини (над 2000 метри) ќе има слаби врнежи од снег.

Максималната температура утре ќе се движи во интервал од 10 до 16 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

11 Прегледи

АМСМ: Важни информации до возачите

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

РАБОТИ НА ПАТ:

ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 (вторник) ќе воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот ке се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

Од 19.10.2016 год. од 13:00ч. врз основа на одобрение 0302-737/Х од Страбаг АГ Подружница Страбаг, а во врска со одобрен проект за рехабилитација на државен пат А1 Куманово – Миладиновци извршена е измена на режим на сообраќај од 15+500 до 20+500 км, после наплатна станица Романовце сообраќајот се одвива по десна (спора), а лентата за возење и престигнување е затворена за сообраќај каде е поставена сообраќајна сигнализација за времена измена.

Ве известуваме дека од 09.08.2016 година на магистрален пат А1, делница Велес- Катланово за време на санација, поставување на сигнализација и обележување на тунел , извршена е времена измена на режимот на сообраќај каде непосредно пред тунелот за сообраќај е затворена левата (брзата) лента.Сообраќајот се одвива по десната (спората) лента за сообраќај, а во самиот тунел сообраќајот се одвива по левата лента.

Од градежната фирма А.Д. Илинден- Струга известуваат дека на Државниот Пат А3 делница Ресен- Буково, се извршуваат градежни работи, рехабилитиација на патниот правец, кои предвидено е да траат до Ноември 2016 година. Поради тоа на наведената делница се применува изменет режим на сообраќај кој на одредени делови се одвива по една коловозна лента за што се поставени семафори кои предвидуваат застој во сообраќајот од 3 до 5 минути.

Од 20.06.2016 година е воспоставена времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с.Кадрифаково – клучка кај с.Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.

Од градежната фирма КЕДИНГ известуваат дека на патниот правец Гостивар – Кичевона 2 км пред планинскиот премин Стража , поради изведување градежни работи (санација на мост) сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Поставена е соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.

На патниот правец А3 Битола – Макази, после клучката за с. Ротино во правец на Макази, се изведуваат градежни работи на едната коловозна лента. Сообраќајот се одвива по другите две коловозни ленти. Препорачуваме внимателно возење на оваа делница.

Според сообраќајниот проект тех.бр.155/2015 за времена измена на сообраќајот на патен правец Скопје – Миладиновци – Куманово сообраќајот се одвива (десно после наплатна станица Миладиновци) преку автопатот Куманово – Велес се до клучката кај аеродромот Александар Велики до приклучокот на автопат Велес – Куманово.

Oд 15.01.2016 година, на патниот правец Кадрифаково – Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 08:00 – 16:00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО врши геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено, се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од Клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.

Г.Д.Гранит А.Д. Скопје, ОЕ – Нискоградба Исток од 11.12.2015 започна со реконструкција и надградба на автопат, делница Смоквица – Гевгелија, како дел од Коридорот 10. Ве известуваме дека сообраќајот се одвива под времен режим.

Друштвото АСФАЛТ ДОО Скопје известува дека поради продолжување на градежните работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Романовце, на државниот пат А1, делница Куманово – наплатна станица Романовце и обратно, сообраќајот се одвива согласно добиено одобрение за времена измена на режимот на сообраќајот, издадено од Министерството за транспорт и врски на Р. Македонија на25.05.2016. Предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 6 (шест) месеци сметано од денот на издавање на одобрението.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204. Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на собраќај бр.1005 од 28.мај.2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија .

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
– и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

12 Прегледи

Денес (четврток) на повеќе места магливо, на повисоките места и планините сончево и потопло

Денес (24.11.2016)времето во Македонија и тоа на повисоките места и на планините ќе биде сончево и релативно топло додека по котлините ќе биде магливо и со ниска облачност.

Ќе биде претежно тивко.

12-778gr

Температурата ќе се движи во интервал од 9 до 16 степени, на местата со магла температурите ќе бидат пониски.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

10 Прегледи