До крајот на последниот ден од оваа 2016 година ова можеме да го очекуваме од времето

Оваа 2016 година ќе ја завршиме со продорот на МНОГУ СТУДЕНА воздушна маса која се спушта од североисточна Европа.

Поради тоа денес (31.12.2016) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди кои подолги ќе бидат во западните предели.

Ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од северен правец. Не се исклучува можноста и з алокално провејување на сосема слаб снег особено во источните и јужните предели.

Температурата ќе се движи во интервал од -2 до 6 степени.

ВРЕМЕТО ЗА ВРЕМЕ НА НОВОГОДИШНАТА НОЌ: За време на новогодишната ноќ времето во Македонија ќе биде ведро и МНОГУ СТУДЕНО со умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од -10 до -2 степени додека на повисоките планини температурите ќе паднат под -15 степени.

Првото утро од новата 2017 година ќе го дочекаме со температури кои ќе се движат во интервал од -12 до -3 степени додека на високите планини температурите ќе паднат до околу -20 степени.

Првиот ден од новата 2017 година ќе ни донесе сончево време со мала локална облачност и малку повисоки максимални температури кои ќе се движат во интервал од 0 до 8 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

63 Прегледи