АМСМ: Погледнете каде денес има прекин на сообраќајот

ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Градежната компанија Трансмет Доо Скопје изведува градежни работи за реконструкција на државен пат А2, делница: Обиколница Скопје, од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци. Со почеток од 02.12.2016 година се воведува времена измена на режим на сообраќај, согласно Одобрение број 22.2-72149/2 со датум 18.11.2016 година издадено од Министерството за транспорт и врски на РМ.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На 27.11.2016 година во 11:30 часот целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

РАБОТИ НА ПАТ:

ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 (вторник) ќе воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот ке се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

Од 19.10.2016 год. од 13:00ч. врз основа на одобрение 0302-737/Х од Страбаг АГ Подружница Страбаг, а во врска со одобрен проект за рехабилитација на државен пат А1 Куманово – Миладиновци извршена е измена на режим на сообраќај од 15+500 до 20+500 км, после наплатна станица Романовце сообраќајот се одвива по десна (спора), а лентата за возење и престигнување е затворена за сообраќај каде е поставена сообраќајна сигнализација за времена измена.

Од 20.06.2016 година е воспоставена времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с.Кадрифаково – клучка кај с.Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.

Од градежната фирма КЕДИНГ известуваат дека на патниот правец Гостивар – Кичевона 2 км пред планинскиот премин Стража , поради изведување градежни работи (санација на мост) сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Поставена е соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.

Според сообраќајниот проект тех.бр.155/2015 за времена измена на сообраќајот на патен правец Скопје – Миладиновци – Куманово сообраќајот се одвива (десно после наплатна станица Миладиновци) преку автопатот Куманово – Велес се до клучката кај аеродромот Александар Велики до приклучокот на автопат Велес – Куманово.

Oд 15.01.2016 година, на патниот правец Кадрифаково – Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 08:00 – 16:00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО врши геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено, се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од Клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.

Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204. Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на собраќај бр.1005 од 28.мај.2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија .

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
– и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

bulevar-boris-trajkovski-740x492

14 Прегледи

Поради продор на малку потопла воздушна маса од југ денешниот ден ќе биде потопол

Денес (02.12.2016) времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Повеќе облачност ќе има во западните предели каде ќе има услоиву за слаб локален дожд и снег на планините.

Ќе дува слаб до умерен а во западните предели повремено засилен ветер од западен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од 5 до 12 степени.

6-778gr

Во вечерните часови услови за слаб локален дожд на ниските и слаб снег на повисоките места и на планините ќе има во источните предели.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

30 Прегледи

Фото+Видео: Чудни појави на Арктикот ги преплашиле научниците

Чудните случувања на Арктикот укажуваат на тоа дека таму со морскиот мраз се случува нешто загрижувачко, предупредуваат научниците.
Поради неочекувано високите температури на морето на Северниот пол, слојот мраз уште не почнал да се формира, а досега требало веќе дебело да се фати, велат научниците. Тоа може да биде знак дека ефектите од глобалното затоплување се поголеми од тоа што се мисли.

https://t.co/L9AVrM2NVb

Рутината на Северниот пол веќе долги години изгледа вака: Сонцето се спушта кон средината на октомври, водата се лади и мразот почнува да се фаќа по површината на морето. Но, оваа година, не само што нема мраз, туку се топи и стариот бидејќи морето е претопло.

cxrolsrusaareiv

Научниците велат дека температурите на Северниот пол се високи без преседан, дури и 20 степени Целзиусови по високи од просечните. Сега чекаат студениот бран кој се формирал над северна Русија да пристигне до Арктикот. Процесот на замрзнување тогаш сигурно ќе започне, а слојот мраз ќе биде многу потенок отколку досега поради овие проблеми.

https://t.co/krs3iR7M4S

Дополнително ќе се види што ќе се случи кога топлиот воздух, каков што е сега на Арктикот, ќе го потисне студениот кон југ.

 

 

 

12 Прегледи

Погледнете какво време ни носи денот петок

Утре (02.12.2016) времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Нешто повеќе облачност во текот на денот ќе има во западните предели каде ќе има услови за слаб локален дожд и слаб снег на на планините.

Ќе дува слаб до умерен а во западните предели повремено засилен ветер од западен правец.

model_moddeuhd_2016120112_48_954_1

Минималната температура ќе се движи во интервал од -10 до -1 степен.
Максималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 12 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

23 Прегледи

ИНТЕРВЈУ СО СЛАВЧО ПОПОСКИ – МЛАДИОТ И АМБИЦИОЗЕН МЕТЕОРОЛОГ

Како што и самиот за себе вели, Славчо Попоски е млад и амбициозен стружанец на кого голема пасија му е метеорологијата. Славчо моментално студира и работи на тоа во блиска иднина да стане дипломиран метеоролог.

Баркод.мк: Како за почеток открите нешто за повеќе за Вас. Кој е Славчо Попоски ?

Славчо Попоски е еден млад дечко кој потекнува од прекрасната Струга, сопственик сум на најпосетениот медиум Meteomax.mk, моментално студирам и работам на тоа во иднина да сум дипломиран метеоролог.

Баркод.мк:  Од кога се занимавате со метеорологија ?

Со метеорологијата искрено се занимавам долги години, еве веќе има 5-6 години како работам и правам прогнози а од секогаш најмногу сум ја сакал.

Баркод.мк:  Се радувате ли што македонската публика ги сака вашите временски прогнози ?

Кога станува збор за публиката прекрасно е чувството кога луѓето те фалат и ти веруваат и ти ја посветуваат целата доверба.

Баркод.мк:  Кој е Вашиот рецепт за успех ?

До голем успех се доаѓа само со многу напорна работа, да работиш и дење и ноќе но сепак треба да имаш и голема лубов до професијата што ја сакаш. Само ова ќе го донесе успехот што го посакувате.

Баркод.мк:  Ваша прогноза. Што ја очекува Македонија во периодот што следи ?

Па во следниот период времето малку ќе подомекне што значи дека температурите ќе бидат за неколку степени повисоки но некое големо затоплување барем засега нема. Што се однесува до врнежите во следниот период ќе бидат поретки и доста слаби. Исто така следните денови утрата ќе бидат доста студени.

Баркод.мк:  Што би им препорачале на читателите на Barkod.mk ?

На вашите читатели им препорачувам да го посетат мојот медиум Meteomax.mk со што ќе бидат навремено информирани со најпрецизната временска прогноза, освен тоа на овој медиум има и многу други интересни работи поврзани со метеорологијата

14359229_1055379164577790_3715066662625037034_nИзвор: Баркод.мк!

 

26 Прегледи

Во текот на денешниот ден студот малку ќе попушти

Денес (01.12.2016) времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност.

Ќе дува умерен, во источните предели повремено засилен ветер од северен правец.

gfsopit00_12_5

Дневната температура денес (четврток) ќе биде за неколку степени повисока од вчерашната и ќе се движи во интервал од -1 до 7 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

13 Прегледи

Денешното утро СИБИРСКО во Македонија: Најниска измерена температура од -17°C

Денешното утро во Македонија е ведро и МНОГУ СТУДЕНО со умерена облачност. Исто така се измерени и најниските температури досега.

Погледнете ги денешните минимални температури измерени во Македонија:

Берово -17 °C, Крива Паланка -10.9 °C, Лазарополе -9.6 °C, Прилеп -7.9 °C, Битола -7. °C, Ѓуриште -7.3 °C, Пожаране -7.1 °C, Виница -7.1 °C, Претор -7 °C, Тополчани -7 °C, Скопје Петровец -6.9 °C, Штип -6.9 °C, Демир Капија -6.7 °C, Тетово -6.2 °C, Охрид -6 °C, Струмица -6 °C, Скопје Зајчеврид -4.9 °C и најтопло ова утро како и секогаш е Гевгелија со измерени -1 °C.

obs_2016_12_01_06_00_954_3

 

Овие температури кои се измерени ова утрo се далеку под просекот и истите се пониски дури за околу 15тина степени од нормалните.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

14 Прегледи