МНОГУ ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРЕДУПРЕДУВАЊА ОКОЛУ НАЈАВЕНАТА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО

Во следните часови поради приближувањето на веќе најавениот влажен и студен воздушен бран над Македонија облачноста ќе започне да се зголемува и тоа најпрвин во југозападните и западните а потоа и во останатите предели.

Во втората половина од ноќта која ни претстои а особено утре (понеделник) во раните утрински часови најпрвин во јужните, југозападните и западните предели ќе започнат повремени врнежи од снег кој потоа ќе се прошират на повеќе места низ Македонија.

Утре (16.01.2017) времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег. Повеќе врнежи ќе има во јужните, југозападните и во западните предели каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка.Во југоисточните предели не се исклучува можноста повремено врнежите да бидат од дожд и снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -10 до -2 степени.

Максималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 4 степени.

 

НАЈАВА: Во текот на неделата која ни претстои територијата на Македонија постојано ќе биде под влијание на серија влажни и студени воздушни бранови што ќе предизвикаат повремени врнежи претежно  од снег и истите повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. На некои пониски места особено оние кои се наоѓаат Долж Повардарието и во југоисточните предели повремено врнежите ќе бидат од дожд.

Во западните, југозападните  и во јужните пределе ќе дојде до зголемување на снежната покривка.

Информација која се однесува до екипите на Македонија пат: Со оглед на очекуваната временска состојба навремено се информираат екипите на Македонија пат да бидат подготвени за претстојните влажни и студени воздушни бранови и навремено да реагираат за да не дојде до некои проблеми на патиштата низ Македонија поради очекуваните врнежи од снег.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

 

38 Прегледи