Погледнете што ни носи денот недела

Утре (29.01.2017) ќе имаме малку поинаква временска состојба во Македонија што значи времето ќе биде умерено, на некои места ќе има и позначителна облачност.

Особено во јужните предели ќе има услови за локално провејување на слаб снег а не се исклучува на некои од пониските места да има и слаб дожд и снег.

Ќе биде претежно тивко а по одделни котлини ќе има услови за магла и за ниска облачност.

Минималните температури и натаму ќе бидат многу ниски и ќе се спуштат во интервал од -12 до -2 степени додека на оние места каде што обично е најстудено температурите можно е да паднат до околу -15 степени.

Максималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 6 степени.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

28 Прегледи

Првиот ден од викендот повторно ни донесе СИБИРСКИ минимални температури

Стабилното, суво и ведро време повторно овозможи на првиот ден од викендот (сабота) во утринските часови да имаме МНОГУ НИСКИ (СИБИРСКИ) температури на воздухот во Македонија.

Територијата на Македонија е под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува но МНОГУ СТУДЕНА воздушна маса која се спушта од североисточните предели на Европскиот Континент.

Мерните станици на Управата за Хидрометеоролошки работи (УХМР) кој се наоѓаат низ Македонија ова утро ги измерија следните минимални температури вредности во Македонија:

Битола -18.4°C, Скопје Петровец -17.9°C, Берово -17.8°C, Тетово -15.4°C, Демир Капија -13.3°C, Скопје Зајчеврид -12.6°C, Струмица -12.5°C, Штип -11.7°C, Прилеп -10.9°C, Крива Паланка -9.5°C, Лазарополе -8.2°C, Виница -8.1°C, Претор -8°C, Топочани -8°C, Гевгелија -7.1°C, Охрид -6.5°C, Пожаране -6.2°C
и температура од -5.8°C е измерена на Ѓуриште.

45 Прегледи

ПОПУЛАРНИОТ СЛАВЧО ПОПОСКИ ГОСТУВА ВО ЕМИСИЈА – ПОГЛЕДНЕТЕ КАДЕ И КОГА

Младиот 25 годишен Стружанец кој на македонската јавност и е познат како најдобриот метеоролог во Република Македонија но и пошироко ќе имате прилика да го слушате на Струшкото радио (Play Radio) во среда на 01.02.2017 со почеток во 12:00 часот напладне.

Инаку Попоски освен тоа што е познат како најдобриот метеоролог истиот е и директор на овој метеоролошки медиум Meteomax.mk кој дефинитивно направи БУМ низ целата територија на Македонија.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Гостување на ПОПУЛАРНИТО Славчо Попоски во емисија во Струшкото радио (Play Radio 90.4 FM) во среда (01.02.2017) со почеток во 12:00 часот напладне.

49 Прегледи