ЕКСКЛУЗИВНА НАЈАВА: Познатиот метеоролог Славчо Попоски повторно на малите екрани

Дефинитивно најдобриот метеоролог во Република Македонија СЛАВЧО ПОПОСКИ наскоро повторно ќе се појави на малите екрани. За која телевизија и кој медиум станува збор тој ќе не информира за скоро време.

Вие очекувајте повеќе информации околу ова овие денови.

44 Прегледи

Како среде пролет – погледнете ги температурите оваа вечер насекаде во Европа

Оваа вечер особено јужните, југоисточните како и југозападните предели од Европскиот Континет се под влијание на невообичаено топла воздушна маса која е со потекло од јужните географски широчини.

На Балканот исто така е невообичаено топло а особено топло е во соседна Србија кад етемпературите во делови од оваа држава иснесуваат дури и преку 15 степени. Исто така во делови од југоисточна и југозападна Европа температурите се и повисоки и истите се движат дури околу 20 степени. Најстудено е во северните  и североисточните предели на Европа каде владее вистинска зима.

45 Прегледи

Славчо Попоски информира за временската состојба за оваа ноќ – ноќ пред фронталниот систем

Денешниот ден (вторник) помина во знакот на претежно сончево и невообичаено топло време за овој дел од годината со умерена локална облачност и тоа особено во западните предели каде повремено имаше и повеќе облаци но се задржа стабилно и суво без никакви врнежи. Во овие вечерни часови имаме ведро и не многу студено време со пријатни температури а нешто повеќе облаци има во југоисточните како и во западните предели. Дува слаб до умерен ветер претежно од јужен и југозападен правец  и истиот на некои места се засилува по интензитет.

Во текот на ноќта па се до утре (среда) во утринските часови во државава ќе се задржи ведро време со мала локална облачност а повеќе облачност  и понатаму ќе се задржува во западните предели.  Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец а температурите до утре (среда) изутрина ќе се спуштат во интервалот од 2 до 9 степени што значи дека и ноќните  и утринските температури ќе бидат невообичаено високи за овој дел од годината.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

34 Прегледи

Попоски: Брз фронт и засилен ветер – погледнете што не очекува утре (среда)

Утре (01.03.2017) во претпладневните часови времето во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди кои ќе бидат подолги во источната половина од државава. Околу пладне и попладне како и во вечерните часови од северозапад над нашата територија ќе помине еден брз фронтален систем кој ќе предизвика зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат малку поинтензивни и се очекува да наврнат околу или над 10 л/м2 воден талог.

Снег ќе паѓа само на највисоките планински места. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец кој на некои места ќе достигнува брзина од околу 60 км/час. Во вечерните часови и во текот на ноќта кон денот (четврток) ветерот ќе го промени правецот во западен и северозападен со што ќе има освежување на времето.

Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 13 до 19 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

34 Прегледи

Славчо Попоски информира за моменталната состојба со времето во Македонија

Во текот на изминатата ноќ времето во Македонија беше ведро и не многу студено со што температурите насекаде се заджаа во позитива (над нула степени), локално имаше и мала облачност. Претпладнево веќе е сончево со мала до умерена облачност а во западните предели умерено облачно.

СМерните станици на Управата за Хидрометеоролошки работи (УХМР) кои се наоѓаат низ државава утрово ги измерија следните минимални температурни вредности:

0 Берово, 1 Претор, Битола, 2 Кр. Паланка, Тетово, Струмица, Лазарополе, 3 Охрид, Прилеп, 4 Штип, Крушево, Скопје, Куманово, Маврово, 5 Д. Капија, Дебар, Виница, Пожаране, 6 Дојран, Тополчани, Ѓуриште, 7 Гевгелија.

И во текот на денешниот ден метеоропатите ќе имаат потешкотии поради временските услови а тоа се (несоница, болки во коските и повремена нервоза) а исто така ќе продолжи и транспортот на прашина и песок од Сахара поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

44 Прегледи

Попоски со најнови информации за временската состојба во државава

Денес (28.02.2017) територијата на Македонија ќе биде под влијание на невообичаена топла воздушна маса и изразено јужно воздушно струење кое и понатаму ќе условува транспорт на прашина и песок од Сахара. Поради тоа денес времето ќе биде сончево и невообичаено топло за овој дел од годината со умерена локална облачност. Нешто повеќе облачност локално ќе има особено во текот на ноќта кон утрешниот ден (среда).

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец кој повремено на некои места ќе се засилува по интензитет особено во Пелагониско.

Максималната температура на воздухот денес (вторник) ќе се искачи во интервалот од 12 до 19 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

 

42 Прегледи

Славчо Попоски: Погледнете што може да очекуваме од времето утре (вторник)

Утре (28.02.2017) територијата на Македонија ќе биде под влијание на невообичаено топла воздушна маса и изразено јужно и југозападно воздушно струење и истото и понатаму ќе условува транспорт на прашина и песок од Сахара. Времето ќе биде сончево со умерена локална облачност, во доцните попладневни и во вечерните часови ќе има локално зголемување на облачноста и тоа особено во западната половина од државава.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец кој на некои места ќе се засилува по интензитет а максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 12 до 19 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

47 Прегледи

Славчо Попоски: Осеќате мачнина, тежина како и болки во коските?! Погледнете зошто

Со почетокот на новата седмица ни доаѓаат и нови проблеми поради временската состојба во државава, ова се однесува за оние кои особено имаат проблем со временската состојба (метеоролопатите). Зошто повторно чувствуваме мачнина, повремена нервоза а кај некој се јавува и несоница а исто така времето е мачно и спарно?!

Сето тоа е поради изразеното јужно воздушно струење кое од денешниот ден (понеделник) е присутно над нашата држава. Уште поголем проблем прави и транспортот на прашина и песок од Сахара кој дополнително ги отежнува временските услови и уште повеќе влијае врз здравјето на граѓаните на Македонија.

Доколку погледнете во небото можете да забележите дека истото е матно поради транспортот на прашина и песок кој се врши од Сахара кон нашите краишта.

Метеоропатите и понатаму ќе чувствуваат мачнина, повремена нервоза како и болки во костите или на старите рани а времето и понатаму ќе е тешко и спарно поради изразеното јужно воздушно струење кое носи и невообичаено високи температури и истите несе својствени за овој период од годината.

За многу повеќе информации следете го и официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

40 Прегледи

Славчо Попоски со најнови информации

Доколку претпладнево забележете на небото и тоа како се гледа дека е матно поради транспортот на прашина и песок кој се врши од Сахара.

До крајот на денешниот ден (понеделник) ќе продолжи транспортот на прашина и песок а времето ќе биде сончево и невообичаено топло за овој дел од годината со умерена локална облачност. Повеќе облачност ќе се задржи во северозападните предели и тоа особено во планинските предели каде не се исклучува можноста за сосема слаб дожд.

Од попладне ќе започне да дува слаб до умерен ветер од јужен правец а максималната дневна температура денес (понеделник) ќе се искачи во интервалот од 12 до 18 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

52 Прегледи

Најнови информации околу временската состојба за во текот на изминатата ноќ и претпладнево

Во текот на изминатата ноќ во државава времето се задржа претежно облачно но релативно суво. Претпладнево е сончево и релативно топло со умерена а локално во северозападните предели и тоа особено на планинските места има зголемена облачност, претежно е тивко.

Мерните станици на Управата за Хидрометеоролошки станици (УХМР) кои се наоѓаат низ државава утринава ги измерија следните минимални температурни вредности:

2 Маврово, Кр. Паланка, 3 Лазарополе, 4 Крушево, Берово, Пожаране, 4 Скопје-Петровец, 5 Тетово, Претор, Куманово, Виница, Ѓуриште, 6 Скопје-З.Рид, Охрид, Штип, Дојран, Тополчани, Дебар, Битола, Струмица, Прилеп, 7 Гевгелија, Д. Капија.

– Мора да се напомене дека доколку погледнете во небото можете да забележите дека е матно. Тоа е поради транспортот на прашина и песок кој доаѓа од Сахара.

Следете го и официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

64 Прегледи