ОД ПЕТОК: ЧЕСТИ ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ – ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ!

Од петок попладне под влијание на влажна и исклучително нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и град. Нестабилноста ќе продолжи и во текот на ноќта петок кон сабота додека во сабота ќе биде нестабилно облачно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и град.

Релативно топлото време ќе продолжи и понатаму па токму поради ова шансите за локално невреме се големи.

Нестабилното време ќе продолжи и во текот на следната недела.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВО СЛУЧАЈ НА ПОЈАВА НА ЕЛЕКТРИЧНИ ПРАЗНЕЊА ВЕ СОВЕТУВАМЕ ДА НЕ ПРЕТСТОЈУВАТЕ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР И ПОД ОСАМЕНИ ДРВЈА, ИСТО ТАКА ДА НЕ СЕ ЗБОРУВА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ДОДЕКА СЕ ВРШАТ ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ПРАЗНЕЊА А ОБЧАТИТЕ ДА СИ ГИ ЗАШТИТАТ СВОИТЕ СТАДА ОДНОСНО ДА ГИ ДЕЛАТ ВО ПОВЕЌЕ ГРУПИ.

За нови и детални информации околу временската состојба во нашата држава следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

8 Прегледи

ЖЕСТОКА АТМОСФЕРА НАД ХРВАТСКА И БОСНА – НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ!

Како што најавивме од денес територијата на Балканот започна да подпаѓа под влијание на многу нестабилна и влажна воздушна маса која во Хрватска и Босна веќе оваа вечер условува развој на ОЛУЈНИ сисетми кои с епроследени со интензивни поројни врнежи од дожд, силни грмежи, засилен ветер и град. Олујните системи се наоѓаат некаде во близина на главните градови од овие две држави. Силниот развој на облаци и невремето ќе продолжи и во следните денови па затоа граѓаните се прупредуваат да бидат крајно претпазливи.

Оваа нестабилна облачна маса ќе започне да ја зафаќа територијата на Македонија од утре доцна попладне.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

5 Прегледи

ОД УТРЕ (ЧЕТВРТОК) РАСТАТ ШАНСИТЕ ЗА НЕСТАБИЛНОСТ (МОЖНО ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ)

Во текот  на утрешниот ден (01.06.2017) времето во државава во претпладневните часови ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Во попладневните часови ќе има дестабилизирање на атмосферата па така ќе има и локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Процесите на некои места можно е да бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со пороен дож, засилен ветер, силни електрични празнења и град.

Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 26 до 33 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

5 Прегледи

КРАТКОТРАЈНО НО СИЛНО НЕВРЕМЕ – ПЛАНИНИТЕ ПОБЕЛЕА ОД ГРАД

Во текот на вчерашниот ден (30.05.2017) Охридско – Преспанскиот регион беше зафатен од влажна и нестабилна воздушна маса која предизвика интензивен развој на нестабилна облачност која предизвика краткотрајно но силно невреме проследено со интензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и појава на град.

Невремето предизвика краткотрајна поројна поплава во Охридскиот регион а за кратко време навна и голема количина на воден талог (околу 20 л/м2).

Поради врнежите од град планината Галичица буквално побеле исто како да паѓало снег, тоа можете да го заприметите на горната фотографија.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

 

8 Прегледи

ГОЛЕМО ДЕСТАБИЛИЗИРАЊЕ НА АТМОСФЕРАТА – ДОАЃА НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА!

Почнувајќи од четврток (01.06.2017) а особено од петок (02.06.2017) територијата на Македонија ќе подпадне под влијание на влажна и исклучително нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе предизвика развој на нестабилна облачност проследена со поројни врнежи од дожд, засилен ветер и грмежи. Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и град.

Според моменталните анлизи со кој располагаме нестабилното време ќе се задржи и во текот на следната недела.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВО СЛУЧАЈ НА ПОЈАВА НА ЕЛЕКТРИЧНИ ПРАЗНЕЊА ВЕ СОВЕТУВАМЕ ДА НЕ ПРЕТСТОЈУВАТЕ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР И ПОД ОСАМЕНИ ДРВЈА, ИСТО ТАКА ДА НЕ СЕ ЗБОРУВА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ДОДЕКА СЕ ВРШАТ ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ПРАЗНЕЊА А ОБЧАТИТЕ ДА СИ ГИ ЗАШТИТАТ СВОИТЕ СТАДА ОДНОСНО ДА ГИ ДЕЛАТ ВО ПОВЕЌЕ ГРУПИ.

За нови и детални информации околу временската состојба во нашата држава следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

7 Прегледи

ОЛУЕН ОБЛАК НАД ОХРИДСКО – ПРЕСПАНСКИОТ РЕГИОН

Во овие попладневни часови во западната половина на државава атмосферата е нестабилна па така во овие моменти над Охрдско – Преспанскиот регион е развиен еден олуен облак кој токму на овие места условува грмежи, поројни и локални врнежи од дожд и засилен ветер. Облакот се движи источно кон Битола.

На радарската слика можете да го погледнете облакот:

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил  на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

6 Прегледи

СИЛНО НЕВРЕМЕ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЦЕЛИОТ БАЛКАНСКИ ПОЛУОСТРОВ

Со почетокот на новиот месец (јуни) следува голема дестабилизација на атмосферата над целиот Балкански Полуостров вклучувајѓи ја и Македонија па поради ова на многу места ќе има поројни врнежи од дожд, засилен ветер и силни грмежи. Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и град. Во делови на Балканот не се исклучува можноста дури и за појава на Суперќелијски облаци.

Ваквата ситуација може да предизвика и локални поплави низ Балканот.

Во Македонија поголема дестабилизација на атмосферата ќе има некаде од втори јуни но за кај нас детална анализа на времето и што може да очекуваме следува наскоро.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

5 Прегледи

Конечно следува стабилен и сув ден (но само еден)

Во текот на утрешниот ден (31.05.2017) времето во државава ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Сепак во попладневните часови мали се шансите во планинските предели за сосема краткотраен дожд.

Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 25 до 32 степени.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

7 Прегледи

Развој на конвективна облачнос: Погледнете каде ќе предизвика поројни врнежи

Во текот на денешното попладне развој на конвективна облачност ќе има особено во планинските предели но и на оние населени места кои се наоѓаат во близина на планините, ова особено важи за западните предели од државава. Оваа облачност ќе предизвика локален краткотраен но пороен дожд проследен со грмежи.

Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 21 до 28 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

7 Прегледи

НА ПОВИДОК НОВО НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ (ПРВИЧНА АНАЛИЗА)

Почнувајќи од среда (31.05.2017) територијата на Балканскиот Полуостров ќе започне да подпаѓа под влијание на многу нестабилна и влажна нестабилна воздушна маса која ќе услови нов развој на конвективна облачност која на многу места ќе условува пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава и на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силенен ветер, силни електрични празнења и град кој можно е да биде од поголема величина. Сепак и покрај ова останува релативно топлото време.

Значително понестабилна атмосфера во нашата држава ќе има од самиот почеток на месец јуни кога ќе има на повеќе места нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално можна е појава на НЕВРЕМЕ со интензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и појава на град. Сепак околу ова детална аналзиа само за Македонија следува најдоцна до четврток.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

9 Прегледи