СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО СЕВЕРОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА!

Попладнево североисточните предели на државава се зафатена од влажна и исклучително нестабилна воздушна маса која во овие предели условува поројни врнежи од дожд, силни грмежи, засилен ветер и локална појава на град. Понатаму во текот на вечерните часови времето ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Во текот на вечерните часови со северен ветер ќе започне и значителен и брз пад на температурите.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

26 Прегледи

ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: НЕВРЕМЕТО ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА!

Во овие попладневни часови северозападните предели на државава се зафатени од влажна и нестабилна воздушна маса која се спушта од северозапад и токму во овие предели веќе условува локална појава на пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер а има и локална појава на град. Понатаму во попладневните часови особено северните, североисточните и источните предели ќе бидат под влијание на исклучително влажна и нестабилна воздушна маса која ќе предизвика нестабилно облачно време на повеќе места со пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер. Поради судирот на ладен и топол воздух локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и град.

Температурите на воздухот од доцна попладнево и вечерва ќе започнат нагло да опаѓаат.

Локално НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, и силни електрични празнења можно е и во Скопскиот регион.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

31 Прегледи

НОВ ПОСИЛЕН ПОТРЕС ВО ЈУГОЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА!

Посилен земјотрес денес во 11:39 часот ја стресе југозападна Македонија. Земјотресот е со епицентар во Охридско и истиот е со интензитет од 4 степени според Рихтеровата скала и се наоѓа на5 километри длабочина. Инаку за 10тина дена во овој ден на државава се регистрирани дури близу 1000 потреси.

За нови и детални информации околу временската состојба во државава следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

33 Прегледи

КАТАСТРОФАЛНА ПЛИМА НОСЕШЕ СЕ ПРЕД СЕБЕ!

Завчера Стари Град, град кој е подложен на вакви опасни ситуации завчера беше погоден од катастрофална Плима која носеше се пред себе. Овој град се наоѓа во Хрватска.

Погледнете како изгледаше ситуацијата:

 

За нови и детални информации околу временската состојба кај нас следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

 

31 Прегледи

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: НЕВРЕМЕ ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА!

Во текот на денешното претпладне во државава сеуште времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО додека од попладневните часови па натаму поради продор на значително посвежа воздушна маса од север која ќе се судира со екстремно топлиот воздух од југ на повеќе места ќе се развива нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензнивен пороен дожд, силен  ветер, силни електрични празнења и град. Услови за локално НЕВРЕМЕ ќе има и во Скопскиот регион.

Од доцна попладне и навечер температурите на воздухот ќе бележат тенденција на брз и ДРАСТИЧЕН пад.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

ВО СЛУЧАЈ НА ПОЈАВА НА ЕЛЕКТРИЧНИ ПРАЗНЕЊА ВЕ СОВЕТУВАМЕ ДА НЕ ПРЕТСТОЈУВАТЕ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР И ПОД ОСАМЕНИ ДРВЈА, ИСТО ТАКА ДА НЕ СЕ ЗБОРУВА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ДОДЕКА СЕ ВРШАТ ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ПРАЗНЕЊА А ОВЧАРИТЕ ДА СИ ГИ ЗАШТИТАТ СВОИТЕ СТАДА ОДНОСНО ДА ГИ ДЕЛАТ ВО ПОВЕЌЕ ГРУПИ.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

 

 

27 Прегледи