СЛАВЧО ПОПОСКИ: БИОМЕТЕОРОЛОШКА ПРОГНОЗА ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ!

Тропскиот бран кој владее во државава и кој ќе се здржи и во следните неколку дена лошо ќе влијае кај метеопатите но потрешкотии можно е да имаат и останатите граѓани. Потешкотии се јавуваат поради влажноста која е присутна во воздухот и истата условува да имаме спарно време.

Метеопатите овие денови ќе осеќаат поголеми потешкотии односно главоболки како и повремена нервоза но и несоница.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

26 Прегледи

НЕВООБИЧАЕНА ПОЈАВА: ДОБРО ИЗРАЗЕНО ТОРНАДО НАД ПЕЛАГОНИЈА!

Во текот на денешното попладне (10.07.2017) атмосферата над Пелагонија беше многу нестабилна и исполнета со енергија па во ваква ситуација се развиваат олујни системи кои условуваат поројни врнежи од дожд, грмежи, засилен ветер и град.

Сепак во текот на нестабилноста која се појави во Пелагониско дојде до формирање на една невообичаена појава за нашата држава, станува збор за добро развиено Торнадо над овој дел на државата а тоа можете да го погледнете на следната фотографија:

Инаку ваквите метеоролошки појави секако дека не се вообичаени за нашата држава.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

42 Прегледи

ВНИМАНИЕ: ЦЕЛИОТ РЕГИОН ВО ЖОЛТА, ПОРТОКАЛОВА И ЦРВЕНА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА!

Почнувајчи од денес па во следните два дена целиот регион ќе биде под ЖОЛТА, ПОРТОКАЛОВА И ЦЕРВЕНА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА поради ЕКСТРЕМНО топлиот бран кој не зафаќа и кој на некои места ќе предизвика температури од над 40 степени.

Целата територија на Македонија од утре (11.07.2017) влегува во ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА поради ЕКСТРЕМНО топлиот бран па така утре и во среда максималните дневни температури на воздухот ќе се искачат во интервал од 33 до 40 степени додека во централните и во југоисточните предели не се исклучува можноста температурите да се искачат над 40 степени.

Мало освежување на времето ќе има во четврток кога ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец додека понатамошно опаѓање на температурите ќе има и во петок.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ПИЕТЕ ПОВЕЌЕ ТЕЧНОСТИ, РАЗЛАДУВАЈТЕ СЕ И ИЗБЕГНУВАЈТЕ ИЗЛЕГУВАЊЕ НА СОНЦЕ ИЛИ ПАК ДОКОЛКУ ИЗЛЕГУВАТЕ СО СЕБЕ ПОНЕСЕТЕ СИ ЗАШТИТНА ОПРЕМА ОДНОСНО КАПА И ОЧИЛА ЗА СОНЦЕ.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

37 Прегледи

Анализа за тоа каде може да се очекува нестабилност денес попладне

Денес (10.07.2017) во текот на овие претпладневни часови времето во државава ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност.

Во попладневните часови услови за локална нестабилност ќе има особено во северните и во северозападните предели и тоа особено во планинските предели, потоа во јужните и во источните предели на државава. Од оваа нестабилност може да се очекува краткотраен пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за локална појава на град.

Максималната температура на воздухот денес ќе се искачи во интервалот од 30 до 37 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО висока вредност и ќе има коефициент од 10 до 11.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

22 Прегледи

Тлото не смирува: Нови земјотреси изминатата ноќ (Епицентри има и во Струга)

Нови пет земјотреси изминатата ноќ ја стресија југозападна Македонија од кој три се со епицентар во Охридскиот регион а два земјотреси се со епицентар во Струшко.

Најсилниот потрес е со интензитет од 3.3 степени според Рихтеровата скала. Инаку веќе еден месец овој регион го бтресат земјотреси од кој најсилниот се случи на 3 јули и тоа со интензитет од 5 степени според Рихтер и истиот предизвика и штети во Охрид и во Ресен.

27 Прегледи