ДОАЃА НОВ ТОПОЛ БРАН (ДЕТАЛНА АНАЛИЗА)

По невообичаениот студен бран кој ја зафати Македонија во изминатите два дена во текот на следните денови ќе имаме секојдневно покачување на температурите и тоа поради продор на нов топол бран од јужните географски широчини.

Времето ќе биде претежно сончево со умерена локална облачност претежно во попладневните часови. Во четврток и во петок во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер претежно во западните предели додека сабота во текот на денот ќе биде претежно стабилно а недела попладне повторно ќе има услови за изолирана нестабилност.

Температурите постојано ќе бидат во пораст и на почетокот сеуште на повеќе места ќе се искачат до околу 30 а потоа и над 30 степени па така за време на викендот максималните температури на воздухот ќе се искачат во интервалот од 30 до 38 степени.

УВ ИНДЕКСОТ повторно ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе има коефициент 10.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

31 Прегледи

ТЛОТО НА ТОРИСТИЧКИТЕ МЕСТА СЕ СМИРУВА – ПОВЕЛЕТЕ НА ОДМОР!

Полека тлото на туристичките места Струга, Охрид и Преспа се смирува и во последните неколку дена токму на овие места земјотреси не се забележани што значи дека по долг период со земјотреси и страв граѓаните може да спијат раат.

Им порачуваме на сите граѓани на државава кои се заинтересирани својот одмор да го поминат во овие туристички места слободно да патуваат кон овие релации и да уживаат во одморот.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

24 Прегледи

НЕМА МЕСТО ЗА ПАНИКА: ПАТУВАЈТЕ СЛОБОДНО ЗА СОСЕДНА ГРЦИЈА!

По страшното невреме кое ја зафати соседна Грција и кое носеше се пред себе и кое предизвика поплави на многу места и афтомобилите се најдоа под вода од денес (18.07.2017) па во следните денови во оваа држава ќе има стабилизирање на времето без врнежи и невреме со пораст на температурите на воздухот кој на многу места ќе се искачат до околи па и над 30 степени.

Нашите граѓани кој планираат да патуваат за Грција на одмор а се исплашени поради временските неприлики нема потреба од тоа што значи уште од денес можат да си прават планови за одмор и да си патуваат без никаква паника.

Сето ова значи дека големото невреме се смири и атмосферата се стабилизира.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

43 Прегледи

ФОТОГАЛЕРИЈА: РАЗОРНО НЕВРЕМЕ *ГРЦИЈА* (17.07.2017)

Следуваат застрашувачки фотографии од разорното невреме која ја погоди Грција:

За време на ова страшно невреме во делови од Грција наврнаа дури рекордни 300 л/м2 воден талог.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

61 Прегледи

АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО!

За разлика од вчерашниот и завчерашниот ден кога имавме на повеќе места врнежливо и невообичаено свежо па дури и студено време со северен ветер до крајот на денешниот ден (18.07.2017) времето во државава ќе биде сончево и малку потопло со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Попладне ќе има услови за слаб локален дожд додека маскималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 22 до 30 степени.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

40 Прегледи