МАКСИМУМ НА АФРИКАНСКИОТ БРАН!

Утре (23.07.2017) и во понеделник (24.07.2017) територијата на Македонија ќе биде под максимумот на овој Афркански бран па поради тоа времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со умерена локална облачност во попладневните часови кога не се исклучува можноста за само изолирана појава на нестабилност.

Максималните температури на воздухот во текот на овие два дена ќе се искачат во интервалот од 32 до 40 степени.

Од вторник ќе има постепено освежување на времето.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

8 Прегледи

АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: НАЈАВА!

Од вторник 25.07.2017) полека од северозападните предели на државава ќе започне освежување на времето и пад на температурите на воздухот а попладнето ќе има услови за изолиран развој на нестабилност.

Во среда максималните температури на воздухот ќе бидат за неколку степени пониски и ќе се искачат во интервалот од 28 до 35 степени додека во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за град.

Во четврток времето ќе биде променливо и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а ќе има услови и за локално НЕВРЕМЕ со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и град додека максимумот на температурите ќе се искачи во интервалот од 23 до 31 степен.

Нов топол бран се очекува некад ена самиот крај на овој и на почетокот на другиот месец.

Почитувани граѓани: Поради тоа што се работи за нешто подолгорочна прогноза промени на истата се сеуште можни па затоа оваа прогноза ќе биде обновена понатаму и за се навремено ќе бидете информирани.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

5 Прегледи

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО СЛЕДУВА!

Од денес попладне (22.07.2017) па во следните неколку денови поточно некаде до среда од Сахара кон нашите краишта ќе се врши транспорт на прашина и песок и тоа поради влијанието на силното југозападно воздушно струење на висина.

Во почетокот на наредната недела особено во вторниќ ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец а максималните температури некаде до вторни ќе бидат многу високи и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени додека во централните и во југоисточните предели на државава истите можно е да се искачат до 40 степени.

Од среда следува освежување на времето но детални информации околу ова наскоро.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

 

9 Прегледи