ПРОЛЕТНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ПРОДОЛЖУВААТ – И ПОНАТАМУ ЌЕ СЕ МЕРАТ НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ

Под влијание на невообичаено топол воздух и јужно воздушно струење и во текот на следните денови во нашата држава ќе се мерат невообичаено високи температури на воздухот за овој зимски период од годината.

И покрај промената на времето во текот на следните денови која ќе донесе повеќе облачност но и врнежи сепак максимумот на температурите на воздухот речиси насекаде ќе се искачуваат до околу 1-тиот степен додека во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачат дури до околу 17, 18 степени што е несвојствено навистина за овој дел од годината.

Поради невообичаено топлото време ќе продолжи топењето на снежната покривка а снег можен е само на високите планински места.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

43 Прегледи

МНОГУ ВЕДРИНА И ТОПЛИНА – ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ! МОМЕНТАЛНА СИТУАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Почитувани граѓани продолжува да трае невообичаеното топло време кај нас и вистинската пролет проследена со многу сонце и топлина.

Територијата на нашата држава е под влијание на невообичаено топла воздушна маса која продира од јужните географски широчини (Северна Африка) и истата условува многу високи температури на воздухот кој се идеални за понатамошно будење на природата.

Сепак како што претходно објавивме во најновата и обновена детална анализа студениот бран кој доаѓаше кон нашата територија сепак ќе изостане и тоа нема да се случи барем засега и барем според најновите анализи направени со помош на нашите најпрецизни метеоролошки модели во светот.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ 

КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

57 Прегледи

ОБНОВЕНА И ДЕТАЛНА АНАЛИЗА – ПОСТЕПЕНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО НО ЌЕ СЕ ЗАДРЖИ И ПОНАТАМУ ТОПЛО!

Почитувани граѓани со последните анализи кој ние ги направивме веќе од утре (четврток) ќе започне постепена промена на времето и зголемување на облачноста а има услови и за сосема слаб локален дожд.

Многу повеќе облаци ќе има од петок кога ќе има локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет и тоа особено попладнето и вечерта на запад и југозапад.

Одсега гледано повеќе врнежи ќе има вечерта и ноќта сабота кон недела.

Поради релативно високите натпросечни температури на воздухот снег ќе паѓа само на повисоките планини.

Со оглед на големите промени на метеоролошките модели кој често се случуваат по потреба ќе објавувам нови, детални и обновени анализи со цел најрано и најпрецизно да ве информираме за временската состојба која не очекува понатаму.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

41 Прегледи

НИТУ ЕДЕН ОБЛАК И МНОГУ ТОПЛИНА – ИЗМЕРЕНИ РЕЧИСИ 20°C ВО МАКЕДОНИЈА

Африкански бран и невообичаено високи температури на воздухот како и многу сонце и топлина во нашата држава. Таква е сликата во поглед на времето кај нас.

Денес (вторник) како и вообичаено најтопол град беше Гевгелија каде се измерени дури 19°C.

Токму ова многу топло време условува и значително топење на снежната покривка на планините како и на скијачките центри. Ваква е ситуацијата поради поларната зима во САД која речиси цела зима владее токму таму.

Ваквите невообичаено високи температури на воздухот ќе услови понатамошно будење на природата.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

44 Прегледи

ТЕМПЕРАТУРИ ДО ОКОЛУ -40 °C, САД ОКОВАНИ ВО МРАЗ А ВО МАКЕДОНИЈА ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ!

САД овие денови повторно се оковани во мраз и во екстремно ниски температури на воздухот кој паѓаат дури и до околу -40 степени на некои места.

Од друга страна пак во нашата држава владее вистина пролет со невообичаено високи дневни температури на воздухот кој се дури и за повеќе од десет степени повисоки од нормалните за овој зимски период од годината.

Токму ова се случува поради тоа што поларните јадра од Арктикот директно се спуштаат кон САД и условуваат екстремно ниски температури на воздухот. Сето ова предизвикува слободно над нашите краишта да продира невообичаено топол бран кој е со потекло од Северните предели на Африка.

Инаку САД речиси цела зима се соочуваат со екстремно ниски температури на воздухот и многу снег додека ние во Македонија сеуште никако да видиме вистинска зима и снег каков што ни е потребен.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

46 Прегледи

АФРИКАНСКИ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА СРЕДЕ ЗИМА – ТЕМПЕРАТУРИ ДУРИ ДО ОКОЛУ 20°C!

Територијата на нашата држава како што и претходно информиравме е под влијание на Африкански бран и на невообичаено топла воздушна маса кој денес (понеделник) услови невообичаено високи температури на воздухот па така најтопол град беше Гевгелија каде се измерени 18°C.

Во следните два до три дена во централните и во југоисточните предели температурите на воздухот можно е да бидат дури и повисоки и истите може да се искачат дури и до околу 20 степени.

Очекуваните температури за следните неколку денови но и оние кои ги имавме денес (понеделник) се повисоки од нормалните дури за повеќе од 10 степени што е премногу.

Сепак во ноќните и во утринските часови ќе биде релативно студено па така понекаде температурите на воздухот ќе се спуштаат во негатива.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

72 Прегледи

ВИСТИНСКО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ – МНОГУ СОНЦЕ И ТОПЛИНА, ВО МАКЕДОНИЈА ИЗМЕРЕНИ 18 °C!

Анализите на времето кој ние ги најавувавме уште дури пред речиси една недела повторно испаднаа 100 % прецизни.

Територијата на нашата држава е под влијание на невообичаено топла воздушна маса која продира од јужните географски широчини (Северна Африка) и токму овој продор го предизвикува Арктичкиот воздух кој се спушта во деловите на САД.

Кај нас владее право пролетно сонце кое е проследено со многу сонце и топлина во текот на денот па така денес (понеделник) во државава се измерени дури 18 степени и тоа во Гевгелија.

Во продолжение погледнете ги максималните дневни температури измерени денес (понеделник) ширум Македонија:

Maximum temperature in 24h. 01/29/2018 at 12:00 UTC
(19 of 19 stations)
1 Gevgelija (Macedonia, The Republic of) 18.2 °C
2 Kriva Palanka (Macedonia, The Republic of) 13.5 °C
3 Tetovo (Macedonia, The Republic of) 13.4 °C
4 Strumica (Macedonia, The Republic of) 12.7 °C
5 Berovo (Macedonia, The Republic of) 11.7 °C
6 Skopje-Zajceprid (Macedonia, The Republic of) 11.6 °C
7 Prilep (Macedonia, The Republic of) 11.5 °C
8 Pretor-Pgc (Macedonia, The Republic of) 11.4 °C
9 Bitola (Macedonia, The Republic of) 11.0 °C
10 Lazaropole (Macedonia, The Republic of) 11.0 °C
11 Demir Kapija (Macedonia, The Republic of) 10.9 °C
12 Stip (Macedonia, The Republic of) 10.8 °C
13 Topolcani-Pgc (Macedonia, The Republic of) 10.6 °C
14 Skopje-Petrovec (Macedonia, The Republic of) 10.5 °C
15 Pozarane-Pgc (Macedonia, The Republic of) 10.3 °C
16 Vinica-Pgc (Macedonia, The Republic of) 9.2 °C
17 Gjuriste-Pgc (Macedonia, The Republic of) 8.9 °C
18 Ohrid (Macedonia, The Republic of) 8.5 °C
19 Ohrid-Aerodrome (Macedonia, The Republic of) 7.5 °C

back to index 

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

81 Прегледи

МЕТЕОМАКС ОД БЕРЛИН ЈА НАЈАВУВА НАГЛАТА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА ОВОЈ ПЕТОК (АНАЛИЗА)

Почитувани граѓани вистинското пролетно време без врнежи ќе трае се до овој четврток проследено со невообичаено високи температури на воздухот кој во централните и во југоисточните предели ќе се искачат дури и до околу 18 степени.

Веќе во петок под влијание на влажен воздушен бран најпрвин на запад а попладнето и вечерта и насекаде низ државава ќе има врнежи од дожд а на високите планини ќе паѓа снег.

Поради продор на значително постуден воздух од север вечерта и во текот на ноќта кон сабота ќе има НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето и пад на температурите на воздухот дури за околу 15тина степени па и повеќе (понекаде).

Ќе дува засилен ветер од јужен и од југозападен правец меѓутоа вечерта ветерот ќе го промени својот правец во северен.

Поради падот на температурите на воздухот и заладувањето снежната граница ЗНАЧИТЕЛНО ќе се спушти (на околу 500 – 600 м.н.в.) може и нешто пониско (локално).

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

61 Прегледи

БИОМЕТЕОРОЛОШКА ПРОГНОЗА НА ПОПОСКИ – НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ ДНЕВНИ ТЕМПЕРАТУРИ И МАЧНИНИ

Почитувани граѓани со оглед на тоа дека овие денови како и во текот на следните неколку денови ќе имаме невообичаено високи дневни температури на воздухот додека наутро ќе биде релативно студено биометеоролошките услови ќе бидат релативно НЕПОВОЛНИ па така поради овие големи промени на минималните и на максималните температури на воздухот како и поради невообичаено високите дневни температури на воздухот особено кај метеопатите но и кај дел од обичните граѓани ќе има појава на тежина на телото и на главата а можна е појава и на главоболки како и болки во коските и на местата на старите рани.

Исто така не е чудо да ви се појави и повремена нервоза како и несоница.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

48 Прегледи

НИТУ ЕДЕН ОБЛАК НАД МАКЕДОНСКОТО НЕБО – СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ!

Ова претпладне во државава како што можете да погледнете на горната радарска слика има целосна ведрина.

Сето ова е увод за вистинската пролет која не очекува во текот на следниот временски период. Температурите на воздухот ќе бидат во ГОЛЕМ ПОРАСТ и истите ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО високи за овој зимски период од годината.

Многу сонце и ведрина со максимум на температурите на воздухот кој речиси насекаде ќе се искачуваат до околу 10тиот степен па и повеќе додека во централните и во југоисточните предели истите ќе достигнат дури и до 16, 17 степени, тоа е сликата за следниот период за нашата држава.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

44 Прегледи