ПОПОСКИ ВИ ОТКРИВА: СИБИРСКАТА ЗИМА ВО САД ЌЕ БИДЕ КРИВЕЦОТ ЗА ПРОЛЕТНАТА ЗИМА КАЈ НАС!

Почитувани граѓани во последниот период северот на САД се погодени од навистина екстремно поларна зима и интензивни снежни врнежи. Температурите на воздухот се спуштаат и до -40 степени а понекаде дури и до околу -50 степени. Овој екстремен студе ќе се задржи до самиот крај на оваа недела.

Со повлекување на овие поларни јадра кон северен Атлантик над нашите краишта од јужните географски широчини ќе продре невообичаено топла воздушна маса која ќе предизвика ЗНАЧИТЕЛНО повисоки температури на воздухот од просечните за овој дел од годината каде на некои места особено во централните и во југоисточните предели ќе се искачат дури до околу 15, 16 степени. Да напомене уште еднашка само дека по котлините и по речните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност и таму температурите на воздухот ќе останат пониски.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

55 Прегледи

НАЈПОЗНАТИОТ МЕТЕОРОЛОГ ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: ДОАЃААТ ТЕМПЕРАТУРИ НЕСВОЈСТВЕНИ ЗА ОВОЈ ДЕЛ ОД ГОДИНАТА!

Почитувани граѓани во следниот период поради продор на значително потопла воздушна маса од јужните географски широчини кон нашата територија температурите на воздухот ќе бидат во ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и истите ќе бидат повисоки од просечните дури за околу десер степени.

Времето ќе биде стабилно, сончево и суво без врнежи. Утре (петок) позначителна облачност ќе има на истокот од државава и тоа особено во текот на претпладнето додека сабота ќе биде претежно сончева додека од недела ќе има постепено зголемување на облачноста но останува невообичаено топло за овој дел од годината.

Мора да напоменеме дека поради намалување на брзината на ветерот и поради зголемената влажност во воздухот по котлините и по речните долини секако вклучувајќи ја и Скопската котлина ќе има појава на магла и на ниска облачност па така на местата со магла и температурите на воздухот ќе останат нешто пониски.

Во следниот период максимумот на температурите на воздухот на многу места ќе се искачуваат до околу 10 степени додека во централните и во југоисточните предели дури и до околу 15, 16 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

41 Прегледи

АНАЛИЗА НА ПОПОСКИ: СНЕГОТ СЕ ТОПИ НЕНОРМАЛНО (ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ)!

Изминатата ноќ студениот моќен фронт од север кој помина над нашата држава услови врнежи од снег на повеќе места додека во центрачните предели и на југоисток истите беа од дожд и снег а локално и само од дожд.

Поинтензивни снежни врнежи имаше на западот и југозападот на државава каде на повеќе места се формираше и снежна покривка, пооголема на планинските места а помала по котлините. Сепак сето тоа траеше многу кратко па веќе во текот на денешното претпладне фронтот замина и врнежите престанаа а облачноста започна да се намалува и времето е сончево и релативно ТОПЛО со умерена облачност.

Сепак по заминување на овој фронт започна да дува северен ветер кој на повеќе места повремено е засилен по интензитет.

Да напоменеме дека поради релативно високите температури на воздухот како на пониските така и на повисоките места снегот ненормално се топи што стварно е нелично за овој дел од годината.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

42 Прегледи

ПО НАШАТА ДРЖАВА – СТРАШЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ЦРНА ГОРА! ДЕТАЛИ

Страшен земјотрес со интензитет од 5.2 степени според Рихтеровата скала денес во 12:46 часот ја погоди Црна Гора. Земјотресот е со епицентар во Прњавор.

Земјотресот се наоѓа на 10 километри длабочина. Засега нема информации за штети но сепак ваков силен земјотрес секако дека може да предизвика штети.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

29 Прегледи

НОВА ДЕТАЛНА И ОБНОВЕНА АНАЛИЗА ОКОЛУ ФРОНТОТ ОВАА НОЌ

Оваа ноќ фронтот кој ќе стигне ќе услови врнежи претежно од снег додека во централните и во југоисточните предели врнежитње ќе бидат од дожд и снег а локално и претежно од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во западните и во југозападните предели каде на некои од котлините ќе се формира снежна покривка од над 5 цм додека на планините и над 10 цм.

Да напоменеме дека по котлините снегот кој се очекува ќе биде нешто повлажен. Сепак се работи за брз фронт па така веќе во текот на утрешното четврточно претпладне врнежит еќе престануваат а ќе дува и умерен, на повеќе места повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Да напоменеме дека оваа нок понекаде и на западот и западо од државава по котлините најпрвин може да има и дожд или дожд и снег.

Минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -3 до 4 степени додека максималните дневни ќе се искачат во интервалот од 2 до 9 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

35 Прегледи