ЗА СТРУГА И СТРУЖАНИ: АНАЛИЗА ЗА МАГЛАТА КОЈА СЕ ПОЧЕСТО СЕ ПОЈАВУВА ВО СТРУГА

Почитувани мои сограѓани овој период сме сведоци на густа магла која почесто се јавува во Струшката котлина, токму поради ова многу од вас стружани сте изненадени зошо токму кај нас се појавува истата. Според ваше мислење таа премногу ретко се јавува во нашиот предел и е невообичаено да се појавува вака често како што е ситуацијата сега. Нема врска тоа!

Маглата во Струга во текот на зимскиот период не се појавува секогаш точно но не е и невообичаена. Оваа година имаме голем недостаток на врнежи од снег и владее силен антициклон кој условува стабилно и суво време и невообичаено топло време на попвисоките предели и на планините значи многу потопло е на поголема надморска височина.

Оиве денови како се створи маглата во Струшката котлина? Ветерот значително ја намали својата брзина а релативната влажност во воздухот ЗНАЧИТЕЛНО порасна и истата достигна вредост дури од околу па и преку 80 %. Во ваква ситуација кога владее антициклон и времето е тивко буквално секундарно доаѓа до формирање на магла и на ниска облачност која условуваат значително намалена видливост и до околу 500 – 600 метра.

Значи заклучок на сето ова е недостатокот на ветер и големата влност во воздухот која ја имаме и ова не е ништо невообичаено за овој град иако некој граѓани токму ова го сметаат за невообичаена појава за Струшкиот регион.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

23 Прегледи

ПРОЛЕТ! БУКВАЛНО ЦЕЛ ЕВРОПСКИ КОНТИНЕНТ МНОГУ ПОТОПОЛ ОД ПРОСЕКОТ (АНАЛИЗА)

Буквално цел Европски Континет овој Јануари е ЗНАЧИТЕЛНО потопол од просекот за овој дел од годинита и има навистина невообичаено високи температури на воздухот. Особено топло е на истокот но и на југоистокот од истиот вклучувајќи го и Балканскиот Полуостров каде владее вистинска пролет и температурите на воздухот се многу високи (пролетни)

Ваквото невообичаено топло време предизвика и расцветување на пролетните цвеќиња. Поради ваквото топло време засилени се грипомиве и настинките помеѓу граѓаните и ретко може да се види човек кој нема вирус.

Во ваква ситуација поточно на антициклон во зимскиот период карактеристична е маглата која ја имаме по котлините и по речните долини и истата во некои од котлините е густа и условува видливост помала од 500 – 600 метри.

На таквите места и температурите на воздухот се нешто пониски. Со ова секако дека растат и условите за значителното зголемување на загаденоста во воздухот и на штетните честички.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

30 Прегледи

НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО, МНОГУ ВИРУСИ И НАСТИНКИ, МАГЛА: ДАЛИ Е ОВА НОРМАЛО?! (АНАЛИЗА НА НАЈПОЗНАТИОТ МЕТЕОРОЛОГ ПОПОСКИ)

Невообичаено високи температури на воздухот, топење на снежната покривка на повисоките места и на планините, недостаток на снег за скијање и појава на магла и ниска облачост по котлините и по речните долини, дали сето ова е нормално?!

Секако дека ваквко нешто не е нормално да се јавува во овој дел од годината иако се јавувало и изминатите години во текот на зимскиот период. Зошто не е нормално? Ваквото време може да услови само појава на настинки и на грипови како и потешкотии кај метеопатите како и зголемување на условите за загадување низ котлините каде обично најчесто се појавува како на пример во Скопје, Тетово и Битола.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

26 Прегледи

ЦЕЛА ЈУГОИСТОЧНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ЗИМА И СНЕГ (МНОГУ ПОТОПЛО ОД ПРОСЕКОТ)

Додека САД подолг период мрзне во екстремно ниски температури и снег цела југостиочна и источна Европа е во очекување на истиот и навистински зимски температури на воздухот.

Во цела југоисточно но и источна Европа овој период владее невообичаено топло време за овој дел од годината проследено со невообичаено виоки температури кои се за околу 10тина па дури и повеќе степени повисоки од просечните за овој дел од годината.

Токму поради повлекување на поларните јадра од САД према Атлантикот над нашите краишта од јужните географски широчини дојде до продор на невообичаено топла воздушна маса од јужните географски широчини.

Исклучок се котлините и речните долини каде на повеќе места има магла, ниска облачност и намалена видливост патака на овие места температурите на воздухот се нешто пониски што е и многу нормално но и оваа магла е сосема очекувана.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

27 Прегледи

ВНИМАВАЈТЕ: ГУСТА МАГЛА И НИСКА ОБЛАЧНОСТ (АНАЛИЗА)

Под влијание на антициклон и висок воздушен притисок во државава нема никакви врнежи и е значотелно потопло од просекот за овој дел од годината и тоа особено на повисоките места и на планините додека по котлините има магла и ниска облачност кој во некои котолини е ГУСТА и устовива значително немалена видливост. Поради маглата и ниската облачност токму во котлинит етемпературите на воздухот се нешто пониски.

Маглата и ниската облачност и натаму ќе се задржува по котлините и по речните долини па така на возачите им препорачуваме КРАЈНО да внимаваат како управуваат со своите автомобили со цел да не дојде до некој несакана ситуација.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

28 Прегледи