КАЈ НАС ПРОЛЕТ – НА ЕВРОПСКИТЕ АЛПИ ЕКСТРЕМНО КОЛИЧЕСТВО НА СНЕГ (НАД ДВА МЕТРИ НОВ СНЕГ)

Додека кај нас веќе подолг временски период владее вистинска пролет и невообичаено високи температури на воздухот на Европските алпи имаме сосема друга ситуација поточно вистинска зима и МНОГУ ОБИЛНИ снежни врнежи. Обилен снег падна на југоистокот од Франција, северозападна Италија, Швајцарија а снег падна дури и на Сахара и тоа дури околу 40 санитемтри но овој снег во овој дел веќе започна да се топи.

Снег на Сахара врне веќе две години по ред. Поради интензивните снежни врнежи некои делови од овие држави се одсечени од светот.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

45 Прегледи

ВТОРАТА ПОЛОВИНА ОД ОВОЈ МЕСЕЦ: ПОСТУДЕНО И МОЖНОСТ ЗА ПОЛАРЕН БРАН (АНАЛИЗА)

Почитувани граѓани според подолгорочните анализи кој ние ги направивме вечерва укажуваат на тоа дека во текот на втората половина од овој месец ќе биде постудено а со тоа и растат условите за снежни врнежи.

Во ваква ситуација можен е продор на поларен бран од северна и од североисточна Европа. Метеоролошките модели полека се усогласуваат и повеќе модели цртаат продор на поларен бран околу 20 јануари.

Сепак со оглед на тоа дека се работи за подолгорочно анализирање на времето ова да не се зема здраво за готово затоа што прогнозите што се се подолгорочни тоа се по несигурни и измени на истите можни се и понатаму.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

39 Прегледи

ВО ЖИВО ГО СЛЕДИМЕ ВРЕМЕТО: ЈУГОЗАПАДНО ОД МАКЕДОНИЈА ИМА ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ!

Во овие рани вечерни часови југозападно од нас поточно некаде во Лонското море владее голема нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилување на ветерот. вВо ваква ситуација можна е и локална појава на град поради изразената нестабилност што токму овдека ја има.

Овие врнежи кај нас ќе стигнат до утре (четврток) во утринските часови и тоа во вид на доста послаби и локализирани врнежи и тоа на крајниот запад и северозапад од државава додека на планинските предели ќе има слаби врнежи од снег.

Послаби локални врнежи од дожд иснег на планините ќе има и во текот на утрешниот четврточен ден додека маскималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

34 Прегледи

АНАЛИЗА НА ПОПОСКИ: ДОАЃА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО А УСЛОВИТЕ ЗА МАГЛА ЌЕ СЕ НАМАЛУВААТ!

Иако ќе ја има и натаму маглата сепак нема да ја има речиси во сите котлини туку истата ќе ја има само по одделни котлини. Поради приближување на влажен воздушен бран во текот на претстојната ноќ поточно кон раните утрински часови од утрешниот четврточен ден на запад ќе има услови за локални врнежи од дожд додека на планините ќе има услови за врнежи од снег.

Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Токму со ова почнува период со нешто почести врнежи а од недела поради продор на постуден воздух од север повремени врнежи од снег освен на планините ќе има и на повисоките места.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

28 Прегледи