МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ НАЈАВУВА: ОД УТРЕВЕЧЕР ДОАЃА СТУДЕН БРАН А ЗА ПРАВОСЛАВНА НОВА ГОДИНА ЌЕ ВЕЕ СНЕГ!

Под влијание на влажна и студена воздушна маса која ќе започне да продира уште од утрешната ноќ во недела и во понеделник ќе услови на повеќе места повремени врнежи претежно од снег во северната и источната половина на државава додека на другите места врнежите ќе бидат од дожд и снег на пониските и снег на повисоките места и на планините. На повисоките места и на планините ќе се формира а таму каде што веќе има ќе се зголемува снежната покривка.

Потенка снежна покривка можна е и по некои котлини од северната и од источната половина на државава а ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Минималните температури на воздухот за време на овој студен бран ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени додека маскималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени.

Да напоменеме дека повеќе врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник и тоа во западните, северозападните и о крајните североисточни и источни предели од државава.

Одсега гледано поголем влажен бран со врнежи ќе имаме во вторник навечер и среда но детална и официјална анализа околу ова многу наскоро.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

39 Прегледи

ЛЕДЕНА ДОБА ВО САД: ИЗМЕРЕНИ ДУРИ РЕКОРДНИ -48°C! (АНАЛИЗА)

Веќе долг временски период САД се зафатени од навистина многу поларна зима (ледена доба) која предизвика интензивни снежни врнежи и буквално замрзнување на најголем дел од САД.

Денешниот петочен ден во САД е навистина ЛЕДЕН каде се измерени РЕКОРДНО НИСКИ температури на воздухот. Погледнете ги денешните измерени температури на воздухот на следната метеоролошка карта:

На оваа метеоролошка карта можете да погледнете дека во делови од САД денес се измерени дури рекордни -48 степени. Токму ова е поради спуштање на многу силни поларни јадра од Арктикот кон САД.

Дали поларните јадра во следниот период ќе се спуштат конечно и кон нашите краишта од Европа останува да видиме како ќе се одвиваат понатаму работите.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

 

57 Прегледи

СИНОЌА СКИЈАЧКИТЕ ЦЕНТРИ ПОБЕЛЕА – ИСТИТЕ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ПОВЕЌЕ СНЕГ (АНАЛИЗА)

Синоќа врнежите од снег на скијачките центри Попова Шапка и Маврово успеаа само малку да ја надополнат веќе постоечката снежна покривка. Сепак сеуште е далеку ова да се нарече вистински снег и истиот не е доволен за скијање.

Сепак според денешните најнови направени анализи од наша страна во текот на следниот период планините очекуваат нешто повеќе снежни врнежи поради продорот на постуден воздух од север па така се надеваме дека овие скијачки центри ќе добијат нешто повеќе снег.

Нова детална анализа околу снегот следува наскоро.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

25 Прегледи