ЗАПОЧНА НАТРУПУВАЊЕТО НА СНЕГОТ – СЕ ПОДОБРУВА СЕЗОНАТА ЗА СКИЈАЊЕ (АНАЛИЗА)

Оваа вечер скијачкките центри Попова Шапка и Маврово уживаат во вистинска снежна бајка каде врне снег а снежната покривка постојано расте а ќе расте и понатаму со што сезоната за скијање значително ќе се подобри во следниот период.

Снег врне и на повисоките места додека во котлините го има во северните, североисточните и во источните предели на државава додека во останатите котлини врне дожд или мешавина од дожд и снег а на југоистокот само дожд.

Врнежите се со слаб до умерен а понекаде и со умерен интензитет а така ќе продолжат и понатаму.

Со ова лубителите на зимските спортови ќе можат да уживаат во снежната бајка но и во скијањето во текот на следниот период кој што ни претстои.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

22 Прегледи

СНЕГ ВЕЕ ВО ДРЖАВАВА – ДОАЃААТ И НОВИ ВРНЕЖИ (АНАЛИЗА)

Во овие вечерни часови територијата на нашата држава е под влијание на влажна и студена воздушна маса која се спушта од северните географски широчини и истатата условува слаби врнежи претежно од снег во северните, североисточните и во источните предели додека на другите места врне дожд или дожд и снег на пониските додека на повисоките места и на планините.

Исто така на повисоките места и на планините вклучувајќи ги и скијачките центри Попова Шапка и Маврово снежната покривка се зголеми а со оглед на тоа дека врнежите продолжуваат и натаму истата ќе продолжи да се зголемува.

Натаму ќе продолжи да врне претежно снег во северните, североисточните и во источните предели додека на другите места на пониските места ќе врне дожд или дожд и снег додека на повисоките места и на планините снег а на југоисток дожд.

Врнежите ќе бидат со слаб до умерен, понекаде со умерен интензитет.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

24 Прегледи

РАНО УТРИНСКА АНАЛИЗА: ЗАПОЧНУВА ВЕЕЊЕТО НА СНЕГ ВО ДРЖАВАВА!

Во овие рани утрински часови полека територијата на нашата држава подпаѓа под влијание на релативно влажна и студена воздушна маса која се спушта од северните географски широчини.

Локално има слаби врнежи претежно од снег и тоа во Крива Паланка, Пробиштип но и локално на западот од државава и тоа особено на планинските предели.

Понатаму ќе продолжат локалните и претежно послаби врнежи претежно од снег во северните, североисточните и во источните предели додека на другите места ќе има слаби врнежи од дожд и снег на пониските и снег на повисоките места и на планините додека на југоисток ќе има слаби врнежи претежно од дожд.

Навечер и во текот на ноќта кон понеделник врнежите особено на западот понекаде ќе имаат и умерен интензитет како и во понеделник кога повторно понекаде ќе имаат умерен интензитет додека на повисоките места и на планините ќе има зголемување на веќе постоечката снежна покривка.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец и истиот понекаде ќе се засилува по интензитет. Максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 0 до 8 степени додека наутро ќе се спуштаат некаде од -4 до 3 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

25 Прегледи