ДОАЃА ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК (ВОДИЦИ): ПРВИЧНИ АНАЛИЗИ НА ВРЕМЕТО

Почитувани граѓани на пресрет ни доаѓа големиот Христијнаски празник Богојавление – Водици па на сите вас ве интересира какво време ќе имаме баш на овој голем Христијански празник.

Првичните анализи за време на овој празник го кажуваат следното: Претежно стабилно и суво време односно во текот на претпладнето претежно ведро на запад со малку облачност додека во текот на попладнето и вечерта нешто повеќе облаци па така на запад ќе има услови за слаб локален дожд и снег на планините а на овој ден ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени додека преку ден максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени.

Нови и по потреба ОБНОВЕНИ анализи очекувајте наскоро.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

31 Прегледи

НАЈПОЗНАТИОТ МЕТЕОРОЛОГ ПОПОСКИ: ВОНРЕДНО БИОМЕТЕО: ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА МНОГУ БРЗА И ОГРОМНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО!

Почитувани граѓани веќе ја најавивме наглата и ОГРОМНА промена на временската состојба кај нас за следниот период. Најпрвин ќе имаме нагло затоплување на времето што ќе биде краткотрајно а во среда навечер и во текот на ноќта кон четврток температурите на воздухот брзо ќе опаѓаат и за многу краток временски период од неколку часови на некои места ќе паднат дури за околу 15тина степени а може и повеќе.

До четврток наутро минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -8 до 1 степен додека на планинските и скијачките центри истите ќе се спуштат до околу -15 степени.

Сето ова ПРЕМНОГУ лошо ќе влијае врз граѓаните особено на оние кој ги мачи временската промена (метеопатите). Кај овие граѓани ќе се јавуваат здравствени проблеми односно можна е главоболка, тежина на телото и на главата, несоница и повремена нервоза како и болки во коските и на местата од старите рани. Овие симптоми кај некои од граѓаните можно е да бидат и позначителни и поизразени.

На граѓаните ги советуваме доколку осетат вакви тегоби и симптоми веднаш да се јават кај својот лекар. Исто така да напоменеме дека вакви симптоми можни се и кај дел од обичните граѓани.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

52 Прегледи

СРЕДА НАВЕЧЕР НАГЛО И БРЗО ЗАЛАДУВАЊЕ (ЗА ОКОЛУ 15°C) СИЛЕН И ОЛУЕН ВЕТЕР, ДОЖД, УСЛОВИ ЗА ГРМЕЖИ И СНЕГ!

Како што веќе најавивме утре (вторник) а особено во текот на денот среда ќе има НАГЛО ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето и тоа поради олујното југозападно и западно воздушно струење кое ќе услови ЗНАЧИТЕЛЕН пораст на температурите на воздухот и истите ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат на многу места до околу 10тина степени а може и повеќе. Најтопло ќе биде во централните предели од државава каде истите ќе се искачат до околу 15, 16 степени што е навистина многу топло за овој зимски период од годината.

Ќе има врнежи од дожд најпрвин во западните предели кој во текот на попладнето и вечерта ќе се прошират во најголемиот дел на државава. На почетокот врнежи од снег ќе има само на високите планински предели на државава меѓутоа вечерта и во текот на ноќта кон денот четврток поради БРЗОТО и НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето снежната граница значително ќе се спушти и провејување на снег ќе има и на некои од пониските предели.

Можна е и локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Оваа промена на временската состојба ќе биде проследена со ЗАСИЛЕН до СИЛЕН ветер од југозападен и западен правец кој локално може да има ОЛУЈНИ удари со што има услови на моменти ветерот да достигнува брзина од над 90 км/ час.

Температурите на воздухот ќе опаднат понекаде дури и за околу 15 степени па и за повеќе и до четврток наутро минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -8 до 1 степен додека на планинте на западот истите ќе се спуштат до околу -15 степени.

На планините и скијачките центри ќе дојде до ЗНАЧИТЕЛНО зголемување на снежната покривка.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

34 Прегледи

НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА: ВО СРЕДА НАГЛО КРАТКОТРАЈНО ЗАТОПЛУВАЊЕ И ОЛУЈНО ЈУГОЗАПАДНО И ЗАПАДНО СТРУЕЊЕ НА ВОЗДУХ!

Поради олујното југозападно и западно воздушно струење утре (вторник) а особено задутре (среда) ќе имаме нагло но краткотрајно затоплување на времето па така максимумот на температурите на повеќе места ќе се искачат до околу 10тиот степен а може и повеќе додека во централните предели на државава истите може да се искачат дури и до околу 15, 16 степени што ќе биде навистина надпросечно топло за овој дел од годината.

Покрај ова ќе дува и засилен до СИЛЕН, понекаде можно и ОЛУЕН ветер од југозападен и западен правец а покрај ова ќе имаме и поголем продор на влажен воздушен бран кој ќе услови врнежи а во вечерните часови и во текот на ноќта кон четврток и НАГЛО и ГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето.

Најнова анализа околу оваа ситуација ќе имаме во текот на овој ден што значи сите граѓани навремено ќе бидете информирани.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

24 Прегледи

СНЕГ НА МНОГУ МЕСТА -КОНЕЧНО СКИЈАЊЕ: СКИЈАЧКИТЕ ЦЕНТРИ НАТРУПАНИ СО СНЕГ – ЌЕ ВРНЕ И НАТАМУ (АНАЛИЗА)

Денешниот понеделнички ден а воедно и новата недела ја започнавме со врнежи од снег на повеќе места низ државава и тоа повеќе во северните, североисточните и во источните предели на државава каде потенка снежна покривка веќе се забележува и на некои од пониските места додека на повисоките места и на планините како и на скијачките центри Попова Шапка и Маврово веќе има позначителна снежна покривка што значи веќе може и да се ские на скијачките центри.

Понатаму врнежите од снег ќе продолжат на повисоките места и на планините каде снежната покривка постојано ќе расте. Повеќе врнежи ќе има на запад.

На пониските места врнежите ќе бидат претежно од дожд или од дожд и снег претежно на северот, североистокот и истокот на државава каде на некои места можно е да паѓа и влажен снег.

Максималните дневни температури на воздухот во текот на денешниот понеделнички ден ќе се искачуваат во интервалот некаде од 0 до 8 степени.

На следната фотографија можете да ја погледнете денешната ситуација на скијачкиот центар Попопова Шапка:

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

27 Прегледи