ДЕТАЛНА АНАЛИЗА: ПОМИНУВАЊЕ НА ДОЖДОТ ВО СНЕГ И ПОСТОЈАНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БЕЛАТА ПОКРИВКА

Почитувани граѓани како што веќе најавивме најприв особено утре (среда) ќе имаме ГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето а до навечер и во текот на ноќта кон четврток и НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето дури за околу 15 степени а може и повеќе.

Врнежите од запад до среда доцна попладне и навечер ќе се прошират во најголемиот дел од државава а со продорот на МНОГУ ПОСТУДЕН воздух од северните географски широчини врнежите на повеќе места ќе поминуваат во врнежи од снег а на повисоките места и на планините како и на скијачките центри снежната покривка постојано ќе се зголемува.

Тенка снежна покривка е можна и во некои од котлините во државава.

Можен е и локален развој на нестабилност проследена со грмежи.

Најголема внимателност овој пат ќе му обратиме на ветерот кој во текот на утрешното средочно попладне и навечер кон четврток ќе биде со ЗАСИЛЕН ДО СИЛЕН локално повремено и со ОЛУЕН итензитет па така локално ветерот ќе има удари дури до околу 100 км/час па токму поради ваквата ситуација на сите граѓани ги предупредуваме доколку се најдат во ситуација на силен ветер да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ каде се движат и исто така да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ кај ги ставаат своите автомобили со цел да не дојде до некоја несакана ситуација и штета на истиот.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

39 Прегледи

ВО ПРЕСРЕТ СМЕ НА СИЛЕН ЦИКЛОН: ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА!

До крајот на денешниот вторничен ден врнежи од дожд и снег на планините ќе има на запад од државава со што снежната покривка ќе продолжи да се зголемува.

Под влијание на СИЛЕН ЦИКЛОН утре (среда) во западните предели ќе продолжат врнежите од дожд и снег на повисоките планини каде ќе има понатамошно зголемување на снежната покривка.

Ќе дува ЗАСИЛЕН до СИЛЕН а локално повремено и ОЛУЕН ветер од југозападен а доцна попладнето и вечерта од западен правец. Локално ветерот повремено ќе достигнува брзина од дури околу 100 км/час. Можна е и локална нестабилност проследена со грмежи.

Во вечерните и во ноќните часови кон денот четврток од север ќе се спушти МНОГУ ПОСТУДЕН воздух со што врнежите од дожд на повеќе места ќе поминат во снег а снежната покривка постојано ќе расте.

Максимумот на температурите на воздухот утре (среда) ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени додека во централните предели и на југоисток истите ќе се искачат дури до околу 16 степеми меѓутоа вечерта и ноќта кон четврток МНОГУ БРЗО и НАГЛО ќе опаѓаат.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

32 Прегледи

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – БИДЕТЕ КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ: СИЛЕН И ОЛУЕН ВЕТЕР СО УДАРИ ДО ОКОЛУ 100 КМ/ЧАС! (ДЕТАЛНА АНАЛИЗА)

Почитувани граѓни во оваа најнова анализа ќе зборуваме само околу силниот и олуен ветер кој ќе започне од денес а ќе биде најсилен утре (среда).

Во текот на денешниот вторничен ден ќе започне да дува умерен до засилен ветер од југозападен правец кој локално може да има удари од преку 70 км/час.

Уште посилен ветер од југозападен и западен правец ќе имаме во текот на утрешниот ден (среда) особено попладнето и вечерта кога ветерот ќе биде со ЗАСИЛЕН до СИЛЕН интензитетет локално и ОЛУЈНИ удари па така брзината на ветерот локално може да достигне дури до 100 км/час.

Во ваква ситуација граѓаните треба да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ односно да внимаваат каде се движат а нивните автомобили да бидат подалеку од дрвјата со цел да не дојде до несакана ситуација или до евентуална штета на истиот.

Да напоменеме уште еднашка дека сето ова е поради огромната разлика на воздушниот притисок на многу мал простор.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

55 Прегледи