ЗАПОЧНУВА ВЕЕЊЕТО НА СНЕГ – ВРНЕЖИТЕ НАВЛЕГУВААТ! (ДЕТАЛНА АНАЛИЗА)

Како што веќе уште пред неколку денови најавивме дека за денес (вторник) ќе има провејување на снег истиот започнува да паѓа, еве каде:

Во моментов од северозапад и север навлегува еден бран на врнежи кој понатаму во северозападните, северните како и западните предели на државава ќе услови локално провејување на снег.

Во моментов снег започна да паѓа на северозападот на државава и тоа особено во планинските предели на државава.

Снег започна да паѓа и на скијачкиот центар Попова Шапка каде има и најголема снежна покривка.

Ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер од северен правец кој особено Долж Повардарието повремено ќе засилува по интензитет.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

17 Прегледи

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА: ДОАЃА НАЈСТУДЕНИОТ БРАН ОВАА ЗИМА! ТЕМПЕРАТУРИ ДЛАБОКО ПОД НУЛАТА

Во текот на следните денови територијата на нашата држава ќе продолжи да биде под влијание на студена воздушна маса од север и истата ќе биде најизразена оваа зима. Особено студено ќе биде наутро кога на некои места температурите на воздухот ќе паднат длабоко под нулата.

Доцна попладнево и вечерва како што најавивме ќе има локално провејување на снег на северозапад и на запад од државава.

Во следните неколку денови температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени додека на некои места како во Беровскиот регион и на другите најстудени места температурите на воздухот можно е да се спуштат до околу -13 степени а на високите планини на запад и северозапад дури и до околу па и под -15 степени.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот некаде од -1 до 7 степени

Времето ќе биде стабилно и суво брз врнежи со исклучок на денес како што веќе кажавме.

Ве советуаме доколку излегувате особено наутро ЗАДОЛЖИТЕЛНО со вас да понесувате ТОПЛА ОБЛЕКА.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

30 Прегледи

ОБЛАЧНА МАСА ОД СЕВЕР СЕ СПУШТА КОН НАШАТА ДРЖАВА: ПОГЛЕДНЕТЕ КАДЕ ЌЕ УСЛОВИ ВЕЕЊЕ НА СНЕГ

Во моментов од север и северозапад кон нашата држава се спушта облачна маса на воздух па така на северозапад и запад облачноста веќе се зголемува.

Попладнево и во вечерните часови ќе има локално провејување на снег во северозападните и во северните предели на државава но сепак овој снег ќе биде со слаб интензитет.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој особено Долж Повардарието ќе се засилува по интензитет во текот на денов. Во ноќните часови кон утрешниот ден (среда) облачноста насекаде ќе се намали па токму ова повторно во текот на утрешното средочно утро ќе услову многу ниски температури на воздухот.

Детална анализа околу ниските температури кој не очекуваат очекувајте во текот на овој ден.

Максималните дневни температури на воздухот денес (вторник) ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

17 Прегледи

МАКЕДОНИЈА МРЗНЕ: НАЈСТУДЕНИОТ БРАН ДОСЕГА! ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ИЗМЕРЕНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

Територијата на државава е под влијание на многу студена воздушна маса која се спушта од северните географски широчини и воедно оваа студена воздухшна маса е најизразена оваа зима.

Ова утро се измерени најниски температури во текот на оваа зима а времето е ведро но полека од северозапад и запад облачноста започнува да се зголемува.

Температурите на воздухот се насекаде во негатива а во некои градови истите се и длабоко под нулата.

Во продолжение на следната метеоролошка карта можете да ги погледните измерените температури на воздухот ова утро во 07:00:

 

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

23 Прегледи