МАКЕДОНИЈА МРЗНЕ – ПРЕД ПОЛНОЌ НИЗ ГРАДОВИ ИЗМЕРЕНИ ДУРИ -11°C – ЌЕ ПАЃААТ И НАТАМУ!

Почитувани граѓани поларниот бран во текот на оваа ноќ ќе го достигне својот максимум и во нашата држава па затоа ќе се мерат и најниските температури во текот на оваа зима.

Да напоменеме дека температурите кои ќе ги има оваа ноќ па се до изутрина од утрешниот ден (четврток) ќе бидат пониски од нормалните за овој дел од годината дури за околу 12 степени што е премногу.

Моменталните температури на воздухот во текот на оваа вечер низ државава можете да ги погледнете на горната фотографија.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

73 Прегледи

НАМЕСТО КЛИМАТОЛОШКА ПРОЛЕТ ПОЛАРНА ЗИМА – МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ПОРТОКАЛОВА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА!

Почитувани граѓани веќе навремено ве информиравме дека оваа ноќ и секако во текот на утрешното четврточно утро поларниот бран ќе го достигне својот максимум што значи температурите на воздухот ќе бидат МНОГУ НИСКИ, невообичаени за овој дел од годината.

Минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -18 до -8 степени додека на високите места и на високит епланини истите не се исклучува можноста да се спуштат дури и до околу -20 степени.

Токму поради оваа ситуација територијата на нашата држава буквално цела влегува во ПОРТОКАЛОВА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА што значи граѓаните КРАЈНО ДА БИДАТ ВНИМАТЕЛНИ како и каде се движат затоа што поради многу ниските температури на воздухот и тоа како ќе има појава на голомразица, ГОЛЕМО ВНИМАНИЕ да посветат и возачите за да не дојде до некоја несакана ситуација.

Сепак од утре (четврток) особено од попладнето и вечерта територијата на нашата држава постепено ќе започне да подпаѓа под влијание на потопла воздушна маса и јужно воздушно струење што значи дека постепено ќе има затоплување на времето.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

53 Прегледи

ОПАСНА МЕТЕОРОЛОШКА ПОЈАВА: СУДИР НА ЛАДЕН И ТОПОЛ ВОЗДУХ – ОПАСНОСТ ОД ЗАМРЗНАТ ДОЖД

По дефинитивно најстудената ноќ и утро со минимални температури на воздухот од -18 до -8 степени а на високите планини и до околу -20 степени во текот на утрешниот четврточен ден следува судир на ладниот и топлиот воздух кој ќе продре од јужните географски широчини.

Во текот на утрешниот четврточен ден на запад најпрвин ќе започнат послаби врнежи од снег но како ќе продира топлиот воздух така и врнежите од снег на пониските места ќе поминуваат во врнежи од дожд.

Во ваква ситуација и поради топлиот воздух на горниот слој на Атмосферата и ладниот на долниот слој од истата можна е и локална појава на замрзнат дожд кој директно се заледува со допирање на тлото.

Токму ова е многу опасна метеоролошка појава за граѓаните (пешаци) како и за граѓаните кој возат автомобили па затоа ги советуваме КРАЈНА ВНИМАТЕЛНОСТ како се движат и да бидат МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ со цел да не дојде до несакана ситуација.

Локални врнежи од дожд но и снег на планините и на некои од повисоките места ќе има и во текот на утрешната ноќ кон петок а веќе во петок во текот на денот врнежи од дожд ќе има и на планинските и повисоките места поради големото затоплување.

Максималните дневни температури утре (четврток) ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 5 степени додека во петок од 4 до 10 степени.

ПОЧИТУВАНИ: Наскоро следува викенд временска прогноза.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

69 Прегледи

ОБЛЕКУВАЈТЕ СЕ ТОПЛО: ДОАЃА ДЕФИНИТИВНО НАЈСТУДЕНАТА НОЌ ОВАА ЗИМА! АНАЛИЗА

Почитувани граѓани сите вие знаете дека во текот на оваа зима немавме некои екстремно ниски температури на воздухот за разлика од изминатата која беше многу постудена.

Сепак пред нас е ноќ која дефинитивно ќе биде најстудената оваа зима што значи првото утро од климатолошката пролет ќе биде поларно студено што значи климатолошката пролет оваа година се прекинува и ќе биде заменета со поларна зима.

Сето ова е поради чудовиштето од поларен вртлог кој буквално ја зафаќа цела Европа и цел Балкан.

Во текот на денешниот ден ќе имаме променливо облачно време со повремени локални послаби врнежи од снег а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северозападен и од западен правец. Претстојната ноќ која ни доаѓа врнежите насекаде ќе престанат.

Утрешното четврточно утро ќе биде најстуденото оваа зима кога овој поларен бран ќе го достигне својот максимум па така минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -18 до -8 степени додека на високите планини температурите на воздухот можно е да се спуштат дури и под -20 степени додека малсималните дневни температури на воздухот ќе се искачат во интервалот од -1 до 5 степени.

Променливо време ќе имаме и утре (четврток) кога во текот на денот на запад ќе започнат послаби врнежи најпрвин од снег но потоа поради јужното воздушно струење и поради затоплувањето постепено ќе поминуваат во дожд на пониските места додека не се исклучува можноста и за појава на замрзнат дожд. Повеќе врнежи ќе има вечерта и ноќта кон петок на крајниот запад.

Ќе започне да дува и јужен ветер па токму тој ќе го донесе и затоплувањето.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

44 Прегледи

ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: СНЕЖЕН БРАН И ПОЛАРНИ ТЕМПЕРАТУРИ – ПАЃААТ НА РЕЧИСИ -20°C!

Под влијание на циклонска активност оваа ноќ ќе се задржи облачно време на повеќе места со повремени врнежи од снег со што и понатаму снежната покривка ќе се зголемува.

Ветерот кој го имаме од јужен и од југоисточен правец понатаму ќе го менува својот правец во северозападен и во западен со што ќе дојде до ПОНАТАМОШНО ГОЛЕМО заладување на времето па така до утре (среда) наутро температурите насекаде ќе се спуштат под нулата и истите ќе се спуштат во интервалот од -10 до -1 степен.

И утре (среда) особено на запад и југозапад ќе има повремени врнежи од снег со послаб интензитет.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од -6 до 2 степени и истите ќе бидат ДАЛЕКУ ПОД ПРОСЕКОТ за самиот крај на месец февруари.

Најстудено ќе биде во четврток наутро кога минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервало од -18 до -8 степени додека на некои места истите не се исклучува можноста да паднат дури и до околу -20 степени а на високите планини и под -20 степени.

Со ова се прекинува почетокот на климатолошката пролет која почнува токму во четврток.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: На возачите им препорачуваме КРАЈНО ВНИМАТЕЛНО да управуваат со своите возила поради тоа што и тоа како ќе има појава на голомразица поради ПРЕМНОГУ НИСКИТЕ температури на воздухот кој се очекуваат.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

55 Прегледи

СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАЌА ДРЖАВАВА!

Во моментов западните предели на државава се зафатени од доста интензивни снежни врнежи кој веќе условуваат надополнување на снежната покривка.

Овие врнежи до вечерва ќе се прошират насекаде низ државава.

Сепак поради малку помекото време во некои од котлините особено оние од југот на државава можно е накратко да има појава на дожд и снег или лапавица (влажен снег) меѓутоа вечерва повторно ќе има дополнително и понатамошно опаѓање на температурите на воздухот па така до утрешното средочно утро истите ќе се спуштат во интервалот од -10 до -1 степен.

Мали се условите но секако несмеат да се исклучат за сосема ретка појава на грмежи.

Ќе започне да дува на повеќе места умерен повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец кој постепено ќе го менува правецот во северозападен и во западен особено оваа ноќ.

Поради ветерот понекаде ќе има услови за појава на снежни наноси.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

52 Прегледи

НОВ БРАН НА ВРНЕЖИ ЌЕ ЈА ЗАФАТИ ДРЖАВАВА – ДОПОЛНИТЕЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СНЕЖНАТА ПОКРИВКА!

Под влијание на циклонска активност со центар над Јонско Море ќе услови нови снежни врнежи од попладнево и претстојната ноќ.

Најпрвин врнежите ќе се појават на запад додека во текот на ноќта која доаѓа ќе се прошират насекаде и ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ со што ќе дојде до дополнително и понатамошно зголемување на снежната покривка.

На почетокот само во некои од котлините особено од југот на државава ќе има услови за врнежи од дожд и снег.

Најпрвин ќе започне да дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец додека во текот на ноќта правецот на ветерот ќе се промени во северозападен и западен а температурите на воздухот ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ ОПАЃААТ па така до утре (среда) изутрина истите ќе се спуштат во интервалот од -10 до -1 степен додека маскималните дневни ќе се искачат во интервалот од -5 до 2 степени.

НАПОМЕНА: Овие температури за самиот крај на Февруари се ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ. (Пониски од нормалните дури за околу 12 степени).

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради ваквата ситуација и тоа како ќе има појава на голомразица па така на возачите им препорачуваме КРАЈНО ВНИМАТЕЛНО да управуваат со своите возила со цел да не дојде до некоја несакана ситуација.

Посетителите на планините или скијачките центри во ваква ситуација ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ да не се движат низ планините и да не се оддалечуваат од своите викендички.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

67 Прегледи

ТЕМПЕРАТУРИ ДУРИ ЗА 12°C ПОНИСКИ ОД НОРМАЛНИТЕ ЗА КРАЈ НА ФЕВРУАРИ! ПОЛАРЕН И СНЕЖЕН БРАН!

Под влијание на поларниот вртлог кој се спушти од Арктикот и кој условува невообичаено ниски температури на воздухот и многу снег.

Сепак кај нас својот максимум овој поларен бран ќе го достигне во четврток кога наутро на многу места температурите на воздухот ќе се спуштат под -10°C.

Понекаде температурите на воздухот ќе се спуштат дури и под -15 степени додека на високите планини истите можно е да паднат и под -20°C.

Да напоменеме дека овие температури на воздухот се невообичаени за самиот крај на Февруари и истите се пониски од нормалните дури за околу 12°C.

Сето ова како што пред некој ден најавивме ќе ја одложи климатолошката пролет која почнува од четврток (01.03.2018).

Исто така од запад полека се приближува нов бран на врнежи но детална анализа околу ова наскоро.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

72 Прегледи

НАМЕСТО КЛИМАТОЛОШКА ПРОЛЕТ ЛЕДЕНА ДОБА И ВО МАКЕДОНИЈА: ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ДУРИ ДО ОКОЛУ -20 °C

Под влијание на циклонска активност и на НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНА воздушна маса од Арктикот во државава и понатамѕ на повеќе места ќе има врнежи од снег со променлив интензитет додека снежната покривка и понатаму ќе се зголемува.

Овој поларен бран својот максимум ќе го достигне токму во четврток кога стартува климатолошката пролет.

Поради разведрувањето на повеќе места кое ќе се случи ноќта среда кон четврток ќе услови невообичаено ниски и сибирски температури на воздухот кој на многу места ќе се спуштат под -10 степени и истите во четврток наутро ќе се спуштат во интервалот од -17 до -8 степени додека на некои места истите е можно да се спуштат дури до околу -20 степени додека на високите планини и под -20 степени.

Поради ваквата ситуација и тоа како ќе има појава на голомразица па така на возачите им препорачуваме КРАЈНО ВНИМАТЕЛНО да управуваат со своите возила со цел да не дојде до некоја несакана ситуација.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

45 Прегледи

ЛЕДЕНА ДОБА НА БАЛКАНОТ: ПОЛАРНИОТ ВРТЛОГ ГО ЗАЛЕДИ ЦЕЛО ЈАДРАНСКО МОРЕ!

Поларниот вртлог проследен со ЕКСТРЕМНО НИСКИ температури на воздухот кој буквално ја зафаќа цела Европа и цел Балкански Полуостров успеа да ги заледи градовите долж јЈадранското приморје каде врнежи од снег освен на северен Јадран се забележани дури се до јужната половина од истиот поточно во Далмација.

Долго најавуваниот поларен бран кој се спушта од Арктикот започна да ги зема и првите жртви низ Европа додека во следните неколку денови на Балканот температурите на воздухот ќе паднат дури и до околу -20 степени па дури и под -20 степени.

Овој огромен поларен вртлог е поради силниот Антициклон кој е распостран над северна и над североисточна Европа и токму ова условува слободно од Арктикот буквално низ цел Европски Континент како и Балкан да се спушта поларна воздушна маса проседена со ЕКСТРЕМНО НИСКИ температури на воздухот.

42 Прегледи