МОЌЕН ЦИКЛОН: ДОАЃА МНОГУ ДОЖД И СНЕГ – НАЈНОВА ДЕТАЛНА АНАЛИЗА

Под влијание на моќен циклонски систем кој веќе е формиран над Медитеранот и истиот со својата долина се шири и доаѓа кон нашата територија за време на овој викенд ќе имаме облачно и СТУДЕНО време со врнежи од дожд на ниските места додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде значително ќе се зголеми снежната покривка.

Во западните, северните, северозападните како и во југозападните предели врнежи од снег ќе има и во некои од котлините каде има услови да дојде до формирање на снежна покривка. Сепак овој снег би бил релативно влажен.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Врнежите ќе бидат ПОИТЕНЗИВНИ особено утре (сабота) па така вкупното количество на наврнат воден талог локално ќе изнесува над 35 л/м2 особено во јужната половина додека на планините снежната покривка ЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми и тоа за 20 до 30 цм а понекаде дури и повеќе.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат во ЗНАЧИТЕЛНО опаѓање и овој викенд ќе се искачуваатво интервалот од 3 до 10 степени и тоа во текот на утрешниот саботен ден додека во недела истите ќе се искачат во интервалот од 0 до 7 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .

27 Прегледи

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ – ОВОЈ ВИКЕНД ДОКОЛКУ ПАТУВАТЕ ЗА ГРЦИЈА ВНИМАНИЕ! ДЕТАЛИ

Под влијание на силен циклонски ситем кој се формира над Медитеранот полека со својата долина ќе се шири и доаѓа над нашата територија. Но во оваа анализа ќе се насочиме кон соседна Грција и кон тие граѓани кој планираат овој викенд да одат во Грција.

Истите треба да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ поради тоа што во текот на овој викенд оваа држава ќе биде зафатена од ИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд па така во делови од истата ќе наврне дури преку 100 л/м2 воден талог кој може да услови локални поројни поплави.

Токму поради ова на сите граѓани кој планираат викендов да го поминат во Грција ги советуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ поради многу нестабилното време.

Порај ова ќе се развива и локална нестабилна облачност проследена со поројни врнежи и грмежи а сето ова ќе биде проследено и со ЗАСИЛЕН ветер а можна е и локална појава на град.

На горната метеоролошка карта можете да го погледнете очекуваното количество на вода овој викенд во соседна Грција.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .

35 Прегледи