ВО ВТОРНИК СТИГНУВА НОВ ЦИКЛОН – ПОИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ – ПОНАТАМОШНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СНЕЖНАТА ПОКРИВКА!

Под влијание на нова циклонска активност веќе во вторник најпрвин на запад а до вечерта и ноќта кон среда и насекаде во државава ќе има врнежи од дожд кој локално ќе бидат ПОИТЕНЗИВНИ и ќе наврнат нови над 30 л/м2 воден талог.

На повисоките места и на планините ќе има ПОИНТЕНЗИВНИ снежни врнежи каде снежната покривка повторно ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголемува. Исто така во вторник вечерта и ноќта кон среда снежната граница ќе се спушти и нешто под 1000 м.н.в и тоа на северозапад, запад и на југозапад каде можно е формирање на бела покривка и во некои од котлините особено на оние котлини со поголема надморска височина и тоа некаде од 700 – 800 метри па нагоре.

Не се исклучува можноста и за ретка нестабилност проследена со ретки грмежи особено на југоисток. Ќе дува и умерен до засилен ветер претежно од југоисточен правец.

НАПОМЕНА: Поради поинтензивните врнежи кој ни доаѓаат повторно е можно ЗГОЛЕМУВАЊЕ на водотеците како и езерата во државава па добро е да се ВНИМАВА поради нивно евентуално и локално излевање.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

 

21 Прегледи

КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ: И ПОНАТАМУ ПРОВЕЈУВАЊЕ НА СНЕГ, НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ И ГОЛОМРАЗИЦА! ДЕТАЛИ

Под влијание на студена воздушна маса која продолжува да се спушта од северните географски широчини доцна попладнево како и оваа ноќ температурите на воздухот ќе продолжат да опаѓаат и на повеќе места ќе се спуштат до околу или под нулата.

До утрешниот понеделнички ден поточно до утринските часови минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -6 до 2 степени.

Ќе продолжи претежно облачното време со локални врнежи претежно од снег и тоа со слаб до умерен интензитет. Сепак во некои од котлините има услови за дожд и снег.

Снежната покривка на повисоките места и на планините ќе се зголеми.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ: Поради ниските температури на воздухот на планинските превои низ државава можна е појава на голомразица па затоа на истите ги советуваме да бидат КРАЈНИ ПРЕТПАЗЛИВИ со своите автомобили за да не дојде до некоја несакана ситуација.

Нов влажен бран и повеќе врнежи од дожд и снег од вторник но детали околу ова наскоро.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .

 

30 Прегледи

НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА – СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС НА БАЛКАНОТ! ЈА СТРЕСЕ ЦРНА ГОРА – ДЕТАЛИ

Попладнево во 14:05 часот силен земјотрес ја стресе Црна Гора. Земјотресот е со јачина од 4.4 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на овој земјотрес се наоѓа на 55 километри североисточно од главниот град на оваа држава Подгорица и истиот се наоѓа на пет километри длабочина.

Инаку исто така послаб земјотрес е регистриран во соседна Албанија.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .

 

42 Прегледи

СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: НАЈПОЗНАТИОТ МЕТЕОРОЛОГ ИЗДАДЕ КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ НА СИТЕ ГРАЃАНИ! ДЕТАЛИ

Почитувани граѓани снежните врнежи и натаму продолжуаат и ги има и тоа не само на повисоките места и на планините туку и низ котлините во северните, северозападните, западните и југозападните предели на државава.

На скијачките центри Попова Шапка и Маврово владее големо снежно невреме каде има многу снег, многу снег исто така има и на планинскиот превој Стража па задолжително прочитајте го овој фејсбук статус на метеорологот Попоски:

Фејсбук статус: Zadolzitelno spodelete za dobroto na site gragjani na Makedonija, od HUMAN aspekt: Situacijata na planinskiot prevoj Straza e mnogu opasna i ima mnogu sneg a snegot ke prodolzi da pagja i ponatamu. Temperaturite pagjaat a so toa rastat uslovite i za golomrazica. Ve sovetuvam dokolku mozete vo vakvi uslovi da go odlozite patuvanjeto ili dokolku patuvate da bidete KRAJNO PRETPAZLIVI zatoa sto situacijata e navistina seriozna. OVA GO KAZUVAM ZA DOBROTO NA SITE GRAGJANI NA MAKEDONIJA KOJ TREBA DA PATUVAAT TOKMU NA OVOJ PLANINSKI PREVOJ. SO POCIT KON SITE VAS OD MENE! 💖

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .

42 Прегледи