КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ: И ПОНАТАМУ ПРОВЕЈУВАЊЕ НА СНЕГ, НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ И ГОЛОМРАЗИЦА! ДЕТАЛИ

Под влијание на студена воздушна маса која продолжува да се спушта од северните географски широчини доцна попладнево како и оваа ноќ температурите на воздухот ќе продолжат да опаѓаат и на повеќе места ќе се спуштат до околу или под нулата.

До утрешниот понеделнички ден поточно до утринските часови минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -6 до 2 степени.

Ќе продолжи претежно облачното време со локални врнежи претежно од снег и тоа со слаб до умерен интензитет. Сепак во некои од котлините има услови за дожд и снег.

Снежната покривка на повисоките места и на планините ќе се зголеми.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ: Поради ниските температури на воздухот на планинските превои низ државава можна е појава на голомразица па затоа на истите ги советуваме да бидат КРАЈНИ ПРЕТПАЗЛИВИ со своите автомобили за да не дојде до некоја несакана ситуација.

Нов влажен бран и повеќе врнежи од дожд и снег од вторник но детали околу ова наскоро.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .

 

34 Прегледи