ПО РЕЛАТИВНО СЛАБИТЕ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ ДЕНЕС ИЗУТРИНА НА ЗАПАД И ЈУГОЗАПАД – СТЕГНА СТУДОТ! АНАЛИЗА

Како што најавивме денес (четврток) во раните утрински часови и претпладнето на запад и југозапад имаше локални врнежи од снег претежно со слаб до умерен интензитет каде дојде до помало зголемување на снежната покривка особено на повисоките места и на планините.

Облачноста полека се намалува но сепак во текот на оваа ноќ нешто повеќе обаци ќе има на крајниот југ и во југоисточните предели. Потоа и во овие предели ќе има намалување на облачноста.

До наутро минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -8 до 2 степени.

На горната метеоролошка карта можете да ги погледнете вечерашните температури измерени во 22:00 часот низ Македонија.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

39 Прегледи

ВНИМАНИЕ – ЗНАЧИТЕЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ И ТОПЕЊЕТО НА СНЕГОТ ЌЕ УСЛОВИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВОДОТЕЦИТЕ! АНАЛИЗА

Почитувани со оглед на тоа дека за време на викендот кој ни доаѓа како што и претходно најавивме поради продор на значително потопла воздушна маса од јужните географски широчини ќе имаме значително затоплување и значителен пораст особено на максималните дневни температури на воздухот кој ќе бидат над просекот за овој зимски период од годината и истите ќе се искачуваат во интервалот од 7 па се дури до 15 степени особено во централните и во југоисточните предели на државава.

РАНА НАЈАВА: Поради значителното затоплување и значителниот пораст на маскималните дневни температури на воздухот ќе има топење на снежната покривка како по котлините на запад и југозапад така и на повисоките места и на планините со што ќе се зголемат условите за понатамошно зголемување на водотеците и езерата во државава.

Поради ваквата ситуација на возачите им препорачуваме КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВО да внимаваат кога поминуваат покрај водотеците во случај на нивно евентуално излевање.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

24 Прегледи

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО – ЗА ВИКЕНДОТ ЗНАЧИТЕЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ И ТОПЕЊЕ НА СНЕГОТ!

Под влијание на значително потопла воздушна маса која ќе продре од јужните географски широчини за време на викендот кој ни доаѓа ќе има значителен пораст на температурите на воздухот особено на оние максималните дневни температури на воздухот кој ќе бидат над просекот за овој дел од годината и истите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени додека минималните утрински температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени.

Многу студено утро ќе биде уштешното петочно утро кога минималните утрински температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -8 до 2 степени.

Сабота ќе биде значително посончева за разлика од недела кога ќе има повеќе облаци но сеуште останува суво времето. Многу сонце ќе имаме и во текот на утрешниот петочен ден.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

27 Прегледи