ДОЛГОРОЧНО: МАРТ СО НЕШТО ПОВЕЌЕ ВРНЕЖИ! ДЕТАЛИ

Почитувани граѓани иако сеуште е премногу рано но сепак ние решивме на сите вас граѓани на Македонија да ве информираме што можеме да очекуваме од времето на доста подолгорочен временски период па затоа решивме да ви дадеме една неофицијална информација околу тоа какви временски прилики не очекуваат во наредниот месец кој полека но сигурно ни доаѓа (Март).

Гледано барем според моменталните анализи кој ние ги направиме месец Март би поминал во знак на нешто повеќе врнежи додека гледано по температурите на воздухот би бил просечен што значи во ваква ситуација не се исклучуваат зимски продори кој би условиле повторни врнежи од снег што значи сеуште е далеку да и кажеме збогум на зимата.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за анализа за доста подолгорочен временски период промени на истата и понатаму се можни па затоа ве информираме да не следиоте со нашите редовни и секојдневни анализи кој ние ги правиме па така навремено ќе бидете информирани за секоја промена и ново – настаната временска ситуација.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

37 Прегледи

ОВОЈ ВИКЕНД ЗНАЧИТЕЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ – НОВАТА НЕДЕЛА НОСИ НОВИ ВЛАЖНИ БРАНОВИ (АНАЛИЗА)

Под влијание на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса која веќе започнува да продира од јужните географски широчини за време на овој викенд ќе имаме претежно стабилно, суво и натрпосечни топло време преку денот. Времето ќе биде сончево особено утре (сабота) иако ќе има и мала до умерена локална облачност.

Веќе во недела ќе има значително повеќе облачност иако ќе се задржи релативно суво време. Попладнето и вечерта сепак ќе има услови за слаб локален дожд и снег на повисоките места и на планините особено на север и северозапад.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Поради ваквата ситуација ќе има ЗНАЧИТЕЛНО ТОПЕЊЕ на снежната покривка како низ котлините на југозапад и запад така и на повисоките места и на планините па поради ова можно е понатамошно зголемување на водотеците и нивоата на езерата во Македонија.

Затоа на возачите им советуваме да бидат КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ доколку се движат во близина на водотеците.

Новата недела која што доаѓа ни носи промена на времето и нови влажни воздушни бранови кои ќе условат нови врнежи од дожд и снег и тоа особено на повисоките места и на планините иако не се исклучува можноста мешавина од дожд и снег или влажен снег да има и во некои од котлините на северот, северозападот и западот особено во понеделник.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

26 Прегледи