ДЕТАЛНА АНАЛИЗА: ВРНЕЖИТЕ СЕ СОЗДАВААТ И ДОАЃААТ КАЈ НАС!

Полека од северозапад и од зпад оваа вечер како што е и сосема очекувано врнежите полека се создаваат и полека доаѓаат кон нашата држава.

Почнувајќи од оваа ноќ ќе има локални врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Можно е снежната краница да се спушти и на местата од околу 1000 метри па и нешто под таа граница особено на север, северозапад и запад од државава.

Врнежите ќе продолжат и утре (понеделник) и наутро и претпладне сеуште снежната граница можно е да се спушта некаде до 1000 м.н.ц па и нешто пониско додека во текот на денот снег ќе паѓа само на планините.

Снежната граница можност повторно да се спуши на околу па и под 1000 м.н.в има утре вечер и ноќта кон вторник како и во вторник наутро и претпладне.

Со ова почнува еден подолг период на нестабилно време со почести врнежи.

Почитувани граѓани на овој медиум сите права се задржани со оглед на тоа дека регистриравме крашба на наши информации од други метеоролошки медиуми (ова не значи за другите медиуми кои се поврзани со вести од нашата држава и светот). Ќе се гонат тие метеоролошки медиуми кој крадат информации од нашиот медиум.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

28 Прегледи

ЦЕЛОСЕН ПРИКАЗ: ПОГЛЕДНЕТЕ КАДЕ И КОЛКУ ЌЕ ИМА ВРНЕЖИ И ДАЛИ ЌЕ ИМА ОПАСНОСТ ОД ПОПЛАВИ ВО МАРТ

Почитувани граѓани според вечерашните анализи кој ние ги направивме укажуваат на тоа дека гледано по температурите на воздухот месец Март би бил во границите на повеќе годишниот просек што значи би се очекувале нормални температури на воздухот за тој дел од годината а во ваква ситуацоја не се исклучуваат можностите за сеуште да има продори од северните географски широчини кој би условиле зимски удари.

Меѓутоа пак гледано по врнежите месец Маерт би бил нешто поактивен гледано по врнежите што значи треба да ги има повеќе од нормалното или просечните за месец Март.

Најмнопгу врнежи би имало на југозападот од државава како и во делови од северозападна Грција како и јужна Албанија.

Врнежите дали би биле од дожд или од снег тоа зависи во кој дел од циклонската активност ние би се наоѓале, дали во студената или пак во топлата.

НАПОМЕНА: Поради тоа што се работи за доста подолгорочна анализа на времето промени на истата и тоа како се можни па затоа ви напоменуваме редовно да ги следете нашите секојдневни анализи и прогнози со што навремено ќе бидете информирани за секоја временска состојба.

 

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

22 Прегледи

ДЕТАЛНО АНАЛИЗИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО – ДОАЃААТ ВРНЕЖИ – ДОЖД И СНЕГ И ПОВТОРЕН ПОРАСТ НА БЕЛАТА ПОКРИВКА!

Почнувајќи од вечерашната неделна вечер па натаму следува циклонален период во нашата држава па така уште од вечерва и ноќва кон утрешниот ден (понеделник) ќе има врнежи од дожд кој ќе бидат од локален карактер додека на планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег.

На северозапад и запад услови за врнежи од дожд и снег или пак влажен снег има и на некои од местата со надморска височина од 600 – 700 метри па нагоре.

Врнежите ќе продолжат и утре (понеделник) и ќе бидат поинтензивни на запад и југозапад и тоа вечерта и во текот на ноќта кон вторник и истите ќе бидат од дожд додека на планините ќе има врнежи од снег.

Наутро и претпладнето и повторно во вечерните часови врнежи од снег ќе има и на повисоките места а снежната граница можно е да се спушти до околу или под 1000 м.н.в и тоа особено на северозапад, запад и на исток.

Особено на планините а можно и на некои од повисоките места ќе започне зголемување на снежната покривка.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец додека минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -1 до 6 степени додека маскималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

72 Прегледи