ИНТЕНЗИВНИ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ И ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ! БИДЕТЕ КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ, ДЕТАЛИ

Поради поинтензивни врнежи од снег забрана за движење на тешки моторни возила има патните правци Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража и крак Маврово – Дебар.

Снег врне и во Тетово и Гостивар но е со послаб интензитет.

Поради ваквата ситуација на возачите им препорачуваме да бидат КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ особено на планинските превои.

Исто така поради интензивните снежни врнежи на скијачките центри кој ги има на посетителите на истите им препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ поточно да не се движат низ планините и да не се оддалечуваат од своите викендици во случај да не дојде до несакани последици или истите да се изгубат.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

34 Прегледи

ЕКСКЛУЗИВНО: СНЕГ ВО ГЛАВНИОТ ГРАД – ЗАПОЧНА ДА ВЕЕ ВО СКОПЈЕ!

Вечерва поради падот на температурите снежната граница значително се спушта и тоа како што беше сосема очекувано па така снег започна да провејува и во Скопскиот регион.

Следната фотографија е направена вечерва во населбата Карпош 4:

Интензивни снежни врнежи исто така започнаа и во Дебар а ги има на повеќе места во западна и северозападна Македонија.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

36 Прегледи

ВНИМАНИЕ: ИНТЕНЗИВНО ВЕЕ СНЕГ ВО ДРЖАВАВА – БЕЛАТА ПОКРИВКА СЕ ЗГОЛЕМУВА!

Под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север оваа вечер особено на северозапад и запад има врнежи и тоа во Полошкиот регион врне претежно снег каде снежната граница значително се спушта додека на другите места на ниските места врне дожд додека на повисоките места и на планините паѓа снег.

Снежната покривка на планините и на скијачките центри постојано се зголемува.

Оваа ноќ врнежите ќе продолжат и ќе бидат од дожд на ниските места а на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде ќе продолжи зголемувањето на снежната покривка.

Снежната покривка на исток, североисток, запад и северозапад ќе се спушти под 1000 м.н.в каде врнежи од дожд и снег или влажен снег ќе има и понекаде на повисоките котлини – 500 – 600 м.н.в.

На возачите им препорачуваме КРАЈНО ВНИМАТЕЛНО возење особено низ планинските превои.

 

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

32 Прегледи

ВРНЕЖИТЕ ЌЕ СЕ ИНТЕНЗИВИРААТ А СНЕЖНАТА ГРАНИЦА ЌЕ СЕ СПУШТА! ДЕТАЛНА АНАЛИЗА

Под влијание на влажен воздушен бран и постудена воздушна маса од север оваа ноќ па се до утринските часови од утрешниот ден (вторник) на повеќе места ќе има врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините.

Повеќе врнежи ќе има на север, северозапад и запад од државава каде на планините и на повисоките места снежната покривка ќе се зголеми а на планините ЗНАЧИТЕЛНО.

Снежната граница ќе се спушти и во некои од повисоките котлини на северозападот, западот и на истокот и североистокот од државава (од 500 – 600 метри па нагоре).

Температурите на воздухот ќе опаѓаат и до утре (вторник) наутро ќе се спуштат во интервалот од -1 до 5 степени.

ВНИМАНИЕ: Поради снежните врнежи кој се очекуваат на возачите им препорачуваме КРАЈНО ДА БИДАТ ВНИМАТЕЛНИ доколку поминуваат низ планинските превои.

 

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

46 Прегледи

ДОАЃААТ НОВИ ВРНЕЖИ – ДОЖД, СНЕГ И ЗНАЧИТЕЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БЕЛАТА ПОКРИВКА (ВНИМАНИЕ)

Под влијание на влажна и постудена воздушна маса која се спушта од север до крајот на денов како и ноќва и утре (вторник) изутрина на повеќе места ќе има врнежи од дожд додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег.

Повеќе врнежи ќе има на запад и југозапад каде на планините ќе дојде до ЗНАЧИТЕЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ на белата покривка (некаде за околу или над 20 цм).

Зголемување на белата покривка ќе има и на повисоките места а снежната граница особено на запад, северозапад и исток ќе се спушти под 1000 м.н.в со што услови за снег ќе има и во некои од повисоките котлини.

Ќе започне да дува умере, Долж Повардарието и на исток засилен ветер од југоисточен правец.

Минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -1 до 5 степени додека маскималните дневни ќе се искачат во интервалот од 2 до 11 степени.

НАПОМЕНА: Поради ваквата настаната ситуација им препорачуваме на возачите КРАЈНО ВНИМАНИЕ доколку се движат низ планините и планинските превои а на посетителите на скијачките центри ги советуваме во случај на интензивни снежни врнежи да не се движат низ планините и да не се оддалечуваат од своите викендички.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

166 Прегледи

ПРОГНОЗИТЕ 100% ПРЕЦИЗНИ: СНЕГ ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН И ЛОКАЛНО НА ЗАПАД! АНАЛИЗА

Додека некои од конкуренцијата за денес најавуваа снегсамо на високите планини сепак снегот слезе многу пониско. Како што најавивме претходно за денешниот ден под влијание на студена воздушна маса во Полошкиот регион како и на запад (локално) снежната граница се спушти под 1000 м.н.в па така снег утринава врнеше во Македонски Брод а потоа снег започна да паѓа и во Полог и тоа во Гостиварскиот регион.

Во другите предели врне претежно дожд од локален карактер на ниските и снег на повисоките места и на планините од над 1000 м.н.в.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

36 Прегледи

СНЕГ ВЕЕ ВО МАКЕДОНИЈА – ГО ИМА И ПОНИСКО! ПОГЛЕДНЕТЕ КАДЕ ВЕЕ

Како што најавивме утринава во државава веќе има локални врнежи од дожд особено на северозапад и на запад од државава.

На повисоките места и на планините врне снег каде веќе снежната покривка се зголемува особено на планинските места а снежната граница на северозапад и локално на запад се спушти и под 1000 м.н.в па така снег провејуваше и во Македонски Брод.

Снег врне и на планинскиот превој Стража.

На возачите поради ваквата ситуација им препорачуваме КРАЈНО ВНИМАТЕЛНО да внимаваат како се движат со своите возила.

Врнежите ќе продолжат и натаму но нова детална анализа околу временската состојба следува наскоро.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

 

31 Прегледи