НАДЛЕЖНИТЕ ДА СЕ ПРИПРЕМАТ: МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ПОКРИЕ СНЕГ! ДЕТАЛНА АНАЛИЗА

Ги предупредуваме надлежните да се спремат за циклонот кој доаѓа овој викенд.

Под влијание на циклонска активност и на изразена влажна и студена воздушна маса која ќе се спушта од Арктикот почнуваќи веќе од сабота најпрвин на пониските места ќе има локални врнежи од дожд додека на повисоките места и на планините ќе врне снег.

Во текот на ноќта сабота кон недела поради спуштањето на овој ладен воздух врнежите од дожд ќе поминат во снег и на пониските места но сеуште ќе бидат локални.

Врнежите се интензивираат во сабота доцна попладне па така веќе од вечерта врнежи ќе има насекаде низ државава а истите ќе продолжат и во текот на целиот понеделнички ден и вечерта кон вторник.

Истите ќе бидат од снег само на југоисток ќе бидат од дожд и од снег.

Да напоменеме дека снегот во некои од котлините повремено можно е да биде нешто повлажен. Исто така до вторник наутро насекаде треба да се формира снежна покривка.

Ќе дува и умерен понекаде засилен ветер од северен правец кој ќе услови појава на снежни наноси (локално).

Мора да напоменеме дека доколку понекаде се случи повлажен снег истиот може да биде повлажен и може да предизвика проблеми.

НАДЛЕЖНИТЕ ГИ СОВЕТУВАМЕ ДА БИДАТ СПРЕМНИ ЗА ОВАА СИТУАЦИЈА.

Очекувана снежна покривка: На пониските места некаде од 5 до 15 на југоисток во другите места од 10 до 20 сантиметри, понекаде и над 30 сантиметри.

На повисоките места до околу 50 сантиметри (можно и повеќе) додека на планините и преку 6о – 70 сантиметри.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сите кои овој викен и почетокот на следната недела планираат да одат на подалечен пат или на скијачките центри или пак во планина тоа да го ОДЛОЖАТ за во подобри временски услови додека пак оние кој веќе се таму и ќе претстојуваат викендов ги советуваме во случај на интензивни снежни врнежи да не се движат низ планините и да не се оддалечуваат од своите викендички.

НОВА А ПО ПОТРЕБА ОБНОВЕНА ПРОНОЗА УТРЕ (ПЕТОК)

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

39 Прегледи

МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ ВИ ОТКРИВА ШТО ГО ПРЕДИЗВИКУВА ПОЛАРНИОТ ВРТЛОГ НАД БАЛКАНОТ КОЈ ДОАЃА

Почитувани граѓани веќе подолго време ве информираме околу поларниот вртлог кој ќе се појави веќе од овој викенд соцел навремено да ве информираме и по потреба предупредиме околу временските прилики кој не очекуваат понатаму.

Но во оваа анализа ќе обрнеме внимание околу тоа како ќе настане овој поларен вртлог и зошто: Над Исланд и над Арктикот како и над Русија ќе се стационира силен антициклон со воздушен притисок дури од 1040 па се до 1050 htp.

Од друга страна пак силен циклон со воздушен притисок до околу 970 htp ќе се стационира над јужниот Атлантски Океан.

Токму ова ќе услови слободно спуштање на Арктички воздух па со неговото спуштање јужно од Балканот ќе дојде до формирање на секундарен циклон кој ќе услови снежни врнежи низ целиот Балкански Полуостров.

Температурите на воздухот во делови од Балканот ќе се спуштат дури и до околу -20 степени додека на повисоките места и на планините дури до околу -25 степени.

Овој поларен воздух ќе ја опфати речиси цела Европа.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

37 Прегледи

ВНИМАНИЕ – ПОЛАРЕН ВРТЛОГ: ЦЕЛИОТ БАЛКАН ЌЕ ПОДПАДНЕ ПОД СНЕЖНА ПОКРИВКА ОД ОВОЈ ВИКЕНД!

Поларниот вртлог со потекло од Арктикот кој е веќе најавен уште пред неколку денови од овој викенд ќе го зафати целиот регион условувајѓи интензивни снежни врнежи и МНОГУ НИСКИ температури на воздухот кој во делови на Балканот ќе падна ти под -20 степени.

Значителни снежни врнежи ќе има во делови од сите земји на Балканот вклучувајќи ја и нашата држава секако.

Во делови на Балканот и покрај големото количество на снег овој викенд и почетокот на следната недела се очекуваат нови дополнителни над 20 – 30 сантиметри снег а локално дури и повеќе.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сите граѓани кој овој викенд и на почетокот на следната недела планираат да одат во соседството и регионот да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и секако да возат со намалена брзина затоа што коловозите ќе бидат буквално во зимски услови.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

34 Прегледи

ОД ВИКЕНДОВ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАФАТИ СТУДЕН И ВЛАЖЕН БРАН ( ЗНАЧИТЕЛНО КОЛИЧЕСТВО НА СНЕГ)!

Утре и во сабота ќе се задржи претежно облачно време иако можни се и локални кратко сончеви периоди. Ќе има и слаби локални врнежи од дожд додека на планините слаби врнежи од снег.

Во недела и во понеделник под влијание на циклон и на студена воздушна маса од север ќе има врнежи претежно од снег кој ќе се интензивираат веќе од недела доцна попладне и навечер.

Сепак во некои од пониските котлини особено од јужната половина на државава повремено ќе има услови за врнежи од дожд и од снег или од влажен снег.

До вторник изутрина во најголем дел од државава ќе се формира снежна покривка додека на планините МНОГУ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ и тоа некаде за 40 до 50 сантиметри а понекаде дури и за повеќе.

РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доколку граѓаните за време на овој викенд како и на почетокот на следната недела планираат да заминат некаде во нашите скијачки центри по можност тоа да го одложат во подобри временски услови додека пак тие што веќе се и ќе бидат таму КРАЈНО ДА ВНИМАВААТ поради лошите временски услови и да не се движат во планина како и да не се оддалечуваат од своите викендички.

36 Прегледи