ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: СНЕЖЕН БРАН И ПОЛАРНИ ТЕМПЕРАТУРИ – ПАЃААТ НА РЕЧИСИ -20°C!

Под влијание на циклонска активност оваа ноќ ќе се задржи облачно време на повеќе места со повремени врнежи од снег со што и понатаму снежната покривка ќе се зголемува.

Ветерот кој го имаме од јужен и од југоисточен правец понатаму ќе го менува својот правец во северозападен и во западен со што ќе дојде до ПОНАТАМОШНО ГОЛЕМО заладување на времето па така до утре (среда) наутро температурите насекаде ќе се спуштат под нулата и истите ќе се спуштат во интервалот од -10 до -1 степен.

И утре (среда) особено на запад и југозапад ќе има повремени врнежи од снег со послаб интензитет.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од -6 до 2 степени и истите ќе бидат ДАЛЕКУ ПОД ПРОСЕКОТ за самиот крај на месец февруари.

Најстудено ќе биде во четврток наутро кога минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервало од -18 до -8 степени додека на некои места истите не се исклучува можноста да паднат дури и до околу -20 степени а на високите планини и под -20 степени.

Со ова се прекинува почетокот на климатолошката пролет која почнува токму во четврток.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: На возачите им препорачуваме КРАЈНО ВНИМАТЕЛНО да управуваат со своите возила поради тоа што и тоа како ќе има појава на голомразица поради ПРЕМНОГУ НИСКИТЕ температури на воздухот кој се очекуваат.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

55 Прегледи

СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАЌА ДРЖАВАВА!

Во моментов западните предели на државава се зафатени од доста интензивни снежни врнежи кој веќе условуваат надополнување на снежната покривка.

Овие врнежи до вечерва ќе се прошират насекаде низ државава.

Сепак поради малку помекото време во некои од котлините особено оние од југот на државава можно е накратко да има појава на дожд и снег или лапавица (влажен снег) меѓутоа вечерва повторно ќе има дополнително и понатамошно опаѓање на температурите на воздухот па така до утрешното средочно утро истите ќе се спуштат во интервалот од -10 до -1 степен.

Мали се условите но секако несмеат да се исклучат за сосема ретка појава на грмежи.

Ќе започне да дува на повеќе места умерен повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец кој постепено ќе го менува правецот во северозападен и во западен особено оваа ноќ.

Поради ветерот понекаде ќе има услови за појава на снежни наноси.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

52 Прегледи

НОВ БРАН НА ВРНЕЖИ ЌЕ ЈА ЗАФАТИ ДРЖАВАВА – ДОПОЛНИТЕЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СНЕЖНАТА ПОКРИВКА!

Под влијание на циклонска активност со центар над Јонско Море ќе услови нови снежни врнежи од попладнево и претстојната ноќ.

Најпрвин врнежите ќе се појават на запад додека во текот на ноќта која доаѓа ќе се прошират насекаде и ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ со што ќе дојде до дополнително и понатамошно зголемување на снежната покривка.

На почетокот само во некои од котлините особено од југот на државава ќе има услови за врнежи од дожд и снег.

Најпрвин ќе започне да дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец додека во текот на ноќта правецот на ветерот ќе се промени во северозападен и западен а температурите на воздухот ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ ОПАЃААТ па така до утре (среда) изутрина истите ќе се спуштат во интервалот од -10 до -1 степен додека маскималните дневни ќе се искачат во интервалот од -5 до 2 степени.

НАПОМЕНА: Овие температури за самиот крај на Февруари се ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ. (Пониски од нормалните дури за околу 12 степени).

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради ваквата ситуација и тоа како ќе има појава на голомразица па така на возачите им препорачуваме КРАЈНО ВНИМАТЕЛНО да управуваат со своите возила со цел да не дојде до некоја несакана ситуација.

Посетителите на планините или скијачките центри во ваква ситуација ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ да не се движат низ планините и да не се оддалечуваат од своите викендички.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

67 Прегледи

ТЕМПЕРАТУРИ ДУРИ ЗА 12°C ПОНИСКИ ОД НОРМАЛНИТЕ ЗА КРАЈ НА ФЕВРУАРИ! ПОЛАРЕН И СНЕЖЕН БРАН!

Под влијание на поларниот вртлог кој се спушти од Арктикот и кој условува невообичаено ниски температури на воздухот и многу снег.

Сепак кај нас својот максимум овој поларен бран ќе го достигне во четврток кога наутро на многу места температурите на воздухот ќе се спуштат под -10°C.

Понекаде температурите на воздухот ќе се спуштат дури и под -15 степени додека на високите планини истите можно е да паднат и под -20°C.

Да напоменеме дека овие температури на воздухот се невообичаени за самиот крај на Февруари и истите се пониски од нормалните дури за околу 12°C.

Сето ова како што пред некој ден најавивме ќе ја одложи климатолошката пролет која почнува од четврток (01.03.2018).

Исто така од запад полека се приближува нов бран на врнежи но детална анализа околу ова наскоро.

72 Прегледи