МАКЕДОНИЈА МРЗНЕ – ПРЕД ПОЛНОЌ НИЗ ГРАДОВИ ИЗМЕРЕНИ ДУРИ -11°C – ЌЕ ПАЃААТ И НАТАМУ!

Почитувани граѓани поларниот бран во текот на оваа ноќ ќе го достигне својот максимум и во нашата држава па затоа ќе се мерат и најниските температури во текот на оваа зима.

Да напоменеме дека температурите кои ќе ги има оваа ноќ па се до изутрина од утрешниот ден (четврток) ќе бидат пониски од нормалните за овој дел од годината дури за околу 12 степени што е премногу.

Моменталните температури на воздухот во текот на оваа вечер низ државава можете да ги погледнете на горната фотографија.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

59 Прегледи

НАМЕСТО КЛИМАТОЛОШКА ПРОЛЕТ ПОЛАРНА ЗИМА – МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ПОРТОКАЛОВА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА!

Почитувани граѓани веќе навремено ве информиравме дека оваа ноќ и секако во текот на утрешното четврточно утро поларниот бран ќе го достигне својот максимум што значи температурите на воздухот ќе бидат МНОГУ НИСКИ, невообичаени за овој дел од годината.

Минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -18 до -8 степени додека на високите места и на високит епланини истите не се исклучува можноста да се спуштат дури и до околу -20 степени.

Токму поради оваа ситуација територијата на нашата држава буквално цела влегува во ПОРТОКАЛОВА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА што значи граѓаните КРАЈНО ДА БИДАТ ВНИМАТЕЛНИ како и каде се движат затоа што поради многу ниските температури на воздухот и тоа како ќе има појава на голомразица, ГОЛЕМО ВНИМАНИЕ да посветат и возачите за да не дојде до некоја несакана ситуација.

Сепак од утре (четврток) особено од попладнето и вечерта територијата на нашата држава постепено ќе започне да подпаѓа под влијание на потопла воздушна маса и јужно воздушно струење што значи дека постепено ќе има затоплување на времето.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

34 Прегледи

ОПАСНА МЕТЕОРОЛОШКА ПОЈАВА: СУДИР НА ЛАДЕН И ТОПОЛ ВОЗДУХ – ОПАСНОСТ ОД ЗАМРЗНАТ ДОЖД

По дефинитивно најстудената ноќ и утро со минимални температури на воздухот од -18 до -8 степени а на високите планини и до околу -20 степени во текот на утрешниот четврточен ден следува судир на ладниот и топлиот воздух кој ќе продре од јужните географски широчини.

Во текот на утрешниот четврточен ден на запад најпрвин ќе започнат послаби врнежи од снег но како ќе продира топлиот воздух така и врнежите од снег на пониските места ќе поминуваат во врнежи од дожд.

Во ваква ситуација и поради топлиот воздух на горниот слој на Атмосферата и ладниот на долниот слој од истата можна е и локална појава на замрзнат дожд кој директно се заледува со допирање на тлото.

Токму ова е многу опасна метеоролошка појава за граѓаните (пешаци) како и за граѓаните кој возат автомобили па затоа ги советуваме КРАЈНА ВНИМАТЕЛНОСТ како се движат и да бидат МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ со цел да не дојде до несакана ситуација.

Локални врнежи од дожд но и снег на планините и на некои од повисоките места ќе има и во текот на утрешната ноќ кон петок а веќе во петок во текот на денот врнежи од дожд ќе има и на планинските и повисоките места поради големото затоплување.

Максималните дневни температури утре (четврток) ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 5 степени додека во петок од 4 до 10 степени.

ПОЧИТУВАНИ: Наскоро следува викенд временска прогноза.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

36 Прегледи

ОБЛЕКУВАЈТЕ СЕ ТОПЛО: ДОАЃА ДЕФИНИТИВНО НАЈСТУДЕНАТА НОЌ ОВАА ЗИМА! АНАЛИЗА

Почитувани граѓани сите вие знаете дека во текот на оваа зима немавме некои екстремно ниски температури на воздухот за разлика од изминатата која беше многу постудена.

Сепак пред нас е ноќ која дефинитивно ќе биде најстудената оваа зима што значи првото утро од климатолошката пролет ќе биде поларно студено што значи климатолошката пролет оваа година се прекинува и ќе биде заменета со поларна зима.

Сето ова е поради чудовиштето од поларен вртлог кој буквално ја зафаќа цела Европа и цел Балкан.

Во текот на денешниот ден ќе имаме променливо облачно време со повремени локални послаби врнежи од снег а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северозападен и од западен правец. Претстојната ноќ која ни доаѓа врнежите насекаде ќе престанат.

Утрешното четврточно утро ќе биде најстуденото оваа зима кога овој поларен бран ќе го достигне својот максимум па така минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -18 до -8 степени додека на високите планини температурите на воздухот можно е да се спуштат дури и под -20 степени додека малсималните дневни температури на воздухот ќе се искачат во интервалот од -1 до 5 степени.

Променливо време ќе имаме и утре (четврток) кога во текот на денот на запад ќе започнат послаби врнежи најпрвин од снег но потоа поради јужното воздушно струење и поради затоплувањето постепено ќе поминуваат во дожд на пониските места додека не се исклучува можноста и за појава на замрзнат дожд. Повеќе врнежи ќе има вечерта и ноќта кон петок на крајниот запад.

Ќе започне да дува и јужен ветер па токму тој ќе го донесе и затоплувањето.

40 Прегледи