ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: АЛЕКСЕЈ ЌЕ СТАНУВА СЕ ПОСИЛЕН!

Започна влијанието на моќниот циклон АЛЕКСЕЈ над нашата држава со тоа што започна да дува засилен јужен ветер.

Понатаму ветер ќе засилува по интензитет па така ќе биде ЗАСИЛЕН до СИЛЕН по интензитет и локално ќе достигнува брзина од над 80 км/час а токму поради ова ќе биде натпросечно топло за овој дел од годината како и спарно а исто така од Сахара кон нашата држава ќе се врши транспорт на прашина и на песок.

Доцна вечерва и во текот на ноќта кон утрешниот ден (недела) на запад ќе има ИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд кој полека ќе се прошируваат и во останатите предели на државава но сепак најинтензивни ќе бидат токму на запад каде за релативно кратко време ќе наврнат дури на д 20 л/м2 воден талог а снег ќе врне само на највисоките планински места а утре (недела) и на повисоките планини.

Локално ќе има услови за нестабилност проследена со грмежи, поројни врнежи од дожд а не се исклучува можноста и за сосема ретка појава на град.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради силниот ветер особено долж Охридско – Струшкото крајбрежје можно е да дојде до локално поплавување наод крајбрежјето како и на тие објекти кој се наоѓаат многу блиску до езерото или тие кој се веќе навлезени во истото па затоа КРАЈНО ВНИМАНИЕ.

Исто така поради поинтензивните дождови особено на запад можно е локално излевање на реките и на речните корита.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

39 Прегледи

ЕККСЛУЗИВНО: АЛЕКСЕЈ ЗАПОЧНА ДА ГО ПОПЛАВУВА ОХРИДСКО – СТРУШКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ (ФОТО)

Циклонот АЛЕКСЕЈ кој е ДОСТА МОЌЕН циклон започна да влијае на времето во нашата држава и тоа особено во ветерот кој веќе во делови од земјтава е со засилен интензитет и е од јужен правец. Засилениот јужен ветер веќе долж Охридско – Струшкото крајбрежје започна локално да поплавува а тоа можете да го погледнете на следните неколку фотографии:

 

 

Циклонот АЛЕКСЕЈ понатаму ќе станува се посилен но сепак најнови детали и анализи многу наскоро. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

38 Прегледи

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА: ЦИКЛОН АЛЕКСЕЈ – ЗАСИЛЕН ДО СИЛЕН ВЕТЕР И ПОИНТЕНЗИВНИ ДОЖДОВИ!

Полека ќе започне влијанието на МОЌНИОТ циклон АЛЕКСЕЈ над нашата територија па така во текот на оваа ноќ облачноста ќе се зголемува а утре (сабота) рано наутро има услови за сосема слаб и локален дожд во јужните и во источните предели на државава.

Утре (сабота) во текот на денот ќе има и сончеви периоди но ќе започне да дува ЗАСИЛЕН локално повремено и СИЛЕН ветер од јужен правец кој локално ќе достигнува брзина и над 80 км/час особено во попладневните и во вечерните часови.

Во доцните вечерни часови и во текот на ноќта кон недела најпрвин на запад ќе има ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд а до рано наутро во понеделник врнежите ќе се прошират речиси насекаде но сепак најинтензивни ќе бидат на запад така што за релативно кратко време ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог.

Локално ќе има услови за ретка појава на нестабилност проследена со ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи проследени со грмежи а не се исклучува и сосема ретка појава на град.

Снег ќе врне само на високите планини.

Ветерот вонедела ќе го менува правецот во југозападен и западен.

Поради транспортот на прашина и на песок од Сахара дождот кој ќе врне на некои места ќе биде нечист односно помешан со прашина и песок.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За секој случај поради засилениот ветер добро е да се внимава каде се движите и каде ги ставате вашит еавтомобили и секако да бидат КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ газдите и угостителите од објектите кој се навлезени особено во Охридското Езеро каде нивото е екстремно високо па така поради засилениот ветер можно е да дојде до локално поплавување долж неговото крајбрежје.

Секако поради топењето на снегот од планините и поради поинтензивните врнежи од дожд особено на запад можно е и локално излевање на речните корита и рекита па затоа КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОТ и на таквите места.

Максималните дневни температури на воздухот утре (недела) ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени додека во недела на запад и на север истите ќе бидат пониски дури и за 10тина степени и истите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени додека во централните предели и на југоисток истите ќе се искачуваатво интервалот од 15 до 20 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

33 Прегледи

ВРНЕДНО БИОМЕТЕО НА ПОПОСКИ: ЗАСИЛЕН ДО СИЛЕН ВЕТЕР, ТРАНСПОРТ НА ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА И ТЕШКО ВРЕМЕ

Почитувани граѓани во оваа анализа ќе останеме само на биометеото и на биометеоролошките услови кој од денес а особено од утре (сабота) значително ќе се влошуваат и тоа поради надоаѓањето на циклонот АЛЕКСЕЈ но и поради надпросечното топло време и транспортот на прашина и песок опд Сахара кое ќе биде условено поради силното јужно и југозападно воздушно струење.

Сето ова ќе услови многу мачно а неретко и тешко и спарно време па така температурите на воздухот ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.

Особено кај метеопатите ќе има појава на главоболки како и болки во коските и на местата од старите рани како и повремена нервоза а можна е и несоница но и тежина во главата и телото.

Ќе дува ЗАСИЛЕН , локално повремено и СИЛЕН ветер утре (сабота) од јужен додека во недела истиот правецот ќе го менува во југозападен и западен.

Локално ветерот ќе достигнува брзина од над 80 км/час.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во унтервалот од 16 до 24 степени додека во недела од 7 до 15 степени а во центалните и во југоисточнит епредели од 15 до 20 тепени.

Најнова детална анализа околу врнежите кој ќе ги донесе циклонот АЛЕКСЕЈ следува наскоро.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

86 Прегледи

НАЈНОВИ ДЕТАЛИ ЗА ЦИКЛОНОТ АЛЕКСЕЈ КОЈ НИ ДОАЃА

Почитувани граѓани се наоѓаме пред нов изразен циклон кој го носи името АЛЕКСЕЈ.

Веќе знаеме дека овој викенд циклонот АЛЕКСЕЈ ќе услови засилен, локално СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец кој локално ќе достигнува брзина од над 80 км/час.

Со оглед на тоа особено нивото на Охридското Езеро е многу блиску до излевање и истото е екстремно високо ветерот од јужен и од југозападен правец кој ќе дува овој викенд токму во Охридско – Струшкиот регион можно е да услови нови локални поплавување на објектите кои се навлезени во езерото или кој се наоѓаат многу блиску до езерото.

Мора да напоменеме дека силното јужно и југозападно струење овој викенд ќе услови транспорт на прашина и песок од Сахара.

Во сабота ќе има повеќе облачност во текот на денот која ќе биде предзнак на циклонот АЛЕКСЕЈ.

Овој циклон освен засилен ветер во вечерните часови во сабота како и во текот на ноќта кон недела ќе услови ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд во западните предели додека снег ќе паѓа само на високите планини.

Во недела во раните утрински часови врнежите ќе се прошират речиси насекаде додека во недела во текот на денот истите ќе бидат полокализирани или изолирани.

Како ќе поминува АЛЕКСЕЈ над нашата држава така има услови за поретка појава на нестабилност проследена со грмежи.

Најинтензивни врнежи ќе има сепак на запад каде ќе наврнат над 20 л/м2 за кратко време.

НАПОМЕНА: Поради поинтензивните врнежи но и поради забрзаното топење на снегот за време на овој викенд можно е и локално излевање на некои водотеци низ државава особено на запад каде врнежите ќе бидат најинтензивни па затоа КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

Во сабота останува доста топло време со максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени додека во недела особено на запад ќе бележат пад за околу 8 степени и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени додека во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачуваат во интервалот некаде од 16 до 20 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

32 Прегледи

ПОПОСКИ: ДОАЃА АЛЕКСЕЈ: ЗАСИЛЕН ДО СИЛЕН ВЕТЕР, ВРНЕЖИ И ТОПЕЊЕ НА СНЕГОТ! ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД ЛОКАЛНИ ПОПЛАВИ

Почитувани граѓани како што претходно најавивме за време на викендот кој доаѓа територијата на нашата држава ќе виде зафатена од нова циклонска активност и циклон, името на циклонот е АЛЕКСЕЈ.

Овој циклон со себе ќе донесе најпрвин засилен до силен ветер од јужен и од југозападен правец и истиот локално ќе достигнува брзина од над 80 км/час.

Во сабота облачноста ќе се зголемува а навечер и во текот на ноќта кон денот недела најпрвин на запад и северозапад а потоа и насекаде низ државава ќе има врнежи од дожд а со поминување на овој циклон над нашата држава не се исклучува можноста да дојде до конвективен развој на облаци кој би условиле нестабилност проследена со поинтензивни врнежи и грмежи а не се исклучува и можноста за редок град.

Врнежите ќе продолжат и во денот недела но ќе биде посвежо со што на планините ќе има врнежи од снег.

Врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ но сепак НАЈИНТЕНЗИВНИ ќе бидат на запад каде локално за време на овој циклон ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог.

НАПОМЕНА: Поради ветерот кој доста ќе го имаме овој викенд добро би било да внимавате каде се движете и каде ги ставате вашите возила односно истите да не бидат во близина или под дрвја за да не дојде до евентуална несакана ситуација.

Исто така поради ветерот но и поради многу високото ниво на езерата во државава не се исклучува можноста за поплавување на објектите кои се навлезени во езерата и тоа особено на Охридското Езеро кое денес и се излеа а секако локално излевање е можно и на реките и на речните корита поради брзото топење на снегот на планините кое ќе го има до сабота но и поради ПОИНТЕНЗИВНИТЕ врнежи кој овој викенд ќе ги донесе циклонот АЛЕКСЕЈ.

Нови и обновени анализи очекувајте во текот на утрешниот четврточен ден.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

49 Прегледи

НАЈАВА ЗА ПРЕОДНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ!

За време на викендот кој ни доаѓа ќе имаме релативно брза и преодна промена на временската состојба кај нас.

Станува збор за циклонска активност која во сабота од доцните попладневни часови како и навечер најпрвин на северозапад и запад ќе услови врнежи од дожд а во текот на ноќта кон денот недела врнежите ќе се прошират насекаде низ државава.

Како ќе поминува оваа циклонска активност над нашата држава така ќе има услови и за локална нестабилност проследена со грмежи.

Најинтензивни врнежите ќе бидат на запад каде локално ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог додека снег ќе врне само на повисоките планински места.

Ќе дува ЗАСИЛЕН до СИЛЕН ветер од југозападен и јужен правец па токму поради ваквата ситуација и доста ветровитото време добро би било да внимавате.

Максималните дневни температури на воздухот во сабота ќе се искачат во интервалот од 16 до 22 степени додека во недела циклонската активност ќе ги спушти температурите но не премногу па така во недела максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени на крајниот југоисток од државава.

Веќе од понеделник ќе продолжи периодот на стабилно, суво и топло време.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

30 Прегледи

ВРЕМЕНСКА АНАЛИЗА: Вторник ПОСЛЕДЕН нестабилен ден!

Почитувани граѓани утрешниот ден (вторник) ќе биде последен нестабилен ден од овој многу долг нестабилен период кој е веќе зад нас, по што веќе од среда па натаму следуваат неколку денови со постабилно, посончево и значително потопло пролетно време.

Утре (вторник) времето во нашата држава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди но и со локални врнежи од дожд со послаб интензитет додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

 

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ

24 Прегледи

ЖАЛНО: ЦИКЛОНОТ ДИМИТАР ЗАМРЗНА СЕ – ПОГЛЕДНЕТЕ

Почитувани граѓани како што и претходно беше најавено циклонот ДИМИТАР кој во изминатите неколку денови ја зафати нашата држава услови врнежи од снег и формирање на бела покривка во поголем дел од нашата држава.

Истиот со склоп на значително постудената воздушна маса од Арктикот услови и сеуште условува невообичаено ниски температури на воздухот кој на повеќе места во текот на изминатата ноќ услови негативни температури на воздухот па така токму поради ова продолжи понатамошното замрзнување на овошките на кој сигурно им е нанесена штета.

На следните неколку фотографии можете да ја погледнете штетата и замрзнатите овошки кој ги предизвика циклонот ДИМИТАР во склоп со студената воздушна маса од Арктикот:

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

 

 

72 Прегледи

УШТЕ ПОГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ: РЕЧИСИ НАСЕКАДЕ ДОЖДОТ ЌЕ ПОМИНЕ ВО СНЕГ!

Дождот и лапавицата која ја имавме во текот на денешниот петочен ден поради уште поголемото заладување и поради понатамошното спуштање на студениот воздух од Арктикот постепено речиси насекаде ќе помине во снег со исклучок на крајниот југоисток каде ќе врне оретежно дожд.

Врнежите ќе бидат со слаб до умерен, понекаде повремено со умерен интензитет па токму поради ова и снежната покривка ќе се зголемува.

Сето ова ќе биде проследено со северен ветер кој особено Долж Повардарието ќе се засилува по интензитет.

Температурите на воздухот ќе бидат во континуирано значително опаѓање и истите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степен додека на планините истите ќе се спуштаат дури до околу па и под -10 степени.

Да напоменеме уште еднашка дека ова МНОГУ ЛОШО ќе влијае врз земјоделските култури кој се во фаза на будење односно во фаза на расцветување.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

37 Прегледи