МНОГУ ПОУЧНО: МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ ОТКРИВА КАКО НАСТАНУВА ПРИРОДНИОТ ФЕНОМЕН ВОДЕНА БОМБА

Така наречената Водена Бомба настанува и се развива кога атмосферата е многу нестабилна исто така за оваа појава воздушниот притисок треба да биде низок што значи оваа метеоролошка појава настанува кога има циклонски период. Облаците се толку моќни и олујни што освен поројни врнежи од дожд секако и силни ветришта проследени со силни грмежи и град може да предизвикаат и големи материјални штети и поплави а недај Боже може да доведе и до човечки жртви.

Сепак оваа метеоролошка појава кај нас во Македонија е многу ретка појава но секако дека може да настане кога атмосферата горе е многу нестабилна. Инаку до дестабилизирање на времето и атмосферата доаѓа кога времето е сончево и многу топло со температури од околу или над 30°C, тогаш поради силното здрачење на сонцето атмосферата се загрева од сончевите зради и токму ова предизвикува дестабилизирање на атмосферата и појава на врнежи и грмежи и секако невреме со град.

Затоа во летниот период во претпладневните часови времето е претежно стабилно и многу топло додека во попладневните часови доаѓа до дестабилизирање на атмосферата и развој на олујни облаци кои со себе носат облилни поројни врнежи од дожд, грмежи, силни ветришта и град.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.