ЗАНИМЛИВО: КАКО ИЗГЛЕДА ВНАТРЕШНОСТА НА ПОТОНАТАТА ЦРКВА СВЕТИ НИКОЛА ВО МАВРОВО

Маврово во Македонија изобилува со природна убавина од која застанува здивот, а овој национален парк, во текот на целата година го посетуваат домашни и странски туристи. Ски патеките во Маврово исто така се популарни, а овој парк нуди и многу повеќе од тоа. Особено се издвојува црквата која полека ја откри својата скриена убавина и тајна.

Едно од важните обележја кое привлекува внимание речиси за секој посетител е напуштена и потопена црква „Свети Никола“ од 1856 година, која се наоѓа во езерото Маврово.

За жал поради изградбата на хидро-системот „Маврово“, оваа е црква е потопена во 1956 година.Некои туристи биле во можност да стигнат до брегот и да ја видат црквата, а само некои имаа можност да влезат во неа, и да видат како сега изгледа.

За среќа, покекогашОвие нивото на водата во Маврово се намалува, а со самото тоа луѓето имаат можност да влезат во црквата и да го погледнат еден од најубавите храмови.

„Постојано доаѓаат туристи кои сакат да влезат во црквата, но тоа може само кога водата ќе се повлече. На почетокот влегуваа само нуркачи“, вели еден соговорник во Маврово.

Црквата се најде и во престижното списание „Хафингтон пост“, каде е прогласена за една од најголемите напуштени цркви на светот.
Во последните неколку години покренати се иницијативи за обновување на истата.

Неодамна претставен е проект за одржување, рестаурација, и заштита на црквата „Свети Никола“, што е дело на студиите „Театрикс“ од Скопје.
Објектот треба да биде поправен и заштитен како дел од архитектонското и културно наследство. Црквата би требало да го сочува својот првобитен облик и да ја обнови кровната конструкција.

Според пописот на жителите во 2002 година, Маврово има 166 жители. Од нив 98 % се етнички Македонци, а останатите се Срби. Повеќето се од православна вероисповед.

Видео:

https://www.youtube.com/watch?v=Hm2dRY6h570

Извор: Скопје24.мк!

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.