НАЈНОВА ВОНРЕДНА БИОМЕТЕОРОЛОШКА ПРОГНОЗА НА МЕТЕОРОЛОГОТ СЛАВЧО ПОПОСКИ

Почитувани граѓани со оглед на тоа дека полека но сигурно ни доаѓа циклонот ХЕКТОР метеопатите веќе го чувствуваат тоа по своето здравје што значи кај истите веќе се јавуваат тегоби поврзани со временската промена која што следува и ќе ја почувствуваме веќе утре (петок).

Сепак биометеоролошките услови и понатаму ќе се вложуваат особено утре (петок) како и во сабота и тоа поради силното јужно и југозападно воздушно струење но и поради релативно високата влажност во воздухот која ќе услови многу тешко, мачно и релативно спарно време па така температурите кој ќе се мерат ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.

Исто така од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок од Сахара што значи дождот кој ќе го има ќе биде помешан со прашина и со песок.

Метеопатите но и некој од обичните граѓани ќе почувствуваат поголеми здравствени проблеми како што се: Болки во коските и на местата од старите рани, тежина во главата и телото, главоболка, повремена нервоза а можна е и несоница.

На граѓаните ги советуваме да се држат на препораките од своите лекари.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!