АНАЛИЗА НА МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ: ДАЛИ ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД ПОПЛАВИ ВО МАКЕДОНИЈА?!

Почитувани се наоѓаме во еден таков период во кој врнежите се многу чести а овој период ќе продолжи и натаму што значи дека и натаму треба да очекуваме многу чести врнежи.

Од друга страна пак поради невообичаено високите температури на воздухот кој ги имаме овие денови започна интензивно топење на снежната покривка и на највисоките планински предели од државава па токму поради ова нивоата на езерата во државава особено на Охридското езеро е многу зголемено и моментално се наоѓа на три сантиметри од критичната кота.

Со оглед на тоа дека врнежите продолжуваат како што напоменавме и погоре во текстот растат условите з апонатамошно зголемување на нивоата на езерата како и на рекит еи на речните корита и водотеци низ државава па токму поради ова не се исклучува можноста и за нивно локално излевање кое би можело да услови локално поплавување иако да се надеваме дека до ова нема да дојде.

Од друга страна пак од средината на следната недела на видик има студен бран кој би се спуштил од север и би условил врнежи од дожд и снег па така ако оваа ситуација и развој на времето продолжи токму како сега ќе треба да издадеме и вонредна временска прогноза за земјоделците поради опасност од мразеви кој би можеле многу лошо да влијаат врз земјоделските култури.

Метеомакс КОНТИНУИРАНО ќе ја следи состојбата на времето и ќе ве информира за секоја ново – настаната временска ситуација.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

33 Прегледи