СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАТИ ОХРИД: ВЕТЕР СО БРЗИНА ОД 100 КМ/ЧАС НОСИ СЕ ПРЕД СЕБЕ (ИМА ШТЕТИ)

Циклонот ХЕКТОР попладнево влијае на времето во државава.

Охридскиот регион е зафатен од големо невреме проследено со оркански ветришта со брзина до 100 км/час. Овие ветришта направија и доста проблеми.

Има паднати дрвја а оштетен е и еден автомобил кој се наоѓал во близина на бор кој попладнево поради силниот ветер паднал. Сето ова се случува во населбата Христо Узунов.

Освен тоа паѓаат и лимени покриви а забележан е пад и на скеле.

За среќа повредени минувачи нема.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: На граѓаните ги предупредуваме КРАЈНО ДА ВНИМАВААТ и да внимаваат каде се движат а своите автомобили да ги ставаат понастрана од дрвјата со цел да не дојде до некоја нова штета или недај Боже до загрозување на животот на граѓаните.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

36 Прегледи