ТЕМА ЗДРАВЈЕ: ЛЕК КОЈ МОЖЕ ДА ПОБЕДИ МНОГУ БОЛЕСТИ

Досегашните истражувања покажале дека ѓумбирот ја поттикнува работата на дигестивниот систем, ги ублажува симтомите на астма и помага при превенција од кардиоваскуларни болести.

Чајот од ѓумбир е делотворен во борбата против главоболка, грип и настинка. Одличен е за ублажување на болките и напнатоста во мускулите.

Консумацијата на чај од ѓумбир може да го зајакне имуниот систем, а сè благодарение на антиоксидансите.

Чајот од ѓумбир ја подобрува циркулацијата во крвта. Подобрата циркулација на крвта значи подобар доток на витамини, минерали и кислород во секоја клетка на вашето тело.

Чајот од ѓумбир учествува во уништувањето на вируси кои предизвикуваат настинка и грип.

Со оваа напивка ќе поттикнете елиминација на токсини, процес на чистење на црниот дроб и ќе ја подобрите неговата работа.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Извор: Скопје24.мк!