АНАЛИЗА НА МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ: НА МЕСТОТО ОД ПРОЛЕТТА ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА И СНЕГ!

На денешниот прв вторнички ден од пролетта сеуште ќе имаме релативно топло време иако претежно на запад ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег на планините. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.

Утре (среда) ДИМИТАР ќе донесе нови врнежи од дожд додека на планините ќе паѓа снег каде ќе продолжи понатамошното зголемување на снежната покривка додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени доеена во југоисточните предели не се исклучува можноста температурите на воздухот да се искачат до околу 20 степени а исто така ова важи и за централните предели на државава.

Од утрешната ноќ кон четврток ќе започне да продира студениот воздух од Арктикот па така ќе започне спуштање на снежната граница па така веќе во четврток врнежите од дожд постепено ќе поминуваат во врнежи од снег и на пониските места најпрвин во северните и во северозападните предели од државава а до навечер и во текот на ноќта кон денот петок врнежи од снег ќе има во поголем дел од државава каде ќе се формира и снежна покривка додека на повисоките места и на планините истата ЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми и тоа некаде за 30 до 50 цм а на високите планини и преку 50 – 60 цм.

Врнежи претежно од дожд ќе се задржат на југоистокот од државава а сето ова ќе биде проследено со умерен, на некои места засилен ветер од северен правец додека денес (вторник) и утре (среда) добро е да напоменеме дека ќе дува западен и југозападен ветер со умерен до засилен интензитет и тоа особено утре (среда) кога локално повремено ќе биде и СИЛЕН по интензитет.

Во четврток и во петок ќе биде невообичаено студено за овој дел од годината кога максималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 6 степени додека на крајниот југоисток истите ќе се искачуваат до околу 10 степени.

Минималните температури на воздухот на многу места ќе бидат во негатива со што поради ваквата ситуација од наша страна за земјоделците ќе биде објавено ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ околу тоа навремено да ги заштитат своите земјоделски култури.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!