КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ: ДИМИТАР ГИ ЗАПОЧНУВА СНЕЖНИТЕ ВРНЕЖИ!

Како што најавивме од денес (среда) нашата држава е под влијание на новиот цикло ДИМИТАР.

Во текот на денешното претпладне снег врне на скијачките центри Попова Шапка, Маврово, на планинските превои Стража и Ѓавато но и на многу планински места со ндморска височина од над 1000 метри.

Поради ваквата ситуација на возачите ги советуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да возат со намалена брзина.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ПЛАНИНАРИТЕ: Во текот на следниот период планинарите да избегнуваат искачување на сите планински врвови во државава како и било каква прошетка низ повисоките планини од државава и секако да не се оддалечуваат од своите викендички со цел да не дојде до некоја несакана ситуација.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

77 Прегледи