МАКЕДОНИЈА ПОБЕЛЕ! ЦИКЛОНОТ ДИМИТАР ДОНЕСЕ ПРОЛЕТЕН СНЕГ

Циклонот димитар како што претходно најавивме во текот на оваа измината ноќ во поголем дел од државава услови врнежи од снег и формирање на потенка снежна покривка.

Снег врне во северната половина на државава како и на запад и југозапад а сето ова е проследено со умерен северен и североисточен ветер кој повремено се засилува по интензитет.

На скијачките центри Попова Шапка и Маврово веќе значително е зголемена белата покривка додека температурите на воздухот на повеќе места се спуштени до околу па и под нулата.

Да напоменеме дека снегот и невообичаено ниските температури за овој дел од годината МНОГУ ЛОШО ќе влијаат врз земјоделските култури.

Снег врне и во главниот град Скопје каде локално е формирана потенка снежна покривка.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!